Ова е смартфон со најиздржлива батерија

Еден од најголемите проблеми на корисниците на смартфони е времетраењето на батеријата

 |  инфодеск  | 

Поголемиот број на корисници на смартфон своите телефони ги полнат секоја ноќ, но често се случува батеријата да не издржи ниту еден ден, така што некои своите телефони ги полнат и по два пати дневно. Новинарите од интернет страницата Phone Arena неодамна тестирале батерии на некои најпопуларни телефони на пазарот – новите модели на iPhone, Sony, Samsung, HTC и други, а на нивните тестирања како крал на издржливоста се покажал новиот модел на Sony Xperia Z3.

Со овој модел корисниците немаат потреба од дополнителни полнења, бидејќи за време на тестирањето (цело време уклучен екран и покренати апликации) батеријата на Z3 издржала дури 9,5 часа, додека, за споредба, батеријата на iPhone 6 Plus на истиот тест издржала 6,5 часа а iPhone 6 само 5 часа и 22 минути. Освен тоа што има издржлива батерија, Xperia Z3 е брз (има четиријадрен 2,5 GHz процесор), тенок и водотпорен, а има камера со 20 MP кој со опцијата PlayStation Remote Play, корисниците можат да играат видео игри со Play Station 4.

Благодарение на овие опции, Z3 би можел да биде еден од најсериозните кандидати за најдобар смартфон претставен оваа година.

На второ место на скалата за телефони со најиздржлива батерија се наоѓа моделот на Huawei Accend Mate 7, чија батерија издржала 9 часа и 3 минути – овој уред има поголем екран од Xperia Z3 (6 инчи во однос на екранот од Sony кој е со 5,2 инчи) и многу посилна батерија (4100 mAh во однос на 3100 mAh).

На трето место се наоѓа претходникот на Z3, Xperia Z2, чија батерија може да издржи 8 часа и 10 минути, а потоа следи најдобриот модел на Samsung Galaxy S5 (7 часа и 38 минути), па доаѓа наследникот на најдобриот телефон за 2013 година, моделот на HTC M8 (7 часа и 12 минути). По него следуваат iPhone 6 Plus, LG G3, Samsung Note3, Motorola X и на крај iPhone 6 и iPhone 5S.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top