Post Views: 6
Презетиран проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, што го имплементира Министерството за локална самоуправа и со поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка.
Општина Дебрца аплицираше со проектот: “Уредување на атрактивни зони и патеки во Југозападниот плански регион” и со одобрените околу 20.000 CHFтреба да се внесат нови туристички содржини на Слатинско Езеро . Имено со автохтон камен ќе се уреди пешачка патека во должина од 150 метри, ќе се изгради паркинг, три летниковци и ќе се постави урбана опрема, а новата патека ќе се постави...
Post Views: 0
Откако познатиот актер дал изјава за конференција за печат, каде навел една интернет страница со бесплатен порнографски материјал, како едно од најголемите достигнувања на популарната култура во последните 50 години, на себе навлекол голем гнев на комплетната порнографска индустрија.
Иако оваа изјава е повеќе дадена како лакрдијашко гледање на популарната култура, таа предизвикала гнев на актерите на порно филмовите кои буквално заработуваат десетици илјади долари благодарение на интернет страниците каде се наплатува гледање на порнографски содржини.
Порно актерката...
Post Views: 0
Корисниците кои лајкуваат или споделуваат содржини на Фејсбук кои се навредливи за монархијата, чинат кривично дело. Ова го изјавил тајландскиот министер за информации Анудит Накорнтап.
Агенцијата АР пренесува дека оваа изјава е последна во низата закани по слободата на изразување во Тајланд, каде на мета на власта се нашле интернет страници кои претставуваат закана за националната сигурност, односно ја критикуваат монархијата.
Министерот за информации вели дека секој кој на овој начин ќе го прекрши законот ќе биде процесуиран, дури и странците и оние кои го користат...
Post Views: 0
Корисниците на Македонски Телеком коишто имаа прекин на услугите во вторникот, како последица на невремето, во јуни ќе добијат бесплатни услуги и содржини како надомест.
„Сите корисници на телевизијата MaxTV ќе можат да ги гледаат бесплатно каналите вклучени во Sport HD и Pink & Grand пакетите, како и каналите M1и M1Gold.
Корисниците на Smart постпејд услугите и Мagenta 1 пакетите ќе добијат двојно повеќе мобилен интернет во јуни, a oстанатите постпејд корисници на Македонски Телеком, истиот месец ќе добијат 1GB бесплатен мобилен интернет“, соопштуваат од компанијата.
Двојно...
Post Views: 0
По неуспешната Google+ платформа, овој интернет џин го има сега Spaces, нов сервис за размена на пораки и споделување на содржини.
Spaces е базиран на мали групи кои меѓусебно можат многу лесно, благодарение на интеграцијата на платформите со сервисите како што се YouTube и Google Search, ќе комуницираат и едноставно ќе споделуваат содржини.
Spaces може да се користи на Android, iOS,оперативните системи на Chrome или преку пребарувачите, а корисниците во групата се додаваат преку e-mail, инстант пораки или преку другите социјални мрежи.
Post Views: 3
„Во текот на престојниот мандат предвидуваме низа нови инвестиции за партерно уредување и формирање на нови инфраструктурни содржини за прошетки и рекреација, кои ќе имаат големо значење и ќе придонесат за туристичкиот развој на Охрид“, истакна на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник на Охрид од коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ, Константин Георгиески.
Тој најави дека е подготвено идејното решение за изградба на нова пешачка патека од дрвен материјал што ќе се протега од Градското пристаниште до населбата „Канео“, изградена...
Post Views: 17
Имплементација на идејно решение за подигнување на нов атрактивен комплекс „Градски парк Касарна“, најави денеска кандидатот за градоначалник од СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, Константин Георгиески. Во поранешната касарна „Михајло Апостолски“ планирано е уредување на ново зелено подрачје, со нови пешачки патеки, урбана опрема, цветни леи и фонтани.
Планирано е да биде засадено ново нискостеблесто зеленило и да бидат подигнати нови дрвореди. Во рамки на паркот ќе биде поставено ново осветлување, игралишта со детски реквизити, летниковци и други интересни...
Post Views: 1
Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и средношколскиот весник „Медиум“ организираат Медиумски ден за средношколците во петок во неколку медиуми во земјава.
Медиумскиот ден се организира под слоганот „Размислувај критички, делувај етички: Во и надвор од училница“ и има за цел да посочи на важноста на медиумската и дигиталната писменост во институционалното образование. Медиумската писменост ќе ги научи средношколците како да ги користат позитивните аспекти од популарната култура при личниот развој, ќе им помогне критички да ги анализираат медиумските...
Post Views: 1
Хуманитарно спортско – рекреативната акција „За посреќно детство“, денес го наполни градскиот плоштад во Охрид. Измешани популации од 7 до 77, сите со своите активности, предизвикаа огромно внимание кај присутните. Но и сончевото време допринесе масовноста на оваа акција да биде уште поголема.
„Симболично ја започнуваме со главната трка од чинарот до градскиот плоштад, каде што сите оние кои што истрчале добиваат награди. Со тоа ги отпочнуваме и останатите игри кои што ги имаме на потегот на градскиот плоштад и околу Охридско лето. Имаме најразлични спортски...
Post Views: 3
По повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, општина Охрид ја продолжува воспоставената традиција и најавува уште посодржајна и поатрактивна организација на оваа манифестација.
Традиционалните духовни и верски обичаи во Охрид се понагласено стануваат туристички атракции, пред се, благодарејќи на заложбите на локалната самоуправа и добрата соработка со хотелско – угостителскиот еснаф и бизнис заедницата во Охрид.Зимската туристичка понуда во Охрид е збогатена, пред се, со одржување на најмасовната црковно – народна манифестација за осветување на водите...
Post Views: 0
Често на Facebook можат да се видат содржини од типот “Кликнете овде и освоите…” или слични наслови, кои вообичаено се направени за собирање што повеќе кликања, а всушност ништо нема да освоите.
Сѐ повеќе луѓе ги избегнуваат овие содржини, но често коментираат на нив како на пример “ова е измама”, не кликнувајте на оваа содржина” и слично. Секако, со ова се добива спротивен ефект, всушност се зголемува можноста за прикажување на овие содржини во news feed со што изостануваат поважните содржини кои вас ве интересираат.
Тестирањата на Facebook покажале дека луѓето...
Post Views: 2
Населбата Даљан градена некаде во 70 години од минатиот век, на северозападното крајбрежје од Охридското езеро, има потреба од повеќе урбани содржини. Градоначалникот Никола Бакрачески информира дека калсичен плоштад не е планиран да се гради , но најавува зафати за урбано средување на населбата.
„Мини плошатд не е предвиден. Но, е предвидено комбинирано спортско игралиште за баскет со детски реквизити, да се уреди и осветли , фонатна и дел за рекерација за мешатните кои живеат тука. Класичен плоштад не е планиран. Но не значи дека во иднина ако стручниет службиод...