Најмладата охридска публика е жедна за театар

Доказ за тоа беше неодамнешната театарска претстава во изведба на Театарот за деца и младинци, „Алиса во земјата на чудата“, кога просторот на предворјето на Света Софија, беше претесен да ја собере најмладата охридска публика.

 |   | 

Охридската публика е жедна за култура. Дури и најмладите охриѓани го покажаа тоа, кога во рамките на „Охридско лето“ гостуваше Театарот за деца и младинци, со претставата „Алиса во земјата на чудата“. Па така, предворјето на Света Софија, беше претесно да ја собере најмладата публика која во огромен број беше распослана до самата сцена. Повеќе од еден час тие заедно со своите родители уживаа во прекрасната изведба на актерите. Директорот на гостинскиот театар Драган Довлев најави дека нивниот театар повторно ќе гостува во Охрид со некоја од детските претстави.

Довлев додаде дека се интензивира соработката со новоформираниот Охридски театар, а преговорите кои се однесуваат на гостувањата во Охрид се во тек. Претставата инаку е во режија на Александар Ивановски работена по текст на Васил Пујовски . Учествуваа актерите Марија Ѓорѓијовска, Предраг Павловски, Тања Кочовска, Катарина Илиевска, Винета Дамческа, Владимир Лазовски, Ана Левајковиќ и Драган Довлев.  Сценографијата и костимите се на Елена Дончева, графичкиот дизајн и сценографијата се на Кристина Јорданова, а музиката е на Љупчо Мирковски. Претставата имаше премиера во март годинава.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top