Post Views: 2
Руперт Мурдок јавно му се извини на британскиот народ за скандалот со прислушувањето на телефоните од страна на новинарите од неговиот весник News of the World.“Жалиме за озбилните недела кои се сторени. Особено ни е жал за она низ што минаа сите кои беа погодени од скандалот. Жалиме што не делувавме брзо за да го решиме проблемот. Јасно ми е дека извинувањето не е доволно. Нашиот бизнис беше основан на идејаta дека слободниот и отворен печат треба да биде позитивна сила во општеството. Ќе мора да го надминеме срамот”, ова е дел од текстот потпишан од Мурдок.
Извинувањето...
Post Views: 4
Полициските службеници во Лондон имаат забрана за апсење на лица кои ќе им упатат пцовка колку и да е таа навредлива, се вели во налогот на Скотланд јард кој предизвика големо противење од страна на полицајците.
Кога ќе се соочат со таков случај, полицајците едноставно ништо не треба да преземаат, наведува Дејли меил кој имал увид во новото правило.
Судовите веќе не прифаќаат полицајците да бидат вознемирувани и навредени од пцовки, се вели во картичка која полицајците треба да ја носат со себе.
Судски процес поради навредување полицаец нема основа без „цврст доказ...
Post Views: 5
Истражителите на Меѓународниот казнен суд тврдат дека имаат докази со кои го поврзуваат либискиот лидер Моамер Гадафи за масовно силување на припадниците на племињата кои се на страна на бунтовниците.Главниот обвинител на Меѓународниот казнен суд Морено Окампо изјавил дека добил информации дека самиот Гадафи давал “овластување за силување“.
“Никогаш не било навика тоа да се користи за контрола на населението. Силувањето е нов вид репресија. Очигледно тој одлучил да ги казни користејќи го силувањето“, рекол Окампо, додавајќи дека постојат докази Либија да купува големи...
Post Views: 1
Грчката делегација вклучи аларм против користење на уставното име на Македонија на Европското првенство во борење кое се одвива во Финска.
Капитенот на грчката делегација Панајотис Векри поднел приговор до Европската федерација поради именување на македонскиот тим под името Македонија, а не под привремената референца ФИРОМ. „Приговор до органите на Европската боречка федерација по повод името на БЈРМ за време на Европското првенство кое почна во Финска поднесе грчката делегација. Капитенот на тимот и член на Управниот одбор на Грчката боречка федерација, Панајотис Векрис...
Post Views: 11
Деценискиот лов на научниците од универзитетот во Калифорнија конечно резултираше со откривање на планетата наречена Gliese 581g, лоцирана во “Голдилокс зоната” во која условите не се ни премногу жешки ни премногу студени за течната вода да формира океани, езера и реки.“Нашето откритие нуди неспорен доказ за планета со потенцијални услови за живот. Фактот што можевме да ја откриеме толку бргу и толку блиску, укажува на тоа дека планетите како неа мора да се навистина чести. Ако детектираме живот, ова ќе биде најзначајното откритие на сите времиња”, објаснува астрономот...
Post Views: 3
Нина Балабан, претставничката на Македонија на Европското Првенство во Москва успеа да запише свој личен и државен рекорд во овој спорт со испукани 408.8 кругови.
Со овој резултат нашата учесничка го освои 32-то место од вкупно 74 учесници. Финалето и побегна за само 3.7 кругови. Во финале влегуваат првите осум пласирани натпреварувачки.
Нина Балабан е член на стрелачкиот клуб „Охрид“ и е апсолутен шампион во овој спорт во нашата земја.18 годишната Балабан од страна на Интернационален Олимписки комитет (ИОК) е избрана за Амбасадор на младите Олимписки Игри кои ќе се...
Post Views: 2
НП Галичица ги следи светските примери во управувањето со природните ресурси. Од прогласувањето пред 6 децении до денес националниот парк се трансформира и ги менува активностите во користење на природните ресурси на планината. Денес, во рамките на одбележување на јубилејот беа промовирани нова веб страна и мобилна апликација. Посетителите ќе добиваат повеќе информации и слики со што ќе им стануваат подостапни убавините на псркот, кажа Васко Паскали, директор на НУ НП Галичица.
„Се повеќе се имплетираат туристичките активности за разлика од порано кога паркот се самофинансираше...
Post Views: 1
ЈП Билјанини извори ќе покрене иницијатива за ставање ред со хаосот на пловни објекти на десната страна од каналот Студенчишта. За следната сезона најавуваат покренување барање до Локалната самоуправа и до Капетанија да се среди и другиот дел од брегот, информира Гордана Јованоска, директор на ЈП Билјанини извори. Во моментов никој не е надлежен за пловилата од десната страна од каналот па со децении во каналот се оставени голем број неисправни пловила кои кородираат, информира Јованоска.
„Во долниот дел од каналот со влезот стопанисува АРМ, погорниот е на приватен сопственик,...
Post Views: 4
Во Полициската станица во Струга од страна на 38- годишно лице од струшкото село Корошишта, викендов било пријавено дека на 17- ти април, во 6.30 часот, од непознати причини од дома се оддалечила неговата малолетна ќерка.
Од министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
{loadposition content9}
Post Views: 3
Не се одржа 26 тата седница на струшкиот Совет. Советниците на СДСМ и ДУИ реагираа на ваквото доцнење велејќи дека не може повеќе да се толерира ваквиот неодгворен однос на јавната администрација и претседателот на Совет.
„Советничката група на СДСМ ја напушти денешнава седница заради несериозноста од страна на администрацијата, односно недоразбирањата, најверојатно во коалицијата ДПМНЕ и ДПА не доведуваат до вакви ситуации почесто седниците да почнуваат со каснење од еден час а денес веќе се претера бидејќи се доцни час и половина. Не е толерантно и не смееме да толерираме...
Post Views: 1
На интернет страница често користена од Ал Каеда во исламски Магреб, која е поврзана со терористичката мрежа Ал Каеда, беше упатен повик за убиство на американскиот државен секретар Кондолиза Рајс.
„Посетата на Рајс на Магреб претставува исклучителна можност за нејзино убиство пред да заврши нејзиниот мандат“, се вели во пораката. Повикот бил откриен од американскиот институт SITE кој анализира интернет страници.
Рајс ќе ги посети Либија, Тунис, Алжир и Мароко и нејзината посета ќе заврши на 7 септември. Пред да замине таму, таа денска ќе биде во посета на Лисабон. Посетата...
Post Views: 7
Струшкиот градоначалник, Зијадин Села бара спас од проблемите со снегот, со ангажирање на нови фирми за чистење на снегот од улиците. Неговата одлука во најголемите снегови да го раскине договорот со двете фирми кои претходно беа ангажирани да го расчистуваат снегот од струшките улици, предизвика големи контроверзии во јавноста. Ваквата одлука, тој ја правда тврдејќи дека фирмите не ги испочитувале условите во договорот кој го склучиле со општината.
Во него, меѓу другото, стоел и условот, овие фирми да започнат со чистење на снегот кога истиот ќе достигне висина од 5...