Да се ослободиме од стравот на минатото

Вечерва во Центарот за култура ќе се изведува траги-комедијата „Господин Балкан“, во изведба на австралиско маледонскиот театар од Сиднеј. Тие по прв пат се во Охрид, но не и во земјава.

 |  Билјана Николоска  | 
Mr Balkan
Мр Балкан

presАвстралиско македонски театар од Сиднеј, гостува во Охрид. Тие ќе ја изведат претставата Господин Балкан. Оваа драма е сведоштво за емоционалната траума на македонската нација каде се осветлува периодот во македонската историја, кога невини деца присилно се иселувани од своите домови од егејскиот дел на Македонија. Директорката на Центарот за култура „Григор Прличев“, Драгана Боцеска вели дека вратите на центарот се ширум отворени за гостите, актерите на австралиско македонскиот театар од Сиднеј, кои меѓу 8 те градови во Македонија решиле да се претстават и во Охрид.

Австралиско македонскиот театар од Сиднеј, веќе две години функционира како добротворна општествена организација a опстојуваат со дотации и помош на македонската заедница. После 11 успешно изведени претстави на драмата „Господин Балкан“, во Австралија, се појавуваат во родната грутка,  Македонија. Коафторот на оваа траги – комедија Душан Ристевски кажа збор два за темата на оваа драма.

Постои голема соработка и комуникација на полето на културата помеѓу македонците кај и да се во светот, вели продуцентот Зоран Лазевски. Тој додава дека интернет технологијата прави чуда.

Актерите на австралиско македонскиот театар од Сиднеј, претежно се македонски иселеници од Битола, Скопје а има и актери кои се родени во Австралија. Настаните во драмата се случуваат за време на граѓанската војна во Грција. Поради македонската етничност на многу македонски деца не им било дозволено да се вратат во своите домови. Познато е дека само на оние кои ги присвоија грчките имиња и презимиња им беше дозволено да се вратат во родните места. Додека пак оние кои не се откажаа од своето име одбивајќи да се помират со оваа геноцидност, останаа во новите земји или се населија во Р. Македонија, Австралија, САД, Канада итн.

Господин Балкан е човекот кој се сеќава на траумата која што ја преживеал во детството, само што во зрелите години спомените и емоциите се многу појаки и достојни да се стават на хартија и да се изведат велат членовите на австралиско македонскито театар. Драмата е за сите генерации.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top