Ознака: седница

sednica1

Петрески се попишмани

Post Views: 3 Градоначалникот Александар Петрески се попишмани. Останува неизвесно, дали ќе има или не, раскинување на договорот со концесионерот на паркинзите во централното градско јадро. Ставовите на советниците на охридскиот совет околу проблемите со паркинзите кои што во неколку наврати ги актуелизираше ТВМ, ги добивме пред и да започне 53 тата седница, на чиј што дневен ред се очекуваше расправа точно за тоа. „Денеска не видовме точка на дневен ред каде градоначалникот ќе го оствари своето ветување“, реагира координаторот на советничката група на ВМРО – ДПМНЕ Дејан Паноски....

Continue reading

sednica sovet

Субвенционирани комунални давачки за ранливите категории?

Post Views: 15 Дали општината ќе ги субвенционира комуналните давачки за ранливите категории? Ова прашање уште на минатата седница на Советот на општина Охрид беше покренато како иницијатива од страна на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, а веќе утре може да биде и конкретно реализирана. Општината оваа предлог одлука ја стави на дневниот ред на утрешната седница, а доколку е комплетна, од советничката група на ДПМНЕ велат дека ќе ја подржат. „Поведени бевме од таа иницијатива пред се како одговор на одлуките на мнозинството на Советот и на Управните одбори на јавните претпријатија...

Continue reading

sednica

Доцнеше почетокот, но брзо дојде крајот

Post Views: 1 Педесет и втората седница на советот на општина Охрид според својот дневен ред набилдан со 39 точки, многу ветуваше, но малку понуди. Новинарите, а и јавноста очекуваа да дознаат дали  ќе се одлучи конечно да отпочне постапката за изградба на  долгоочекуваната катна гаража или не, но до оваа точка советниците не стигнаа. Десетина точки кои беа најинтересни меѓу кои и договор за Јавно приватно партнерство за изградба на катна гаража како и договорот за Јавно приватно партнерство за изградба на автобуска станица во општина Охрид не дочекаа по нив да се дискутира бидејќи...

Continue reading

sednica_sovet

Педесеттата седница на совет само што започна – заврши

Post Views: 4 На педесеттата седница на совет, советниците ги разгледуваа „Предлог Одлуката за усвојување на Извештајот за остварување на буџетот  за периодот од 01.01. до 30.06. 2012 година“, „Предлог Одлуката за усвојување на Извештајот за работењето на Одделението за даноци за периодот и „Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за работењето на Одделението за комунални такси за истиот период. Вообичаено најгоем интерс привлече првата тока која се однесува на шест месечниот извештај на буџетот на општина Охрид.   „Според она што го видовме сега кога сме на половина од годината,...

Continue reading

sovetnici

Локалната им должи на советниците

Post Views: 2 Локалната на советниците им должи 74 000 ден. Тоа се пари за неисплатени паушали за минатите шест месеци. Висина на паушалот е 70 проценти од просечната месечна нето плата во државава и зависи од големината на општината. Еден паушал на охридските избраници изнесува 14 000ден.  Советниците за својата работа последен пат пари зеле во декември минатата година.  Душко Јаковчески, претседателот на советот вели дека Градоначалникот им ветил дека во текот на летово парите ќе бидат исплатени. Советниците, а особено оние од ВМРО ДПМНЕ бараат што поскоро да им се подмири надоместокот....

Continue reading

star grad

Петрески: Законот за Охрид го кочи централната власт

Post Views: 3 Градоначалникот Петрески не остана покусо. Тој денеска на прес конференција, порача дека деталните урбанистички планови за старото градско јадро и за контактната зона , се наоѓаат во фиока во Завод и музеј и доколку таму си ја завршат работата до следната седница на совет, тој  истите уште во петок ќе ги стави на дневен ред. Со тоа Петрески ги отфрли обвинувањата на министерката за култура Канческа-Милевска, дека локалната е кочницата за неспроведувањето на Законот за Охрид. Петрески посочи дека работата кочи бидејќи веќе година дена предложените решенија за деталните...

