Ознака: општина

Општина Охрид нема пари да ја расчисти депонијата Мауцкер

Post Views: 1 Општина Охрид  нема пари да ја расчисти  депонијата Мауцкер за изградба на  слободна економска зона. Ова беше одговорот на градоначалникот Никола Бакрачески на прашањето на советничката од НСДП, Верица Хајба, која на последната седница на совет се интересираше зошто во Мауцкер не се изгради најавената слободна економска зона. Градоначалникот    одговори дека проценките на количината на депонираниот отпад и потребните  средства за расчистување  на отпадот на Буково покажале дека се работи за огромни количини депониран комунален отпад и градежен шут во износ од околу 40.000...

Continue reading

Бакрачески: Општина Охрид би поддржала проект,Банка за храна

Post Views: 2   Охрид има потреба од Банка за храна. Сиромаштијата била, е, и ќе биде присутна и понатаму, а факт е дека голем дел од храната од дистрибутивните центри, големите маркети како и од хотелско угостителските капацитети завршуваат на ѓубре. Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, вели дека досега не размислувале за реализација на еден ваков проект, но смета дека Локалната самоуправа на Охрид би можела да поддржи еден ваков проект. „Вака како идеја е допадлива, значи можеме да ја разгледаме да видиме колку таа е остварлива, одржлива,кои се механизми треба да ги вклучиме...

Continue reading

kuklena-pretstava

Преку куклени претстави, учат за дискриминацијата

Post Views: 0 Локалната агенција за развој од Струга, продолжува со реализацијата на проектот „Немој“. Преку единаесет кулклени претстави низ основните училишта во Струга и околните рурални заедници, најмладите  ќе учат како да ја препознаат дискриминацијата во секојдневниот живот. Неодамна основците од основното училиште „Страшо Пинџур“ од Вевчани учеа како да ја препознаат дискриминацијата, но од страна на своите наставници беа подучувани и како да реагираат кога ќе се сретнат со истата. Целта на претставите е  да им помогне на присутните да ги препознаат негативните дискриминаторски...

Continue reading

Општина Охрид го одбележува 11 -ти Октомври Денот на македонското народно востание

Post Views: 0 Охрид го одбележа 11 -ти Октомври и 75 годишнината од почетокот на  македонското народно востание. Во големата сала на општината се одржа свечена академија на која беа присутни голем број граѓани , членови на Сојузот на борци од НОАВМ и нивните следбеници, и претставници на локалната самоуправа.  Со почит  се сеќаваме на сите борци и херои, синови и ќерки на нашата татковина кои учествуваа во борбата за слободна и независна Македонија, рече градоначалникот Никола Бакрачески. Благодарение на нивната пожртвуваност во НОБ и антифашистичката револуција денес ја живееме слободата...

Continue reading

Општина Охрид: Главен виновник за целокупната лоша состојба „Проаква“ е СДСМ

Post Views: 9 „Очигледно ги живееме деновите кога СДСМ Охрид сериозно оптеретени од бремето на минатото, а во обид да ги исперат сопствените гревови, притоа обвинувајќи некој друг, се јавија во јавноста со смешен обид да добијат некој ситен политички поен, реагираат од Општина Охрид. „Со кое лице денес со соопштение се јавија оние кои прво ја доведоа „Проаква“ до банкрот со долг од 10 милиони евра, а потоа ја приведоа неговата продажба при крај со услов за бркање на 420 вработени, зголемување на тарифата на водата за 40% и формирање на ново претпријатие кое ќе ги преземе побарувањата...

Continue reading

Свикана шеесет и првата седница на Советот на општина Охрид

Post Views: 2 На ден 10.10.2016 година (понеделник) со почеток во 11,oo часот градските советници ќе расправаат по четири точки на шеесет и првото издание на седницата на Советот на Општина Охрид. Седницата ќе се одржи во зградата на Општина Охрид, а на дневен ред е предлог Одлуката за прифаќање на Иницијативата за експропријација на градежно земјиште во приватна сопственост заради изградба на објект од јавен интерес од локално значење – катна гаража. Потоа ќе се расправа и за предлог Одлуката за обезбедување на надоместок за експропријација на недвижнос, како и за две предлог...

