Алберт Ајнштајн онлајн

Комплетната архива на Алберт Ајштајн од лични писма до љубовниците до записи од револуционерни истражувања првпат во целост ќе биде објавен на интернет.

 |   | 
einstein arhiva
Ајнштајн архива

Комплетната архива на Алберт Ајштајн од лични писма до љубовниците до записи од револуционерни истражувања првпат во целост ќе биде објавен на интернет.

Хербејскиот универзитет во Ерусалим, сопственик на документацијата на овој германски физичар од еврејско потекло, ќе ги објави записите за контрола на климатските услови. Записите ќе се фотографираат во висока резолуција и ќе се постават на интернет. Со тоа јавноста ќе може да стекне целосна слика за Ајнштајн.

Од 2003 година на интернет поставени се само 900 снимки оригинален ракопис, што е околу половина од архивата на Ајнштајн. Сега со помош на Британската Фондација, која работеше и на дигитализација на хартиите на Исак Њутон, сите 80.000 записи од колекцијата на Ајнштајн ќе бидат каталогизирани.

einstein arhiva

Освежениот веб портал кој денеска е претставен содржи се од архивата на Ајнштајн, а истражувачите можат да добијат пристап до документите за кои до сега ниту знаеле дека постојат.

– Знаењето не е во криење, туку во отвореноста, изјави претседателот на Хебрејскиот универзитет.

Ајнштајн, добитник на Нобеловата награда за физика чија теорија за релативноста е основа на современата наука, беше еден од оснивачите на овој Хебрејскиот универзитет. Својата архива тој ја ветил на оваа Универзитетот, што е преземена по неговата смрт во 1955 година.

Порталот моментално нуди увид во првите две илијади документи на седум илјади страници кои го покриваат личниот и професионалниот живот на Ајнштајн до 1921 година. Во следните години архивата постепено ќе се зголемува.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top