Post Views: 2
Шпанскиот премиер Мариано Рахој изјави дека нема да дозволи ниту еден референдум, чиј резултати ќе ги доведе под сомнеж територијалната целост и суверенитет на земјата, вклучувајќи го и прашањето за независност на автономната област Каталонија.
„Државата е подготвена за секакви сценарија на развој на настаните. Законот ќе биде почитуван. Нема да има референдум, кој ќе го доведе под знак прашалник суверенитетот на шпанскиот народ. Додека јас сум премиер ниту една шпанска територија нема да добие независност“ – рече Рахој.
Тој вети дека ќе работи на „зајакнување на врските...
Post Views: 4
Комплетната архива на Алберт Ајштајн од лични писма до љубовниците до записи од револуционерни истражувања првпат во целост ќе биде објавен на интернет.
Хербејскиот универзитет во Ерусалим, сопственик на документацијата на овој германски физичар од еврејско потекло, ќе ги објави записите за контрола на климатските услови. Записите ќе се фотографираат во висока резолуција и ќе се постават на интернет. Со тоа јавноста ќе може да стекне целосна слика за Ајнштајн.
Од 2003 година на интернет поставени се само 900 снимки оригинален ракопис, што е околу половина од архивата...
Post Views: 4
На точно 100 дена до почетокот на Светското првенство во фудбал работите и не се одвиваат баш според планот во Бразил.
Поточно, Бразил како домаќин далеку ги пречекори роковите зададени од страна на Меѓународната фудбалска организација, нешто што само по себе ја повлекува загриженоста за тоа дали сè ќе успее да се заврши и тестира до почетокот на Мундијалот.ФИФА од Бразил побара сите 12 стадиони на кои ќе се игра СП да бидат готови до крајот на декември минатата година со цел да има доволно време тие да бидат тестирани.
Стадионот во Сао Пауло, каде што треба да се одигра...
Post Views: 6
Серија различни текстови во прилог на иста видео снимка се појавија на повеќе дигитални медиуми, на кои заеднички именител им е констатирање и коментирање, со инсинуирање на вмешаноста на Радмина Шекеринска, актуелната министерка за одбрана и носистел на листата во Изборната единица број пет, од коалицијата „Можеме“.
Го реценцираме текстот на vecer.mk, насловен :„Боки по дома со другарките Катица и Радмила (фото+видео)“, во кој сајтот информира дека на социјалните мрежи се појави фотографија и видео на неправосилно осудениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки...
Post Views: 0
Комплетирањето на тротоарите на овие две улици догодина ќе биде дел од програмата на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици.
Пред три години локалната самоуправа ги уреди тротоарите од едната страна на двете многу фрекфентни улици во градов, улиците „АСНОМ“ и „Сирма Војвода“. Со овие зафати делумно беше решен проблемот со безбедноста на пешаците кој беше навистина сериозен поради фрекфентноста особено на улицата „АСНОМ“. Со завршувањето на изградбата на станбениот комплекс на оваа улица беа завршени и дел од тротарите со што изведувачите си ги исполнија обврските....
Post Views: 4
Трговијата со луѓе постои. Секоја година повеќе од 700 000 илјади жени се жртви на трговците со луѓе. Без пари, тепана, измачувана, без документи, затворена и изолирана, без идентитет, купувана и продавана. Најчесто со ваков кошмар завршува еден сон на млада девојка која сака да успее во животот, несвесно влегувајќи во синџирот на едно од најголемите зла на денешницата, трговијата со луѓе. Застрашувачка е состојбата и во нашата земја. Ако Македонија некогаш беше транзит-земја низ која поминуваа жртвите на трговија со луѓе, денес нашата држава се претвори во земја на...
Post Views: 0
Секоја година според измените и дополнувањата за Законот за здравствена заштита, во буџетот на Македонија, влегуваат дел од средствата по основ наплата на акцизи на цигари, средства кои понатака треба да се издвојат за набавка на лекови за ретки болести. Меѓутоа иако од година во година се зголемува фондот на средствата за програмата за лекување на ретки болести, Владата и Министерството за здравство трошат помалку средства од наменетите, велат од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените ЕСЕ.
„Она што е важно да се каже е дека буџетот на програмата...
Post Views: 1
Струга, еден од највоспеаните градови во светската литература во Македонија, е прагот низ кој поминале илјадници поети, кои на илјадници јазици ги испеале своите поеми. Со музичката изведба на антологиската поема Т’га за југ, од страна на тенорот Благој Нацески и палењето на фестивалскиот оган, синоќа беше означен почетокот на 50-то јубилејно издание на фестивалот Струшки вечери на поезијата.
На свеченото отворање на манифестацијата кои се случи на Мостот на поезијата, беа прочитани и стихови од досегашни добитници на Златниот венец на поезијата како и од годинешниот...
Post Views: 0
Во охридските продавници генерално се почитува Законот за алкохолни пијалоци. Според овој закон после 19 часот во зимскиот период и после 21часот во лето, не смее да се продаваат алкохолни пијалоци. Ѓорѓи Бошалевски, раководителот на подрачната единица на пазарниот инспекторат вели дека во големите маркети во целост се почитува овој закон, но помалите продавници и малските дуќанчиња знаат да направат пропусти.
Во некои продавници не дека се продава алкохол по дозволеното време, туку сопствениците или продавачите дозволиле слободен пристап до фрижидерот со алкохолни...
Post Views: 28
Во тек е реализацијата на проектот за целосна конзервација, реставрација и презентација на ранохристијанската базилика кај Св. Еразмо (IV-V век), информираат од Завод и Музеј Охрид.
Во првата фаза е извршено расчистување на просторот со што се овозможија услови за спроведување на конзерваторски истражувања и изработка на Елаборат за поставување на кровна конструкција над целата базилика. Проектот го раководи д.и.а. Анита П. Танеска, виш конзерватор за архитектура од Завод и Музеј – Охрид.
Post Views: 2
Преносната мрежа со која управува и оперира МЕПСО е целосно функционална и сите точки на прием на дистрибутивниот систем-оператор се снабдени со електрична енергија и се под напон.
Националниот електропреносен систем функционира оптимално и сите над 50 трансформаторски станици приклучени на преносната мрежа се под напон и се снабдуваат со електрична енергија. Во целост ги отфрламе како невистинити шпекулациите дека МЕПСО денеска имал проблеми во снабдувањето со електрична енергија кои беа изнесени во некои од медиумите.
Стручните лица од МЕПСО максимално посветено...
Post Views: 5
Студијата за гасификација на Македонија презентирана пред градоначалниците на деветте општини членки на Југозападниот плански регион. Целта на студијата е да се разгледа изводливоста во секое населено место, да се спроведе овој проект што на граѓаните би им овозможил нов енергетски систем, поквалитетен, еколошки почист и далеку поевтин. Изработувач на физибилити студијата е фирмата „Гасификација Инжињеринг“ од Скопје.
„Во моментов физибилити студијата е во припремна фаза на собирање на податоци и координација на локалните самоуправи преку центрите за југозападен плански...