Лајонс клубот Десарети донираше еколошко катче на ОУ „Глигор Прличев“

Ново еколошко катче во ОУ „Григор Прличев“. Околу 1100 ученици од ова училиште ќе осознаваат што трерба да се прави за да се подигне еколошка свест за зачувување на животната средина. Тоа им го овозможи Лајонс Клубот „Десарети“ кој донираше средства за овој еколошки проект.

 |   | 

Лајонс клубот Десарети доби Еколошко катче. Сместено  пред кабинетот на наставниот предмет биологија, новото еколошко катче ќе ги едуцира основците за екологијата и нејзината важност во заштита на природата. Тоа е донација на Лајонс клубот Десарети. Во рамки на одбележување на годината на јубилеи на лајонизмот, а согласно годишната програма на ЛК Десарети преку овој гест ќе ја подига еколошката свест, вели Сузана Наумоска, претседателот на ЛК „Десарети“

„Го одбравме училиштето„Григор Прличев“  кое нас денес буквално не изненади со овој проект колку може децата сами да направат и да створат, дел од нашата донација тука е навистина голема, а уште поголем е нивниот придонес во цртежи, избор, проекти“ -вели Сузана Наумоска, претседател на ЛК „Десарети“

Еко катчето е добредојдено за училиштето, вели психологот Анастасија Настеска. Таа смета дека со тоа ќе се обидат барем за миг децата да ги отргнат од мобилните телефони и социјалните мрежи.

„Сметаме дека овој дел малку ќе ни придонесе и ќе не поттикне нас наставниците пред се и децата од најмала возраст да вложуваат во екологијата и да веруваат во природата а пред се да ја чуваат“ – изјави психологот Анастасија Настеска.

Учениците навистина беа креативни во поглед на екологијата и нивната свест околу тоа.

„Ние се труддевме да направиме што е можно подобро катче за да имаме подобра средина во училиштето и да можиме да учиме“
„Ние изработуваме разни проекти, истражувањањ, биотопи, истражуваме на интернет со нашата наставничка на биолошките секции“
„Ние во училиштето учиме дека треба да се грижиме за животната средина како на училиште така и дома. Треба да им помогниме на загрозените видови да се заштитат“
„Во нашето училиште обработуваме прокти за заштита на животна средина и сакаме да се заштитени загрозените видови.“

Од ЛК „Десарети“, најавија дека секоја година еколошкото катче во ОУ „Григор Прличев“ ќе го помагаат, прошируваат и поддржуваат.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top