Срушена огрaдата пред Долни Сарај

Срушена огрaдата  пред Долни Сарај.

 |  Валентина Неловска  | 
Dolni Saraj
Dolni Saraj

Срушена огрaдата  пред Долни Сарај. На овој простор Локалната самоуправа ќе гради паркинг простор наменет, како што кажуваат, за жителите на Варош. 30-тина паркинг места ќе добијат жителите кои од неодамна не смеат да паркираат околу источниот и јужниот дел од црквата Св. Софија. Граѓаните ќе добијат доволно, бесплатни паркинг места за нивни потреби. Секое паркинг место ќе биде обележано со  број  и жителите точно треба да знаат кое место им припаѓа. Зеленилото и дрвјата нема да се сечат. Само ќе се оплеменува овој простор и ќе се постават бекатон плочки, најавува директорката на  ЈП Комуналец, Елена Скрческа.
Долни Сарај
Од Локалната самоуправа тврдат дека урбаната заедница изготвила список по кој ќе се знае кое место за кого е наменето. Александар Довлев од урбаната заедница Стар Град, за ТВМ, изјави дека Локалната самоуправа нити побарала од нив нити пак тие доставиле список кои граѓани ќе го користат новиот паркинг простор. Бројот  на паркинг местата нема да е доволен, и нема да ги задоволи потребите на граѓаните, укажува Довлев.

Дел,  од граѓаните пак реагират и се прашуваат дали просторот е пренаменет со  одлука на досегашниот корисник Охридско лето,  дали градежници извршиле проценка за издржливост на  потпорниот ѕид над     Св. Софија. Зачудено се прашуваат како ќе се разминуваат возилата по тесната уличка која води кон Долни Сарај. Долни СарајОд локалната самоуправа тврдат дека  секторот за урбанизам има изготвено проектно решение за овој  простор.

Инаку, просторот кој сега се пренаменува во паркиралиште е земјиште на Република Македонија дадено на користење на Фестивалот Охридско лето.

 

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top