Post Views: 4
Се гради ново детско игралиште во дворот на OОУ„Григор Прличев“. На локацијата веќе се поставени најсовремени реквизити за забава и се врши поплочување на подлогата со бехатон плочки. На игралиштето ќе биде поставена и специјална гумирана подлога, која е во согласност со стандардите за безбедност.
Според планираното, откако ќе завршат активностите за уредување на ова игралиште, ќе започне изградбата на ново детско игралиште во населбата „Радојца Новичиќ“ во непосредна близина на новиот терен за баскет.
Претходно, ново детско игралиште беше изградено на пешачката патека...
Post Views: 1
Предлог одлуката за исплата на долгот на ОУ „Григор Прличев“ кон ЕВН ги раскара градските избраници. Од 36 те точки на дневен ред таа беше единствената точка по која советниците бурно расправаа. Координаторот на СДСМ Јован Стојаноски смета дека со тоа што 2 и пол години како советници кревале рака се согласувавале за исплата на долговите предизвикале само негативен повратен ефект, односно проблемот се ставал под тепих и овој пат тие гласаа воздржано, сметајќи дека еднаш пред јавноста треба да се отворат картите.
„Ние 4 години не најдовме решение за овој горлив проблем...
Post Views: 6
Лајонс клубот Десарети доби Еколошко катче. Сместено пред кабинетот на наставниот предмет биологија, новото еколошко катче ќе ги едуцира основците за екологијата и нејзината важност во заштита на природата. Тоа е донација на Лајонс клубот Десарети. Во рамки на одбележување на годината на јубилеи на лајонизмот, а согласно годишната програма на ЛК Десарети преку овој гест ќе ја подига еколошката свест, вели Сузана Наумоска, претседателот на ЛК „Десарети“
„Го одбравме училиштето„Григор Прличев“ кое нас денес буквално не изненади со овој проект колку може децата сами да...
Post Views: 14
Трето одделенците од ОУ „Григор Прличев“ денес беа во посета на регионалната телевизија ТВМ. Тие имаа можност да ги разгледаат сите простории, студијата, техниката, режијата, новинарскиот деск, аудито. Учениците се запознаа со техничко монтажната работа, работата на новинарите како и со снимањето на контактните емисии, дневникот. Наставничките кажаа дека целта на посетата е учениците да дојдат и конкретно да видат како изгледа една телевизиска куќа, бидејќи се тоа е застапено во нивната наставна програма. Учениците пак, покажаа голем интерес за запознавање со дел од...
Post Views: 2
Децата од основното училиште „Григор Прличев“ ја покажаа својата хумана страна. Со продажба на свои ракотворби и цртежи тие собираа пари кои ќе бидат наменети во хуманитарни цели. Ваквите акции ја развиваат нивната свест и желбата некому да се помогне. Нивната креативност и имагинација навистина воодушевуваат. Овој денешен хуманитарен велигденски хепенинг има и забавен карактер. Посетителите на штандот кој се наоѓа во просториите на маркетот Кам на ул. 7 Ноември ќе можат да уживаат во убавата предвелигденска атмосфера. На крајот има и еден симболичен натпревар во кршење...
Post Views: 0
Во пресрет на Нова година НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид вчера даруваше донирани книги за децата во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ во Охрид.
Претставничките на библиотеката на директорката на охридските градинки Мери Рилкова и подарија примероци од сликовниците од циклусот „Мила“ од авторката и голем донатор на книги Марија Џоџа Симон од Битола која живее во Германија, како и донирани книги од семејството на охридскиот автор Миле Волканоски „Добриот учител“ и „Приказна за штурецот и мравките“.
Post Views: 20
Во периодот од 14-18 март оваа година, наставници од ОУ „Григор Прличев”- Охрид, предводени од директорката Силвија Мојсовска го посетија ОУ „Песница” во градот Марибор, Р. Словенија.
Оваа средба е од меѓународен карактер организирана од ОУ „Песница” за соработка со училиштата ОУ „Григор Прличев”- Охрид, ОУ „Јован Поповиќ”- Белград и истоименото училиште од Крушевац, Република Србија.
Во рамките на оваа едукативна посета , наставниците има можност да ги согледаат сличностите и разликите во воспитно- образовните процеси на двете земји....
Post Views: 13
На општинскиот натпревар по физика кој се одржа на 18.02.2017 год. ученици од 8 и 9то одд. под менторство на наставничката Славица Јолакоска Таштаноска, обезбедија пласман на регионалниот натпревар и ги освоија следните награди:
Ана Димоска IX –I наградаЈана Петреска VIII –I наградаПетар Мишов VIII –I наградаСтефан Каланоски IX -II награда
18 ученици забележаа одличен успех на општинскиот натпревар по математика кој се одржа на 25.02.2017 г. Основците од „Григор Прличев“ освоија 9 први места , 6 втори и 3 пофалници.
Бисера Вранишкоска IV – I награда ментор:...
Post Views: 1
Непознати сторители утринава дивееле во дворот на ОУ „Григор Прличев“ во Охрид. При доаѓање на работа, вработените од училиштето забележале оган, во кој гореле клупи, столчиња, канти за губре, изработени од дрво кои служеле учениците да можат за време на одморите, да седнат. Настрадаа и дрвените клупи кои беа изработени за училницата во природа. Директорката Силвија Мојсоска револтирана е од ваквиот чин, вели дека редовно пријавуваат во полиција, но досега од таму не добиле повратен одговор дали досега се откриени некои сторители и што е преземено против нив.
„Ние...
Post Views: 1
Попушти потпорниот ѕид на ул. „Григор Прличев“. Студот, мразот, големата влага и температурните разлики причина за одронот на дел од ѕидот во стариот дел на Охрид. Мештаните велат дека состојбата е ваква веќе една недела и дека за проблемот ја известиле локалната самоуправа. Бараат надлежните служби да преземат нешто бидејќи потпорниот ѕид секој момент може да се урне.
Стручни екипи од Секторот за комунален развој извршија увид на терен и констатираа делумно оштетување на еден од потпорните ѕидови по должината на ул. „Григор Прличев“. По одржаните консултативни состаноци...
Post Views: 1
На одбележувањето на патрониот празник на ОУ „Григор Прличев“, синоќа беше потпишан меморандум за продлабочување на соработката на училиштето со Гете Институтот. Директорката Силвија Мојсовска потсети дека соработката со ГЕТЕ Институтот била започната пред 7 години и нивното училиште е едно од трите во Македонија каде што по една паралелка во генерација го изучува германскиот јазик.
„Користат разни модерни техники и инструменти за работа, опремија и една училница и ова е само едно продолжување на соработката бидејќи веќе има нова директорката, и со тоа продолжуваме...
Post Views: 2
Со панихида и положување на цвеќе на вечното почивалиште на Григор Прличев денеска беше оддадена почит на славниот ловороносец. Голем број охриѓани, ученици, советници и пратеници одадоа почит на истакнатиот македонски писател и преродбеник од 19 век. Денес, Охрид со низа активности го одбележа споменот на Прличев „Вториот Хомер“.
Во спомен куќата на Прличев градскиот хор ја изведе неговата поема 1762 лето, а беше промовирано адаптираното издание на Прличевата автобиографија од Славе Ѓорго Димоски. Слово за делото на Прличев како претставник на македонската книжевност...