Continue reading

Реакција на општина Охрид на прес конференцијата од СДСМ

Post Views: 0 Стана вообичаена пракса, а веројатно и премина во начин на политичко дејствување неколку дена после седница на Совет, СДСМ – Охрид да излезе во јавност со прес конференција на тема за која можело да се дискутира на самата седница на Советот на општина Охрид. Секогаш тоа го прават за тема за која не успеале да се соочат со фактите и аргументите понудени од другата страна или пак направиле некоја политичка грешка и на овој начин се трудат истата да ја исправат. Замислете на последната седница на Советот на општина Охрид кога на дневен ред дојде точката за донесување на...

Continue reading

СДСМ Охрид со ново обвинување кон Општина Охрид

Post Views: 3 Охридските социјалдемократи, денес на прес конференција излегоа со обвинување кон општинската власт. Велат дека лага е изјавата на Општина Охрид дека прична за блокираната сметка на Основното Училиште „Григор Прличев“ е огормниот наследен долг на општината. Охридските социјалдемократи потсетија дека на вонредната 33-седница одржана уште во 2014-та година на која се заседаваше за блокираната сметка на ова училиште конкретно за ситуација за која една седмица тогаш ЕВН ја имаше исклучено електричната енергија поради неплатен долг, вистината излегла на видело. „Тогаш вистината...

Continue reading

За утре најавена шеесетатта седница на Советот на Општина Охрид

Post Views: 9 Во обемниот дневен ред од сто и една точка, најбројни ќе бидат и точките од урбанистичката сфера, претежно за донесување урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградени објекти. Советот на утрешната седница ќе расправа и за одлуката за исплата на долгот на Основното училиште „Григор Прличев“ кон ЕВН Македонија за потрошена електрична енергија. Шеесеттата седница на Советот на општина Охрид ќе се одржи утре, среда, со почеток во 10,30 часот. Советниците ќе расправаат за распоредот на средствата во Буџетот на општина Охрид за 2016 година, потоа...

Continue reading

Општина Охрид распиша тендер за избор на изведувач на реконструкцијата на кеј Македонија

Post Views: 8 Наскоро треба  да започне  реконструкцијата на езерскиот кеј. Општина Охрид распиша тендер со кој бара изведувач на градежните работи на кејот. Рокот за доставување на понуди е до 12 октомври. Граѓаните го  поддржуваат ваквиот зафат но имаат и свои предлози. „На кејот му треба обавезно нов лик, но нема марина, а секоја година има се повеќе пловни објкети ,а нема каде да се остават. Пристаништето е разрушено  и срамота е што ништо не е направено“.„Апсолутно му треба реконструкција. И паркот треба да се поправи, доста работи има запоставено. Охрид е туристичко место доаѓаат...

Continue reading

skolo

Наставниот процес во општина Охрид тече без проблеми

Post Views: 3 Новата учебна година во сите општинските училишта во Охрид започна без проблеми. Нити еден од директорите на основните и средните училишта до општинскиот сектор за образование не пријавил било каков проблем со одвивањето на образовните активности. Од општинскиот сектор за образование, во кој нема општински иснпектор за образование, информираат дека се е во ред. Во прво одделение  стартувале 540 ученици, во основите училишта вкупно 4 898 ученици и 2 029 средношколци.  Случаи со  ученици чии родители не ги испратиле своите деца во задолжителното основно и средно образование...

Continue reading

540 првачиња од општина Охрид денес за прв пат седнаа во училишните клупи

Post Views: 13 540 првачиња од општина Охрид денес за прв пат седнаа во училишните клупи. Почетокот на новата учебна година за нив е и ново поглавје во нивниот живот. Завршуваат безгрижните детски денови и почнуваат школските обврски, учење и надоградување за еден ден да станат личности кои ќе придонесат за поголем квалитет на живеењето во градов. По повод стартот на новата учебна година, заменик градоначалникот Ангел Јанев го посети основното училиште „Св.Климент Охридски“, каде  на учениците им посака успешен почеток и постигнување на што подобри резултати. Започнува една нова...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top