Во единствениот избирачки список во општина Охрид се евидентирани 52.510 гласачи

Во општина Дебрца пак се евидентирани 4.422 избирачи. Од Општинската изборна комисијавелат дека се преземени сите мерки од здравствен аспект за безбедно одвивање на изборниот процес и за членовите на избирачките одбори и за гласачите.

 |  Валентина Неловска  | 

Во ОИК Охрид се привршуваат сите подготовки за реализација на предвремените парламентарни ибори на 15 јули, информира раководителот Марга Димковска. Во единствениот избирачки список во општина Охрид се евидентирани 52.510 гласачи.

„Во прегледот за запишани избирачи во општина Охрид има 43 707 и во другиот преглед за граѓани кои се во странство или на привремен престој во странство се 8.803. Но, тие не се пријавиле да гласаат во странство. Доколку се во Охрид ќе може да гласаат бидејќи се на тој список или вкупно 52.510 општина Охрид“.

Во општина Дебрца има 3480 гласачи,а во прегледот се 942 лица со привремен престој во странство. Тие не се пријавиле за да гласаат во странство но и за нив се оденсува можноста доколку се во Дебрца ќе може да го остварат парвото на гласање. Во општина Дебрца има 28 ИМ (избирачки места) )и таму нема промени на локациите каде што се ИМ бидејќи ги исполнуваат условите по здравствениот протокол, што не е случај во неколку избирачки места во Охрид. Во општина Охрид од 89 ИМ за 20 има промени заради здравствениот протокол и запазување на нормите за одалеченост на ИО и просторното уредување. На избирачките места каде што просториите се тесни и нема услови за да се исполнат безбедносните протоколи гласачите ќе се пренасочат да гласаат во најблиските основни училишта Св. Климент Охридски, Григор Прличев, Христо Узунов и Кочо Рацин, како и во музичкото училиште Методи Патче и гимназијата Св. Климент Охридски.

„Од наша страна на старите избирачки места кои во моментов претрпуваат локациски измени се поставени известувања каде се наоѓа новото избирачко место“, информира Димковска.

Денес, заради заштита на граѓаните и на сите учесници во избирачкиот процес е почната дезинфекција на сите избирачки места во општините Охрид и Дебрца. Инаку, на денот на гласањето граѓаните задолжително треба да носат заштитна маска, да се дезинфицираат при влез во просториите и да одржуваат растојание. Меѓу протоколите за членовите на избирачките одбори се и задолжително носење на заштитни ракавици.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top