Post Views: 4
Општина Дебрца денес го одбележа Патрониот празник 3 октомври. Овој ден како што кажа градоначалникот на Дебрца, Игор Трајкоски, од претходните власти е прогласен за патрон според датумот на кој е потпишан Манифестот на АСНОМ, односно документот кога започнало правното движење на АСНОМ во далечната 1943 година во Црвена Вода.
„Денес на самото место во Црвена Вода беше положено свежо цвеќе по повод патрониот празник и во оваа сала се одржа една манифестација на која имаше настап на учениците од ОУ Дебрца кои ја исполнаа химната, рецитал, мое обраќање до присутните како...
Post Views: 2
Трета среќа. Оваа локална власт по трет пат во година и половина ветува дека граѓаните кои го користат градскиот превоз ќе добијат пристојно место за чекање. Во повеќе наврати пишуваваме дека автобуските постојки низ градов се во очајна состојба и дека охриѓани кои чекаат градски превоз најчесто се под ведро небо по што Локалната ветуваше дека за брзо овој проблем ќе биде решен. Последното ветување дадено во јуни беше дека со почетокот на летото Охрид ќе добие современи постојки. Летото помина, но со старите постојки. Сега Локалната со ново ветување.
–Изготвена...
Post Views: 1
Дел од приватните станоиздавачи денес протестираа пред општинската зграда изреволтирани од предлог измените на Законот за угостителска дејност. Меѓу другото со нив се предлага на физичките лица да не им се дозволува издаваат станови, соби или апартмани во колективни стамбени згради. Образложението на предлагачот на законските измени, ХОТАМ е дека на овој начин ќе се намали сивата економија кај лицата кои вршат туристичка дејност. Станоиздавачите бурно реагираа на овие забелешки со образложение дека тие се регистрирани и легално ја вршат оваа дејност а при тоа ги подмируваат...
Post Views: 1
Поголемиот број на корисници на смартфон своите телефони ги полнат секоја ноќ, но често се случува батеријата да не издржи ниту еден ден, така што некои своите телефони ги полнат и по два пати дневно. Новинарите од интернет страницата Phone Arena неодамна тестирале батерии на некои најпопуларни телефони на пазарот – новите модели на iPhone, Sony, Samsung, HTC и други, а на нивните тестирања како крал на издржливоста се покажал новиот модел на Sony Xperia Z3.
Со овој модел корисниците немаат потреба од дополнителни полнења, бидејќи за време на тестирањето (цело време...
Post Views: 7
Долгоочекуваната и долгонајавуваната градска марина преку јавно-приватно партнерство ќе се гради на потегот помеѓу каналот Студенчишта и хотелот Парк. Овој бил заклучокот од вчерашната средба во Скопје помеѓу градоначалникот Никола Бакрачески, претставници од Капетанија на пристаништата како и Министерството за транспорт и врски и Министерството за одбрана. Градоначалникот Бакрачески за ТВМ открива дека за оваа локација се решиле поради можноста на истата да бидат изградени и дополнителни објекти кои би ги користел приватниот партнер.
„Разговаравме околу можностите...
Post Views: 2
Општина Охрид бара начин како да ги подобри условите за давање под концесија на Проаква кои претходната локална власт ги прецизирала во пред договорот со шпанскиот конзорциум Аквалија. Ова денес го потврди охридскиот градоначалник кој пред два дена на седница на Совет како одговор на советничко прашање ги обелодени, како што кажа штетните услови од пред договорот, со кој ќе бидат оштетни локланата самоуправа, охриѓани, стужани и јавните претпријатија . Во пред договорот 4 точки се крајно штетни, напоменува Бакрачески.
Во делот на правата на Аквалија стои...
Post Views: 1
Фамозниот наследен долг од околу 35 милиони евра за прв пат во историјата на градот е намален, открива првиот човек на општина Охрид, Никола Бакрачески. Градоначалникот додава дека со овој факт треба да биде запозната охридската јавност, со цел да знае дека оваа локална власт уште од самиот почеток на мандатот се залага за решавање на овој горлив проблем, околу наследениот долг од претходната гарнитура.
„Она што збирно можам да го кажам во овој момент за вас како медиуми и за охридската јавност е дека долгот на општина Охрид после година и пол раководење со оваа Локална...
Post Views: 4
Секој астролошки знак има одреден дел од телото кој му е особено чувствителен и кој треба да биде третиран со поголема нега и грижа. Прочитајте што велат ѕвездите, за тоа кој дел од вашето тело заслужува посебно внимание.Ахиловата пета на хороскопските знаци.
ОвенОвните се осетливи на главата, па затоа се посклони на главоболки од сите останати знаци во зодијакот. Свеж воздух и длабоко дишење се двете нешта кои секогаш му се потребни на тврдоглавиот и импулсивен овен.
БикБидејќи бикот е најосетлив на грлото, често се соочува со отекување на овој орган. Тој секогаш...
Post Views: 1
Со два погодоци кои ги постигна со Гранада, феноменалниот Аргентинец стигна до голем јубилеј.
Имено, Лионел Меси во саботата ги постигна својот 400 и 401 гол во кариерата. Од своето деби (октомври 2004) за првиот тим на Барселона овој виртуоз постигна 359 голови во сите натпреварувања (Примера, Куп на кралот, Лига на шампиони, Супер-куп на Шпанија, Супер-куп на Европа, Светско клупско првенство). На ова треба да се придодадат 42 погодоци за репрезентацијата на Аргентина и сега е на бројка од 401 погодок во кариерата, пишува El Mundo Deportivo, “нечуено за играч со само...
Post Views: 0
Американската полиција и FBI сметаат дека со новите безбедносни опции со кој се штити приватноста на iPhone, овој телефон би можел да стане идеален за педофили и терористи.
Извршниот директор на Apple, Tim Cook, на 18 септември, на интернет страницата на оваа компанија објавил писмо со кое ги известува своите корисници дека во интерес на нивната безбедност и приватност направиле еден чекор напред. Чекорот се однесува на тоа што Apple нема да има повеќе можност да пристапи на податоците на телефоните на своите корисници, дури ни во случај кога имаат судски налог со кој...
Post Views: 2
Ќе се знае ли утре конечно локацијата на која треба да биде изградена долгоочекуваната, но и долгонајвувана и во секоја предизборна кампања користена марина? Градончаланикот на Општина Охрид, Никола Бакрачески на денешеното 28-мо издание на седницата на Советот на одговор на пратеничко прашање, го најави утрешниот состанок во Mинистерството за транспорт и врски, на кој тој, заедно со претставници од Охридската Капетанија и Министерството за одбрана, лично ќе присуствува. Бакрачески од говорницата кажа дека можноста за изнаоѓање извори за финансирање на марината ја одредува ...
Post Views: 2
Во чест на овој светски празник, Сојузот на борците на Охрид и Дебрца заедно со Локалната самоуправа од Охрид, денес го организираа Маршот на мирот, покрај кејот на езерото.
Животот во мир е придобивка која никако не треба да ја сфаќаме здраво за готово. Денес во пресрет на Меѓународниот ден на мирот Сојузот на борците на Охрид и Дебрца заедно со Локалната самоуправа од Охрид, го организираа Маршот на мирот, покрај кејот на езерото. Гоце Ѓоргиески – Претседател на Охридскиот Сојуз на борците од НОАВМ истакна дека правото на мир е од огромна важност особено во...