• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Георгиески : „Градски парк Касарна“, современи голф терени, адреналински парк со забавни содржини за деца и возрасни

Георгиески : „Градски парк Касарна“, современи голф терени, адреналински парк со забавни содржини за деца и возрасни

Нов атрактивен комплекс „Градски парк Касарна“ уреден како зелено подрачје со спортска зона со соодветна инфраструктура, најави на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник од СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, Константин Георгиески. Ново зелено подрачје, пешачки патеки, адреналински парк, памп патека за велосипеди, ролери и скејтери, уредување на современ голф терен, како и нова трим патека, наброја Георгиески како дел од содржините планирани за просторот од поранешната касарна.

 |   | 

Имплементација на идејно решение за подигнување на нов атрактивен комплекс „Градски парк Касарна“, најави денеска кандидатот за градоначалник од СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, Константин Георгиески. Во поранешната касарна „Михајло Апостолски“ планирано е уредување на ново зелено подрачје, со нови пешачки патеки, урбана опрема, цветни леи и фонтани.

Планирано е да биде засадено ново нискостеблесто зеленило и да бидат подигнати нови дрвореди. Во рамки на паркот ќе биде поставено ново осветлување, игралишта со детски реквизити, летниковци и други интересни содржини – најави Георгиески.

Како локална власт покажавме дека инвестираме во рамномерен развој за сите делови на Охрид кажа Георгиески и се наврати на изградената нова улица низ касарната од пресекот со улица „Кленоец“ до улица „Радојца Новичиќ“, проект вреден околу 13 мил. ден. Потсети дека на овој потег беше изградено ново баскет игралиште, а од неодамна и ново детско игралиште.

Исто така, на овој потег предвидуваме изградба на нова спортска и рекреативна инфраструктура со што Охрид добива современа спортска зона која ќе ги подобри условите за спортување. Веќе е аплициран проект и одобрени се средства за изградба на Адреналински парк со сите забавни содржини и за деца и за возрасни. Предвидуваме изградба на нова памп патека за велосипеди, ролери и скејтери, уредување на современ Голф рејнџ терен, како и нова Трим патека – кажа Георгиески.

Имаме најдобри планови и нудиме реални проекти за подобар развој на Охрид. Охриѓани ќе го изберат бројот 12 и „Најдоброто за Охрид“. Ќе изберат храбост, одлучност и посветеност! Охрид има градоначалник!- рече Георгиески.

 

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top