Post Views: 3
До полноќ граѓаните можат да извршат увид во Избирачкиот список и да достават барања за дополнување, бришење или бришење на нивните податоци до Државната изборна комисија. Рокот за поднесување кандидатури за локалните избори на 17 октомври истекува во сабота на 11 септември.
Заклучно со вторник, 7 септември, вкупно 13.502 лица се провериле во Избирачкиот список, поднесени се вкупно 122 барања за запишување во избирачкиот список, 31 барање за бришење на податоците од избирачкиот список и 39 барања за измена на податоците во избирачкиот список, соопштија од ДИК. До Државната...
Post Views: 1
Јавниот увид на избирачкиот список за локалните изборите ќе започне денеска и ќе трае до 9-ти септември, кога Државната изборна комисија (ДИК) на увид ќе ја стави новата состојба на податоци што ќе се користи на денот на изборите.
Граѓаните во овој рок треба да го достават писмено барањето за запишување, бришење или дополнување во избирачкиот список, до подрачните единици или канцеларии на ДИК, или пак, електронски да се обратат до Комисијата и притоа да достават соодветни докази. Граѓаните своите податоци во избирачкиот список можат да ги проверат преку веб-страницата...
Post Views: 9
Во постот што го рецензираме искористена е техника за манипулација која се вика дискредитација на личноста, односно ад хоминем атак, каде што всушност, се доведува во врска вакцинацијата против ковид-19 со „Рокфелер“ фондацијата, како наводен заговор, и тоа преку грбот на доктор Жарко Караџовски, кој учествувал со свој придонес во научен труд сосема неповрзан со вакцинацијата. „Рокфелер“ фондацијата само го објавила трудот во кој се говори за еднодецениското работење на Здравствената мрежа на југоисточна Европа, а во кој Караџовски е претставник на Институтот за јавно...
Post Views: 7
Во ОИК Охрид се привршуваат сите подготовки за реализација на предвремените парламентарни ибори на 15 јули, информира раководителот Марга Димковска. Во единствениот избирачки список во општина Охрид се евидентирани 52.510 гласачи.
„Во прегледот за запишани избирачи во општина Охрид има 43 707 и во другиот преглед за граѓани кои се во странство или на привремен престој во странство се 8.803. Но, тие не се пријавиле да гласаат во странство. Доколку се во Охрид ќе може да гласаат бидејќи се на тој список или вкупно 52.510 општина Охрид“.
Во општина Дебрца има 3480 гласачи,а...
Post Views: 4
Државната изборна комисија денес треба да го стави на јавен увид избирачкиот список, а до 16 ноември граѓаните ќе можат да проверат дали се впишани во списокот и дали се точни податоците.
Во овој период и избирачите кои беа обележани како спорни повторно ќе можат да потврдат дека имаат право на глас.Во меѓувреме тече рокот за пријавување на граѓаните за гласање на изборите и се на привремена работа во странство. Заклучно со вчера до 14 часот вкупно 2.099 граѓани на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство преку електронската апликација...
Post Views: 1
Извештајот подготвен од меѓународниот експерт, Џон Арон, од ИФЕС стигнал до рацете на Алсат-М и според него од 87.000 сомнителни имиња кои биле предмет на теренска проверка, потребни се дополнителни контроли за околу 40.000 случаи, бидејќи граѓаните не биле дома во моментот на контролата и за нив одговорило друго лице, а од 87.000 спорни гласачи, само 34.000 покажале валиден документ“…Барањата до МВР за проверка на информациите кои веќе ги имаме и кои беа користени при вкрстената проверка, нема да донесат информации и уверување за веродостојноста на податоците...
Post Views: 0
За изборите за шеф на државата право на глас имаат 1.779.552 избирачи. Од нив 1.707.828 се регистрирани во Македонија, а од дијаспората за гласање се пријавени 8332 лица.
Останатите македонски иселеници со право на глас, околу 62 000 бидејќи не пополниле пријава за гласање во странство, се префрлаат во посебен дел од избирачкиот список во Македонија. Најголем дел од иселениците, 5892 ќе гласаат во 7 – та изборна единица во Европа, 1426 во осмата ИЕ Америка и 1014 во деветтата изборна единица во Австралија и Азија. 40 македонски државјани со престој или привремена...
Post Views: 1
Државната изборна комисија денес треба да го одреди редоследот на претседателските кандидати на избирачкото ливче по пат на ждребување и добиената листа веднаш ќе ја објави во Службен весник.
Изборната кампања за претседателските избори започнува на 24 март. Првиот круг на изборите ќе се одржи на 13 април, а евентуален втор круг закажан е за 27 април.
Денес 17-ти март, истекува рокот во кој е предвидено политичките партии до ДИК да достават барање за запишување, дополнување или бришење на податоци во Избирачкиот список за претседателските избори. По ова барање ДИК треба...
Post Views: 5
Над 8 милиони евра ќе чинат претседателските и предвремените парламентарни избори покажале пресметките на Државната изборна комисија (ДИК) информира „Инфо+“ порталот.
На денешната седница на ДИК, членовите едногласно го усвоија заедничкиот буџет за двата изборни циклуси кои ќе се oдржат на 13 и 27 април годинава. ДИК извештајот ќе го достави до Министерството за финансии кое ќе треба да одговори по барањето на Комисијата.
„За предвремените парламентарни избори порeбни се 158 милиoни денари. Значи, вкупниот буџет за организирање на прeтседателски и предвремени парламентарни...
Post Views: 1
Од вчера во сите подрачни одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија почна увидот во Единствениот избирачки список како и собирањето потписи за кандидат за претседател од група избирачи за претстојните претседателски избори.
Увидот ќе трае 20 дена, односно граѓаните со право на глас до 7 март секој ден во периодот од 8.30 до 19.00 часот ќе имаат можност да проверат дали се наоѓаат на списокот и на кое избирачко место ќе гласаат, а ако има потреба може да побараат запишување, дополнување или бришење на податоците.
Во Избирачкиот список предвиден за гласање...
Post Views: 4
Во врска претстојните претседателски избори, граѓаните имаат рок од 20. дена за јавен увид во избирачкиот список, односно од 16-ти овој месец па се до 7-ми март.
Кандидатите коишто сакаат да учествуваат во изборната трка за претседател на државата својата кандидатура треба да ја достават најдоцна до 13-ти март.
Изборната кампања за избор на шеф на државата ќе започне на 24 март, а ќе заврши на 11 април. Независните кандидати кои сакаат да учествуваат во изборната трка ќе треба да соберат 10.000 потписи од граѓани или да имаат поддршка од 30 пратеници.
Рокот за собирање...
Post Views: 0
Граѓаните со право на глас кои сакаат да се изјаснат на локалните избори закажани за 17 октомври, своите податоци во Избирачкиот список ќе можат да гиг проверат уште сега преку веб-страната на Државната изборна комисија (ДИК) – www.sec.mk или на https://izbirackispisok.gov.mk/.
Официјално, јавниот увид на Избирачкиот список за изборите ќе започне на 21-ви август и ќе трае до 9-ти септември. Тогаш ДИК на увид ќе ја стави новата состојба на податоци на Избирачкиот список, што ќе се користи на денот на изборите.Во овој рок граѓаните барањето за запишување, бришење или дополнување...