Охриѓанката Нина Балабан со нов државен рекорд

Нина Балабан, претставничката на Македонија на Европското Првенство во Москва успеа да запише свој личен и државен рекорд во овој спорт со испукани 408.8 кругови.

 |  Голабовски Крсте  | 
Nina Balaban
Нина Балабан

Nina BalabanНина Балабан, претставничката на Македонија на Европското Првенство во Москва успеа да запише свој личен и државен рекорд во овој спорт со испукани 408.8 кругови.

Со овој резултат нашата учесничка го освои 32-то место од вкупно 74 учесници. Финалето и побегна за само 3.7 кругови. Во финале влегуваат првите осум пласирани натпреварувачки.

Нина Балабан е член на стрелачкиот клуб „Охрид“ и е апсолутен шампион во овој спорт во нашата земја.
18 годишната Балабан од страна на Интернационален Олимписки комитет (ИОК) е избрана за Амбасадор на младите Олимписки Игри кои ќе се одржат во Нанџинг, Кина оваа година.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top