Post Views: 10
На 18.12.2021 околу 20:30 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода С.Ѓ. (36) од Охрид.
Тој бил затекнат при извршување кражба во објект на вулканизерска работилница во селото Оровник, општина Дебрца. Одземените предмети се вратени на сопственикот, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Post Views: 12
Општина Дебрца ги зајакнува инфраструктурните капацитети за развој на зимски и планински туризам. Напуштена училишна зграда во селото Брежани ќе се адпатира во планинарски дом. Инвестицијата во вредност од околу 80.000 евра е финансирана од проектот „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“ од Европската унија, преку ИПА2 програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија, информира Зоран Ногачески, градоначалникот на општина Дебрца. Според динамиката проектот треба да биде готов до почетокот на месец август оваа година.
„Активностите...
Post Views: 5
Состојбата со каменоломите во струшко Лабуништа повторно се актуелизира. Ископот на минерални суровини од трите активни каменоломи претставува опасност по здравјето за населението од ова село, чии што мештани во неколку наврати укажаа на тоа. Пред два дена во Советот на општина Струга беше формирана комисија од инспектори по животна средина и советници кои треба да ја утврдат фактичката состојба на терен, која треба да види колку каменоломи функционираат во струшиот регион, колку од нив се со дозвола за работа и дали некои работат на диво.
„Се надевам дека ова е почеток...
Post Views: 0
Во семејството на Радмила Главоњиќ во селото Јездина во Чачак, Србија, кравата Ѓурѓа отелила машко виолетово теле.Телето, кое како да е потомок од кравата на најпознатите чоколади “Милка“, стана главна атракција во селото.
“Дури кога кравата го излижа телето, видовме дека има необична боја, но мислевме дека со времето таа боја ќе премине во вообичаената. Но кога го видовме телето на дневна светлина наредниот ден, тоа навистина беше виолетово, исто како на рекламата“, раскажала Радмила Главоњиќ.
Таа додала дека кравата ја купила во Нов Варош и дека до сега се отелила...
Post Views: 23
Бунтовничкото село Вукан во Кина, кое од пред извесно време не е под контрола на Комунистичката партија и се наоѓа под полициска опсада има залихи од храна за само десетина денови, пишува лондонскиот весник „Дејли телеграф“.
Како што јави дописникот на МИА од Лондон, селото кое стана познато низ цела Кина и во светот од неделата е блокирано од сите страни од бројни полициски сили, откако полицајците претходно не успеаја да ги натераат селаните да се предадат.
Поради тоа во Вукан нема никаков дотур на храна, ниту на вода, а никој од жителите на селото не смее да го напушти.
Судирот...
Post Views: 2
Досега поставени се 5.3 км полиетиленски цевки и бетонирани 157 шахти, а целокупната должина на канализациона мрежа согласно проектната документација изнесува 7.6 километри и ќе се изградат 236 шахти. Од увидот на лице место се оцени дека изведбата на градежните работи се одвиваат согласно предвидената динамика од договорот.
Градоначалниот Трајкоски истакна дека покрај тоа што се реализираат ветените проекти од Програмата за локални избори 2013, секогаш ќе има слух и за проектите што не се ветени, каков што претставува изградбата на Фекалната канализација во с.Горенци,...
Post Views: 40
Диви кампери цело лето распослани во селото Љубаништа. На плажата пред авто кампот, секојдневно има поставени шатори и автомобили, каде нелегално кампуваат гости. Екипата на ТВМ затекна десетина импровизирани шатори , а според паркираните возила ги имаше од Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево Прилеп и други градови. Немаат струја, ниту вода , ниту тоалети. Надлежните од автокапот состојбата ја пријавиле во полиција. „Ние се обидуваме да направиме ред во нашиот камп за жал во непосредно соседство се наоѓа еден неорганизиран простор на кој слободно доаѓаат...
Post Views: 2
Старешините на едно село во северниот дел на Индија донесоа одлука со која на немажените жени им се забранува користење мобилни телефони, со цел да бидат спречени да договараат недозволени бракови и со тоа да станат жртви на убиство од чест.
Според одлуката на старешината од селото Ланк, неженетите момчиња ќе можат да користат мобилни телефони, но само под строга контрола на родителите.
Локалните здруженија за заштита на правата на жените ја критикуваат оваа драстична мерка како заостаната и неправедна.
Еден од старешините на селото изјави дека забраната е донесена...
Post Views: 7
Повеќе споредни улички кои се сечат со главната улица Илија Смически во Лескоец ќе бидат поврзани на фекална канализација. Се поставуваат цевковод фи 200 и шахти. За дел од жителите од Лескоец тоа ќе значи решавање на голем комунален проблем и крај на постоечките септичките јами на кои досега беа поврзани жителите од ова приградска населба.
„Екипи на Нискоградба работат на градежни зафати на 3 краци од улицата Илија Смически во должина од околу 300 метри. Планирано е да се работи и на уште еден крак и на дел од патот што води од селото Лескоец кон селото Лакочереј“,...
Post Views: 2
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Е.Ц.(57) од струшкото село Октиси. Во пријавата, во врска со казненото дело „помагање“опфатено е и лицето С.С. (21) од истото село.
Во вечерните часови на деветти овој месец во селото Октиси, двајцата пријавени се затекнати со мини трактор при нелегален транспорт на 1,89 м3 огревно дабово дрво.
Првопријавениот Е.Ц. неовластено извршил сеча на 1,89 м3 дрва од шумски терен во подрачјето на селото Октиси а потоа ги одзел и транпортирал до...
Post Views: 3
Локализиран и ставен под контрола пожарот во атарот на селото Опеница. Во моментов се работи на негова целосна ликвидација. За таа цел на терен се ангажирани лица од Македонски шуми од Охрид и Кичево, пожарникари и припадници на просторните сили на општинскиот штаб за заштита и спасување на единицата на Локалната самоуправа, информира Сашо Матлијоски , раководител на Дирекцијата за заштита и спасување.
„ Опасност од разгорување на пожарот постои затоа има континуирана противпожарна стража. Горе има луѓе кои сега се во постапка да го ликвидираат пожарот каде што е жариштето...
Post Views: 0
Состојбата станува алармантна, а жителите се вознемирени, бидејќи огнената стихија е многу блиску до куќите. Теренот е непристапен, а опожарени се над 50 хектари со нискостеблеста вегетација и дабова шума, велат од противпожарната служба.
Авионите на дирекцијата за заштита и спасување кои се вклучени во гасењето на пожарот според Законот може да летаат само по три часа, кусо изјави директорот на Јавното претпријатие македонски шуми, Нада Митреска. Сите вработените од подружницата Галичица се мобилизирани и на терен, заедно со пожарникарите од ТППЕ Охрид се борат...