Post Views: 13
„Кабаре мистериозо“, комедијата на Дарио Фо е претставата со која Охридскиот народен театар ја започнува својата редовна програма. Претставата има интерактивен карактер во кој самата публика станува дел од актерската екипа. „Кабаре мистериозо“ изобилува со игра и песна, а дијалектички е прилагодена на охридското поднебје, нешто што и самиот автор на претставата го поставува како совет до сите изведувачи. Премиерната изведба на оваа претстава на Охридско лето на сцената кај Света Софија, предизвика и серија реакции кај публиката, во кои претставата дури беше окарактеризирана...
Post Views: 8
Со претставата „Медеја“ која вечерва на сцената на Античкиот театар премиерно ќе ја изведе Битолскиот народен театар, завршува 51. издание на фестивалот „Охридско лето“.
Претставата е во режија на Нада Кокотовиќ од Хрватска, која вели дека е особена чест што една реномираната манифестација како што е „Охридско лето“ ќе биде затворена со проектот што таа го работи со Битолскиот народен театар.
Во улога на Медеја ќе настапи Јулијана Мирчевска. Дел од артистичката екипа се и Здравко Стојмиров, Соња Михајлова, Христина Христова, Митко С. Апостоловски, Валентина Грамосли,...
Post Views: 1
Охридскиот театар со својата втора премеира, премирно на Охридско лето. „Ова е голем ден за Охридско лето и новоформираниот Охридски театар и голем ден за македонската уметност, затоа што во 50 тите години се случи затворање на театарската куќа во Охрид, што значеше погубен чин и за градот и за македонската за татараската уметност. Кога ќе се отвори театар, се отвота куќа на уметност, волшебства… Тоа му се случи на Охрид со возобнувањето на Охридскиот тетар“, истакна драмскиот селектор на Охридско лето Ѓорѓи Јолески.
„ Прв пат во историјата на Охридско Лето по 51 година...
Post Views: 9
Спортски спектакл, реално шоу ќе се снима во Охрид. Во наредните две недели 18 фајтери и 5 капетанки преку гладијаторски борби ќе се трудат да ја освојат главната награда на организаторот од 30 илјади долари.
Освен класичните натпревари во кик-бокс меѓу учениците од Соединетите Американски држави, Колумбија, Канада и европските земји, шоуто ќе биде збогатено со дополнителни содржини, како задачи за натпреварувачите. Ќе има трчање по угорнина до селото Велестово, некои натпреварите ќе се одвиваат на плажата Куба Либре, а дел од натпреварите ќе се одиграат на Античкиот...
Post Views: 8
Охридската публика е жедна за култура. Дури и најмладите охриѓани го покажаа тоа, кога во рамките на „Охридско лето“ гостуваше Театарот за деца и младинци, со претставата „Алиса во земјата на чудата“. Па така, предворјето на Света Софија, беше претесно да ја собере најмладата публика која во огромен број беше распослана до самата сцена. Повеќе од еден час тие заедно со своите родители уживаа во прекрасната изведба на актерите. Директорот на гостинскиот театар Драган Довлев најави дека нивниот театар повторно ќе гостува во Охрид со некоја од детските претстави.
Довлев...
Post Views: 8
Вака изгледаше вчера античкиот театар, еден од најрепрезентативните културно историски објекти во нашиот град. Оваа ужасна глетка остана после одржаниот концерт на „Токсикологија“. Организаторите сметот го исчистија дури еден ден потоа.
Дали во екот на туристичката сезона и во викенд, кога посетеноста на Охрид е најголема, домашните и странски туристи треба да го видат театарот во вакво издание. И дали ова уште еднаш укажува дека на Антички не треба да се одржуваат концерти од ваков карактер. Екот на сезоната носи плус, концертите, и секаквите некакви журки и забави...
Post Views: 0
„Свадбата на Фигаро“ премиерно пред охриѓани. Во рамките на фестивалот „Охридско лето“, синоќа на летната сцена Долни Сарај , Македонскиот народен театар премиерно ја изведе комедијата во режија на Леван Цуладѕе од Грузија.
Претставата предизвика голем интерес кај публиката, но не ќе сме ние македонци ако се протече онака како што треба. Или народски „не е свадба ако нема забелешки“.
Прво пред самиот почеток на премиерата на влезот се создаде непотребен метеж поради тоа што поединци на Долни сарај пристигнаа со своите автомобили. Меѓу нив секако и новопечениот директор...
Post Views: 2
„Музиката започнува онаму каде што говорот завршува“. Со овие зборови на Де Ла Мартин, покровителот на реномираната светска манифестација „Охридско лето“, претседателот на Р.Македонија, Ѓорге Иванов, го прогласи фестивалот за отворен. Иванов рече дека вистинска чест е да се биде покровител на фестивал кој во континуитет ја промовира врвната европска и светска култура во срцето на древниот Охрид. Додаде, дека од синоќа, сите патишта на сценската, вокалната и музичката уметност водат кон Охрид.
Иванов истакна дека годинава неговото задоволство е поголемо, бидејќи отварањето...
Post Views: 9
И покрај фактот што сеуште нема трајно решение за позицијата директор на фестивалот Охридско лето, програмата ќе биде разновидна и ќе ги задоволи вкусовите на пребирливата публика, велат од дирекцијата на Фестивалот. Функцијата вршител на должност неодамна му беше доделена на Илија Мојсоски според кого неговото неодамнешно назначување на оваа функција, воопшто не влијаело на подготвувањето на програмата за овогодинешното Охридско лето. Тој сепак не ни одговори што би се случило доколку во рамките на тој краток период по неговото назначување би морале да менуваат некој...
Post Views: 1
Фестивалот „Разиграно оро“ од година во година се претвора во една од најмасовните манифестации во земјава. За овој тренд да продолжи и понатаму ќе се погрижат најавените 2500 учесници, кои претставуваат 60 ансамбли од 16 земји. Тие ќе бидат сместени во хотелите на охридската ривиера, почнувајќи од Амбасадор, па се до Десарет. Овогодинешното „Разиграно оро“ е подготвено, единствено го чека својот официјален почеток.
„Околу припремите како што реков веќе е завршено се. Програмата е на 1ви Јули пречекот, на 2ри е свеченото отворање. Годинава сакаме тоа да го направиме...
Post Views: 1
Австралиско македонски театар од Сиднеј, гостува во Охрид. Тие ќе ја изведат претставата Господин Балкан. Оваа драма е сведоштво за емоционалната траума на македонската нација каде се осветлува периодот во македонската историја, кога невини деца присилно се иселувани од своите домови од егејскиот дел на Македонија. Директорката на Центарот за култура „Григор Прличев“, Драгана Боцеска вели дека вратите на центарот се ширум отворени за гостите, актерите на австралиско македонскиот театар од Сиднеј, кои меѓу 8 те градови во Македонија решиле да се претстават и во Охрид.
Австралиско...
Post Views: 0
Охридскиот професионален театар ќе го роди своето првенче. Во петок тој пред охридската публика ќе ја одигра претставата „Метаморфози“ за која режисерот Андреј Цветановски вели дека е „фина комедија со горчлив вкус.“ Раководителот на Охридскиот театар, Горан Стојаноски со нетрпение ја очекува премиерата.
„Она што е многу битно е да се напомене дека животот театарски во Охрид нема да е веќе во хибернација, напротив ќе почнеме со премиерата на 3ти Јуни-„Метаморфози“, потоа оди „Одими-дојдими“ и на крајот од Јуни и средината на Август „Кабаре мистериозо“. Така да репертоарот...