Post Views: 13
На 27.07.2021 во СВР Охрид, приведен е М.П.(24) од Прилеп кај кого во Авто кампот „Градиште” во Охрид, пронајдена е марихуана. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.П.(30) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без лиценца”. При контрола извршена на 06.07.2021 година на булеварот „Туристичка” во Охрид, полициските службеници констатирале дека тој врши такси превоз на патници без да поседува соодветна лиценца издадена од надлежен орган.
Поради...
Post Views: 1
За три месеци од годинава охриѓани побарале одговор на 12 барања користејќи го Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер
„Најголем број од нив се однесуваат од областа на урбанзимнот, финансиите и јавните набавки. На барателите позитивно е одговорено и нема жалбени постапки, “укажува портпаролот на општина Охрид Томе Џамтоски.
Процентуално бројот на поставените прашања од ова тромесечие се совпаѓа со тромесечието од минатата година, напоменува Џамтоски. Подвлекува дека во 2015 година законското право до слободен пристап до информации од...
Post Views: 0
Новинарите од британскиот јавен сервис Би-Би-Си ноќеска на полноќ почнаа 24-часовен штрајк поради планот за масовно отпуштање на работници.
Штрајкувачите одговорија на повикот на Националното здружение на новинари, откако пропаднаа преговорите за преквалификација на 30 вработени, на кои сега им се заканува отказ.
Од 2004 година во Би-Би-Си бројот на работни места е намален за 7.000, а до 2017 се планира укинување на уште 2.000 работни позиции.
Членовите на Националното здружение на новинари реагираат со цел да се задржат работните позиции и квалитетот на јавниот сервис,...
Post Views: 8
Врз основа на член 5 од Правилникот за условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на општина Дебрца за субвенционирање на физички лица за купен велосипед во 2021 година, број 01-1297/1, од 20.07.2021 година и Годишната програма за развој на спортот во општина Дебрца за 2021 година ( „Службен гласник на општина Дебрца”, број 12/20 ) се објавува следниот :
ЈАВЕН ПОВИК
За субвенционирање на граѓаните на општина Дебрца за купување велосипед во 2021 година
Опис на јавниот повик
1.1. Општина Дебрца, со цел да ги стимулира жителите на општината...
Post Views: 4
Државниот завод за статистика објавува јавен конкурс за ангажирање на лица кои ќе учествуваат во спроведувањето на Пописот на населението.
Врз основа на член 7 од Правилникот за утврдување на начинот и поблиските услови за именување на членови на комисиите за пописните реони и селекција и избор на реонските попишувачи и реонските инструктори, Државниот завод за статистика објавува јавен конкурс за ангажирање на лица кои ќе учествуваат во спроведувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година во периодот од 05-30.09.2021...
Post Views: 9
Најголемиот туристички центар, конечно ќе добие јавни тоалети. Долги години се зборува на оваа тема, а туристичките водичи се најгласни во барањето да се реши овој проблем. Мирјана Лозаноска од Центарот за развој на Југозападниот плански регион, обелоденува дека за 2016 година, за националниот буџет доставиле 6 регионални проекти, кои биле составен дел на приоритетната листа, усвоена од Советот за развој, кој го сочинуваат градоначалниците. Проектите биле позитивно оценети а во моментов само за два од нив биле одобрени финансиски средства. Еден од нив е поставувањето...
Post Views: 3
Министерството за транспорт и врски објави јавниот оглас за прибирање на идејни решенија за изградба на градската марина во Охрид. Во огласот, Министерството бара идејни решенија за двете можни опции односно изградба на потполно нова марина во близина на каналот Студенчишта, или пак надградба на градското пристаниште со потребните елементи како истото би прераснало во марина. Капетанот на Капетанијата на пристаништата на Република Македонија, Горан Устијаноски, кој воедно е член и на жири комисијата која ќе ги оценува идејните решенија кои ќе пристигнат на конкурсот...
Post Views: 4
Летната тераса на поранешниот објект на пицеријата Немо, на спојката помеѓу улиците Цар Самоил и Коста Абраш повеќе од година дена не работи, но урбаната опрема сеуште на истата локација.
Овој факт недвосмислено го наметнува прашањето дали локалната самоуправа добива некаков надомест за поставената урбана опрема од сопственикот на истата со оглед на тоа што просторот е узурпиран иако објектот веќе не работи. Дрвената конструкција оградена со најлони служеше како летна тераса до пред околу две години за потребите на угостителскиот објект Де Лаго , кој пак беше сместен...
Post Views: 6
Општина Дебрца ги повикува граѓаните кои имаат материјални штети на земјоделските култури предизвикани од атмосферската непогода –град која ја зафати територијата на општината во деновите: 09 и 10 Јули 2021 година да ја пријават штетата на своите култури до Комисијата за проценка на штети на општина Дебрца.
Барањето за пријавување на штета на земјоделските култури може да се преземе на од веб страната на debrca.gov.mk и пополнето со бараните податоци се доставува до архивата на општина Дебрца.
Покрај барањето секој барател треба да достави:
копие од лична карта со изјава...
Post Views: 6
На 11.07.2021 година во 03,10 часот, во казино лоцирано на улицата „Абас Емин” во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Т.Р.(30) од Охрид врз Н.М.(41), работник на обезбедување во објектот. Напаѓачот е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 11.07.2021 година во 01,30 часот, во авто кампот „Градиште” во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со тепачка помеѓу М.Ј.(20) и неговиот брат Ф.Ј.(26), двајцата од Битола. Против двајцата, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.
На 10.07.2021 година во СВР Охрид, пријавен...
Post Views: 0
Врз основа на Одлуката за вршење општински линиски превоз на патници во Општина Охрид бр. 08-7951/10 донесена од општинскиот Совет на ден 11.06.2015 година, објавен е јавен оглас за добивање на дозвола за вршење на општински линиски превоз на патници во Општина Охрид.
Подетални информации на следниот линк:
https://ohrid.gov.mk/%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b5%d0%bd-%d0%be%d0%b3%d0%bb%d0%b0%d1%81-%d0%b1%d1%80-03-2021-%d0%b7%d0%b0-%d0%b4%d0%be%d0%b1%d0%b8%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d0%b4%d0%be%d0%b7%d0%b2%d0%be%d0%bb%d0%b0/
Post Views: 4
Охридските земјоделци може да закупат државно земјоделско земјиште на еден јавен оглас и два повици кои ги објави ресорното министерство. На јавниот оглас се издаваат површини во селата Свиништа и Мешеишта. Во Свиништа под наем ќе се издаваат две површина од 5792 метри квадратни и три парцели од 4285 метри квадратни во Мешеишта. Цената на закупнина за овој јавен оглас ќе се одредува според катастарската класа на земјиштето. Јавните повици пак, до 3 и над 3 хектари се со цел земјоделците да ја регулираат сопственоста на земјоделските површини кои веќе ги користат....