Tag: театар

Југословенскиот драмски театар вечерва на „Охридско лето“

Претпоследната вечер од годинешното 61-во издание на фестивалот „Охридско лето“ е резервирана за Југословенскиот драмски театар од Белград, Република Србија и тетарската претстава „Мојот маж“ од Румена Бужаровска, во режија на Јована Томиќ. На сцената „Долни Сарај“ од 21 часот ќе играат српските актерки Jована Беловиќ и Сања Mарковиќ. Румена Бужаровска во збирката раскази „Мојот маж“ создава портрети на различни жени, а поентата на нивната поврзаност е фактот дека мажите се централен фокус на нивните животи и постапки. Румена, создавајќи ги ликовите на нејзините хероини, храбро, грубо и духовито...

Continue reading

„Крик за љубов“ на народниот театар од Охрид вечер на „Охридско лето“

Народниот театар од Охрид вечер ќе настапи на „Охридско лето“ со претставата „Крик за љубов“ – комедија на карактери и љубовна приказна со романтичен крај. Текстот обработува две доминантни теми – театарот и љубовта. Режисерот на претставата Љупчо Ѓоргиевски појаснува дека во неа двајца актери, поранешни сопружници, се ангажирани во претстава да играат ликови на исто така двајца поранешни сопружници. Накратко, тоа е претстава за она што се случува пред претставата, односно за време на процесот на подготовка на една претстава, од распределбата на улогите, преку првата проба до пробата со костими...

Continue reading

Со „ Крик за љубов “ Народниот Театар од Охрид ќе одбележи 10 години постоење

На големата сцена при центарот за култура „ Григор Прличев “ во среда во 20 часот ќе биде одиграна претставата „ Крик за љубов“ под режисерската палка на Љупчо Ѓоргиевски. Претставата ќе се игра пред максимум 150 луѓе во публика што според протоколите за заштита од Ковид – 19 е 30 проценти од вкупниот капацитет на салата. Директорот Горан Симоноски ја покана публиката да ја проследи премиерата и напомена дека ќе бидат запазени сите протоколи за заштита од корона вирусот . „Ова е еден од двата проекти добиени од министерството за култура, театарски проект, се работи за претставата „ Крик за...

Continue reading

Народниот театар од Охрид одбележува јубилеј десетгодишнина од неговото формирање

Охридските актери во овој момент го живеаат својот сон и релизираната  желба градот на културата да има театраски храм. За тоа се заслужни бројни ентузијасти актери и  аматери  кои макотрпно работеле со децении претходно, за денес да функционира Охридскиот народен театар.  Народниот театар од Охрид слави десетгодишен јубилеј од неговото формирање со изведба на претставата „Сопружници”. Денес, се одбележува јубилеј кој пред една декада и повеќе беше мислена именка градот да има институција театар, а ние штотуку завршените актери го очекувавме како топол леб, се потсетува Стрезо Стаматоски, еден...

Continue reading

Претставата „Сопружници“ по повод јубилејот на Народен Театар Охрид

Како дел од активностите за прославување на 10 години Народен Театар Охрид, на репертоарот следнава недела ќе биде изведена претставата „Сопружници“ во режија на Драгана Таневска. Претставата ќе се игра во четврток, на 3-ти јуни 2021 година, со почеток во 20.00 часот. – „Сопружници“ претставува песимистичко гледиште за романтичната љубов и бракот. Хуморот во претставата произлегува од реалноста на ситуациите. Ликовите не можат да ги надвладеат своите слабости и желби и затоа влегувааат во апсурдни ситуации кои се комични. Тоа пак, од друга страна е и специфичноста на хуморот на Вуди Ален, кој...

Continue reading

„Сирано“ премиера на Охридскиот народен театар

Охриѓани согласно ковид протоколите ќе можат да ја погледнат комедијата „Сирано“ според тестот на Душан Ковачевиќ, во режија на Ѓорѓи Ризески. За прв пат од формирањето на театарот претставата ќе се игра на големата сцена. Актерите од Охридскиот народен театар во сопствена продукција ќе имаат премиера со претставата „Сирано“. Станува збор за комедија на текст од Душан Ковачевиќ, а во режија на Ѓорѓи Ризевски, информира за новиот театарски проект, Горан Симоноски, директор на НУ ЦК Григор Прличев. „Во ова време невреме ја поканувам публиката да ја посети претставата да ужива, да се насмее и да...

Continue reading

Охридските работници од културата и актерите дадоа поддршка на колегите од струмичкиот театар

 Се приклучуваат на нивните барања за квалитативни промени во културата. Меѓу петте барања се ставање ред во поставување на раководни лица во институциите од културата. Охридските работници од културата и актерите дадоа поддршка на колегите од Струмица. Денеска излегоа на протест со што се приклучија кон иницијативата Култура или фискултура и барањата за промени на состојбите во културата.Актерот, Никола Тодороски, изјави дека нивните колеги од струмичкиот театар се соочиле со проблем кој се третира како административен недостаток, а за жал е нус појава на нефукционалнионалност на институциите...

Continue reading

Претставата „Сопружници“ и во март на репертоарот на Народниот Театар од Охрид

Претставата “Сопружници” во режија на Драгана Таневска поради зголемениот интерес повторно на РЕПЕРТОАРОТ во месец март ќе биде изведена во ПЕТОК (05.03.2021) и САБОТА (06.03.2021) година со почеток во 19.00 часот, цена 200 денари. Претставата “Сопружници” во режија на Драгана Таневска поради зголемениот интерес повторно на РЕПЕРТОАРОТ во месец март ќе биде изведена во ПЕТОК (05.03.2021) и САБОТА (06.03.2021) година со почеток во 19.00 часот, цена 200 денари. “Сопружници” претставува песимистичко гледиште за романтичната љубов и бракот. Хуморот во претствата произлегува од реалноста на ситуациите....

Continue reading

Викендов двојна изведба на новата претстава на Народен театар Охрид „Сопружници“

Поради зголемениот интерес за новата премиера на Народен Театар Охрид, претставата “Сопружници” од Вуди Ален во режија на Драгана Таневска, на задоволство на публиката повторно е на репертоарот на НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид. Поради зголемениот интерес за новата премиера на Народен Театар Охрид, претставата “Сопружници” од Вуди Ален во режија на Драгана Таневска, на задоволство на публиката повторно е на репертоарот на НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид. Претставата ќе биде изведена во два термини, овој петок и сабота, 26 и 27 февруари, со почеток во 19.00 часот,...

Continue reading



© All rights reserved. Powered by Портал ТВМ.
Back to Top