Педесеттата седница на совет само што започна – заврши

Наместо за 20, советниците на денешната педесетта седница дискутираа само за три точки од дневниот ред.

 |  Маленкова Татјана  | 
sednica_sovet
Седница совет

На педесеттата седница на совет, советниците ги разгледуваа „Предлог Одлуката за усвојување на Извештајот за остварување на буџетот  за периодот од 01.01. до 30.06. 2012 година“, „Предлог Одлуката за усвојување на Извештајот за работењето на Одделението за даноци за периодот и „Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за работењето на Одделението за комунални такси за истиот период. Вообичаено најгоем интерс привлече првата тока која се однесува на шест месечниот извештај на буџетот на општина Охрид.
   „Според она што го видовме сега кога сме на половина од годината, согледуваме дека буџетот за одредени ставки е 100 %  испразнет. Овде влегува ставката за јавна чистота за што немаме сознанија дали парите завршуваат само во ЈП или и во други приватни фирми. Спротивно на тоа сите работи кои во интерес на граѓаните како водоснабдителните работи и улици и патишта се со искористенот од 6 до 13 %“,обвинува координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ Дејан Паноски.

„Начинот на спроведувењето на општина Охрид во првата половина од 2012 год. уште една покажа дека sednica_sovetлокалната самоуправа од Охрид го гледа само од аспект на некакви интереси и тоа на пооделни групи, а не на граѓаните. Никаку поинаку не можеме да го разгледаме фактот дека 14 милиони денари од ставката за јавна чистота кој е сега годишен буџет на половина од годината се испразнети и потрошени без да има реални ефекти од тоа. Ова е прашење кое треба да се постави на многу поинаку, а не само на политичко ниво“, вели координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ Дејан Паноски.
 
Спротивно на овие обвинувања, координаторот пак на советничката група на СДСМ со сосема спротивно гледање на работите. Тој вели дека советниците од ВМРО ДПМНЕ на седницата воопшто не го обвиниле буџетот, затоа што како што појасна точката на дневниот ред не е буџетот туку  предлог извештај за усвојување на извештајот за шест месечна реализација на буџетот.

„Каков е, таков е буџетот. На денешната седница неговата реализација ни е претставена низ бројки и факти.Сметаме дека се работи за логична искористенот на средствата односно реализиција на буџет посебно во олку тешки односи и при само формална децентрализација“, вели советникот Томислав Тунтев.   

„Немаше критика за реализацијата на буџетот, туку општа за состојбите во градот, за празните улици. Но ова sednica_sovetе лична партиска перцепција на  ДПМНЕ и јас не слушнав релевантна критика на реализацијата на буџетот. Буџетот треба да се критикува кога се носи на почеток на годината, односно на крајот на календарската година и кога ние како советници ги усвојуваме развојните програми за секоја област кои стануваат составен дел од буџетот како приходна и расходна ставка. Научени сме ние во последниве четири години секоја одлука за реализација на буџет да слушаме паушални и субјективни отценки за состојбите но нема врска со реализацијата на буџетот“, смета советникот Томислав Тунтев.

 Советничката група на ВМРО ДПМНЕ реагираше и на точката која се однесува на Извештајот за работењето на Одделението за комунални такси.  Јованка Дамоска Секулоска истакна дека во матријалите кои ги добиле советниците стои дека општината има потпишано 29 договори со закупци на тезги на плоштадот, бројка што е далеку помала од реалната слика.  На овие обвинувања преставникот од одделение за комунални такси објасна дека одговорот за она што во моментов се случува треба да се бара во комуналниот инспекторат и секторот за внатрешни работи, а не кај нив.

Останатите 17 точки најавени за педесеттата седница на совет, советниците ќе ги разледуваат на продолжението на седницата кое претседателот на советот го закажа за во вторник. Една од поинтересните точки за која треба да се отвори дебата е и онаа која ја предложи советничката Дамоска Секулоска, а се однесува на новите паркинзи со наплата на ул Партизанска. Што за оваа, но и за останатите точки ќе одлучат советниците ќе видиме во вторник.     

{loadposition content9}
 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top