Интрепелација нема, а разрешување може да побараат на секоја седница, вели Јаковчески

Претседателот на Советот, Душко Јаковчески, на прес конфренција ги изнесе своите ставови во однос на барањето на советниците од редовите на Вмро Дпмне кои бараат негова интерпелација.

 |  Валентина Неловска  | 
dul
dul

Претседателот на Советот, Душко Јаковчески, на прес конфренција ги изнесе своите ставови во однос на барањето на советниците од редовите на Вмро Дпмне кои бараат негова интерпелација. Ова е типично во нивен стил, дефукусирање на јавноста во моменти кога централната власт се соочува со бројни проблеми во надворешната политика, економијата и безбедоноста на земјата, рече Јаковчески. Нивното барање да се свика итна седница поврзана со состојбите во Трпејца не можев да го реализирам затоа што за тоа немаше предуслови. Нема итна седница, туку вонредна, која се свикува во два случаи, кога е загрозена безбедноста и сигурноста на граѓаните и во случај на вонредни околности, ги појасни законските одредби Јаковчески. Тој додаде дека деловникот и Стаутот на Советот не ja познаваат институцијата интерпелација на Претседателот на Советот. dudi

Интрепелација нема, а разрешување на претседателот на Совет може да побараат на секоја седница, вели Јаковчески. Доколку имаат мнозинство може да постават точка на седницата за мое разрешување, а тоа може да го реализираат со 13 советници“, истакна Јаковчески.

Претседателот на Советот кажа дека советниците од опозицијата можат да побараат негово разрешување на престојната седница на Советот. Јаковчески седницата ја закажа за 31 мај.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top