За утре најавена шеесетатта седница на Советот на Општина Охрид

Во обемниот дневен ред од сто и една точка, најбројни ќе бидат и точките од урбанистичката сфера, претежно за донесување урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградени објекти. Советот на утрешната седница ќе расправа и за  одлуката за исплата на долгот на Основното училиште „Григор Прличев“ кон ЕВН Македонија за потрошена електрична енергија.

 |   | 

Шеесеттата седница на Советот на општина Охрид ќе се одржи утре, среда, со почеток во 10,30 часот.

Советниците ќе расправаат за распоредот на средствата во Буџетот на општина Охрид за 2016 година, потоа програмата за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија, како и одлуката за исплата на долгот на Основното училиште „Григор Прличев“ кон ЕВН Македонија за потрошена електрична енергија.

На дневен ред ќе бидат извештаите за работата и материјално – финансиското работење на основните и средните училишта и детската градинка „Јасна Ристеска“.

Најбројни ќе бидат и точките од урбанистичката сфера, претежно за донесување урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградени објекти во Коњско, Трпејца, Лескоец, Рамне, Велгошти, Пештани, Косел, Оровник и други рурални средини.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top