Continue reading

sednica

Време е за советнички прашања

Post Views: 0 Година дена Советот на општина Охрид нема одржано седница посветена на советнички прашања. Реалните проблеми на охриѓани, никако да дојдат на дневен ред пред нивните избраници. Дејан Паноски, координаторот на советничката група на ВМРО – ДПМНЕ, вели дека повеќе од очигледно е дека не функционира механизмот со кој граѓаните доаѓаат до одговор на проблемот од кој се засегнати. Додава дека имаме себични седници каде се разгледува се, само не она што е од интерес на граѓаните. „Нормално е дека оваа Локална власт барем според тоа како се однесува не води сметка за реалните...

Continue reading

sednica

Каде е демократијата?

Post Views: 25 Најнедемократски чин во Охрид. Вака во кратки црти беше опишана 47 та седница на охридскиот совет, од советничката група на ВМРО – ДПМНЕ. Причина,  неподржувањето на двете предлог точки на оваа советничка група.  Едната, која се однесуваше на неспроведување на одлуката за рушење на дивоградба во Трпејца и другата, интерпелацијата на претседателот на Советот Душко Јаковчески. Координаторот Дејан Паноски, потенцира дека немале основ да присуствуват на седницата бидејќи не се разгледуваат критичните прашања кои ги засегаат граѓаните на Охрид. „Ова е врвот на нарушувањето...

Continue reading

sednica

Интерпелација, урбана опрема и паркинзи

Post Views: 2 Интерпелација на претседателот на Советот, новата програма за поставување урбана опрема, како и продолжување на работното време на угостителските објекти за време на претстојната туристичка сезона, се само некои од точките на кои ќе се расправа на наредната седница на Советот на општината, закажана за овој четврток. Неодамна советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција информираа дека ќе поднесат иницијатива за интерпелација за работата на Претседателот на Советот на Општина Охрид  Душко Јаковчески, како чин за демократска оценка за вистината за раководењето...

Continue reading

dul

Интрепелација нема, а разрешување може да побараат на секоја седница, вели Јаковчески

Post Views: 7 Претседателот на Советот, Душко Јаковчески, на прес конфренција ги изнесе своите ставови во однос на барањето на советниците од редовите на Вмро Дпмне кои бараат негова интерпелација. Ова е типично во нивен стил, дефукусирање на јавноста во моменти кога централната власт се соочува со бројни проблеми во надворешната политика, економијата и безбедоноста на земјата, рече Јаковчески. Нивното барање да се свика итна седница поврзана со состојбите во Трпејца не можев да го реализирам затоа што за тоа немаше предуслови. Нема итна седница, туку вонредна, која се свикува во...

Continue reading

sovetnici

Интерпелација за претседателот на охридскиот совет?!

Post Views: 3 Ќе има ли интерпелација за претседателот на Советот на Општина Охрид, Душко Јаковчески? Дејан Паноски координаторот на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција истакна дека веќе помина  деловничкиот рок до кога Претседателот на Советот на Општина Охрид требаше согласно член 42 од  Деловникот за работа на Советот да свика седница на Советот на барање на ¼ од советниците, но некој сакаше да избега од тоа и да го скрати правото на демократска расправа. „Советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, денес поднесува иницијатива за интерпелација за...

Continue reading

sovet ohrid

Вонредна седница на совет – нема да има

Post Views: 9   Случувањата во Трпејца е работа на инспекциите, а не на советот на општина Охрид, смета претседателот на советот на, Душко Јаковчески. Тој признава дека дописот кој вчера до него го поднел координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ го анализирал добро, по што заклучил дека нема основ, за овој проблем да се свика вонредна седница на совет. Јаковчески објаснува дека според статутот свикување на вонредна седница е предвидено во неколку случаи,  по барање на градоначалникот, по барање на 1/3 од советниците,  по самоиницијатива на претседателот на советот  или во...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top