Post Views: 2
„Со инвазијата во Крим, Русија и објави војна не само на Украина, туку и на САД и на Велика Британија кои гарантираат за украинскиот суверенитет“, тоа го нагалси во обраќање до нацијата поранешната премиерка на Украина Јулија Тимошенко.
„Путин добро знае дека со објавувањето војна им објави војна и на САД и на Велика Британија“, наведе таа. Видео-запис од обраќањето е поставен на нејзината интернет-страница.
Русија, САД и Велика Британија станаа гарант за територијалната целина на Украина во 1994 година кога поранешната советска република се откажа од нуклеарното оружје....
Post Views: 1
Милиони луѓе ширум Азија ноќеска, со спектакуларен огномет, ја пречекаа кинеската година на овците, а оние кои остаа дома имаа можност да го набљудуваат преку директната свечена телевизиска програма.
Времето на прославување на кинеската Нова Година варира поради природата на лунарниот календар, којшто ги следи по циклуси месеците, па таа минатата година се прославуваше на 31-ви јануари. Според традиционалната кинеска астрологија, секој лунарна година е именувана по различни животни.
За годината на овцата или козата, како што е цитирано од страна на АП, астролозите предвидуваат...
Post Views: 1
Германскиот, францускиот и грчкиот лидер, но и лидерот на Европскиот совет на маса изнеле компромисен предлог кој би помогнал Грција да остане во еврозоната, а истиот е проследен до останатите лидери на членките на еврозоната на усвојување, наведува денес извор близок на преговорите.
“Постои договор на четворицата кој е проследен на сите останати членки на еврозоната”, навел изворот за агенцијата France Press, веднаш откако Европскиот совет објави продолжување на расправата на самитот со компромисот кој е на маса.
Компромисот го претставија германската канцеларка Ангела...
Post Views: 5
Чувствувајќи потреба да им ги објасни основни законски чекори и постапки на охридските Социјалдемократи , општина Охрид посочува дека објавата за отуѓување на градежното земјиште во УЗ 1 блок 1.2, блок 1.4 и дел од блок 3.4 во Охрид се спроведува по барање на Министерството за транспорт и врски. Градежната парцела е во согласност со Урбанистичкиот план со вкупна површина од 201 м2 и површина за градење од 90,9 м2. Максималната висина до венец е од 3,9 м и катност- Приземје ( минус две нивоа). Почетната цена за отуѓување на градежното земјиште ...
Post Views: 0
Ѓорѓиоски Љупчо веќе една година е колпортер и го продава уличното списание „Лице в лице“. Во него се третираат општествено-одговорни теми од повеќе области на живеењето, а го продаваат маргинализирани групи и поединци. Љупчо е лице со делумна интелектуална попреченост кој живее со 1200 ден. социјална помош, а со продажба на списанието колку толку обезбедува за да си купи барем леб. Од секој продаден број кој чини 100 денари, половина од сумата е наменета директно за продавачот, а останатата половина се вложува половина за печатење и за активности кои го подобруваат...
Post Views: 2
Професорите од охридската гимназија утре нема да штрајкуваат пред Локалната самоуправа. На денешниот состанок со Регионалниот одбор на СОНК професорите, кои од вчера се во штрајк, останаа без согласност за радикализација на штрајкот, вели членот на синдикалната организација при ОСУ Св „Климент Охридски“, Ристо Николески.
„ Не дадоа подршка тоа според мене е жално. Сметавме дека имаме поддршка. Осудени бевме дека сме малку да ја претставуваме гимназијата. Одредени колеги, членови и претседатели на синдикатите при училиштата ни дадоа поддршка. Пред да заврши седницата...
Post Views: 13
Во организација на Австралискиот огранок на Обединета Македонска Дијаспора во Перт, Австралија за првпат се одржа фествивал на македонска храна и пијалоци.
Еднодневниот фестивал беше посетен од неколку илјади студенти и како граѓани на Западна Австралија кои имаа можност да вкусат македонско вино, како и македонски кулинарски специјалитети.
Во присуство на високи претставници на австралиската влада како и дипломатски претставници на повеќе странски држави, фестивалот свечено беше отворен од страна на парламентарецот и претседавачот на Западноавстралиско-Македонската...
Post Views: 8
Патниот правец Охрид – Битола ќе започне да се реконструира. Ова го најави пратеникот од 5 изборна единица Александар Николоски кој нагласува дека реконструкцијата на патната инфраструктура кон Охрид била негова заложба. Денес пратенците во Собранието на Р. Македонија дале зелено светло во процедува да влезе Законот за гаранција на заем кај Светска банка, со кој, меѓу другото, се предвидува изградба на патниот правец од Охрид до Битола, а треба да се реконструираат вкупно 112 км магистрални и регионални патишат во земјава, вели Николоски.„ Од кои во првата фаза...
Post Views: 4
Срушена огрaдата пред Долни Сарај. На овој простор Локалната самоуправа ќе гради паркинг простор наменет, како што кажуваат, за жителите на Варош. 30-тина паркинг места ќе добијат жителите кои од неодамна не смеат да паркираат околу источниот и јужниот дел од црквата Св. Софија. Граѓаните ќе добијат доволно, бесплатни паркинг места за нивни потреби. Секое паркинг место ќе биде обележано со број и жителите точно треба да знаат кое место им припаѓа. Зеленилото и дрвјата нема да се сечат. Само ќе се оплеменува овој простор и ќе се постават бекатон плочки, најавува директорката...
Post Views: 1
Од денеска (20 јуни) почнува традиционалната книжевна акција што ја организира Клубот „Матица“ – „Со книга на плажа“. Веќе 13 години членовите и читателите во Македонија ја имаат можноста своето слободно време од летниот одмор да го искористат за читање на добра книга. Практиката од минатите години говори дека македонскиот читател е вистински вљубеник во книгата и доброто четиво, а покрај задолжителните работи потребни за летниот одмор, околу 25.000 македонски читатели со себе ги понесуваат своите книги од омилените автори.Годинава изборот е зголемен како со домашна,...
Post Views: 4
Колку ефикасно работи општинскиот инспекторат е темата на која ТВМ се обиде отворено да разговара со Димитар Спасески секретарот на Локалната самоуправа. По настанатите промени во инспекторатот во интерес на јавноста сакавме да дознаеме како сега е организациски поставена работата на инспекторатот.
– Кој е раководител на инспекторатот, а кој го заменува во неговото одсуство и по чии наредби работат овластените инспектори? – Колку инспектори има во 4-те одделенија на инспекторатот во туризам, екологија, градежништво и комунално? – Кои се надлежностите...
Post Views: 1
Ве известуваме дека НУ Библиотека ,,Григор Прличев” – Охрид и оваа година ќе го одбележи 2 Април – Меѓународниот ден на книгата за деца и млади, со организирање средба со писателот Тоде Илиевски.
Илиевски е член на Друштвото на писатели на Македонија, автор на дванаесет книги, добитник на наградата ,,Ванчо Николески” за најдобра книга за деца и млади објавена во 2009 година.
На средбата ќе бидат претставени одбрани песни од стихозбирките: ,,Ведро едро” (1990), ,,Изворите во горите” (1999), ,,Липов чај” (2009) и ,,Ќерката на...