Проверете дали ве има во избирачкиот список

Од вчера во сите подрачни одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија почна увидот во Единствениот избирачки список како и собирањето потписи за кандидат за претседател од група избирачи за претстојните претседателски избори.

uvid
увид

Од вчера во сите подрачни одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија почна увидот во Единствениот избирачки список како и собирањето потписи за кандидат за претседател од група избирачи за претстојните претседателски избори.

uvidУвидот ќе трае 20 дена, односно граѓаните со право на глас до 7 март секој ден во периодот од 8.30 до 19.00 часот ќе имаат можност да проверат дали се наоѓаат на списокот и на кое избирачко место ќе гласаат, а ако има потреба може да побараат запишување, дополнување или бришење на податоците.

Во Избирачкиот список предвиден за гласање на претстојните претседателски избори закажани за 13 април се запишани 1.787.350 граѓани.

Граѓаните со право на глас исто така проверка во Избирачкиот список може да направат и преку интернет на izbirackispisok.gov.mk. За да може да ја употребат апликацијата треба да го внесат матичниот број и кодот што ќе се појави на сликата.

uvidИнаку, од вчерa почна и јавниот увид во посебните изводи на Избирачкиот список во Дипломатско-конзулартните претставништва на Македонија за лицата на привремена работа или престој во странство. Посебните изводи од Избирачкиот список ДИK преку Министерството за надворешни работи ги достави до дипломатско-конзулартните претставништва.

До 7 март државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство можат по електронска пошта преку дипломатско-конзуларните претставништва на Македонија или до ДИK да поднесат барање за запишување, дополнување или бришење на податоците од посебните изводи од Избирачкиот список. На 1 февруари, пак, почна да тече и рокот во кој граѓаните од дијаспората ќе може да поднесат пријава за гласање за претседателските избори.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top