„Сопружници“ во петок на репертоарот на охридскиот театар

Во петок со почеток во 20 часот, пред охридската публика повторно ќе се одигра театарската претстава „Сопружници“ од Вуди Ален, во режија на Драгана Таневска во петок повторно ќе се одигра пред охридската публика.

 |   | 

Во петок со почеток во 20 часот, пред охридската публика повторно ќе се одигра театарската претстава „Сопружници“ од Вуди Ален, во режија на Драгана Таневска.

Во претставата играат: Ивица Цонев како Гејб, Елизабета Стефановска во улогата на Џуди, Никола Тодороски како Џек, Адријана Билаловиќ- Тодороска како Сали и Филип Кипровски како Мајкл.

„Сопружници“ претставува песимистичко гледиште за романтичната љубов и бракот. Хуморот во претставата произлегува од реалноста на ситуациите. Ликовите не можат да ги надвладеат своите слабости и желби и затоа влегувааат во апсурдни ситуации кои се комични. Тоа пак, од друга страна е и специфичноста на хуморот на Вуди Ален, кој многу мудро и реално ги анализира ситуациите и карактерите – вели режисерката Таневска.

Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066.

Согласно здравствените протоколи за заштита од COVID-19 претставата ќе се одигра пред ограничен број публика.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top