Ознака: овој

palijativna nega

Отворен првиот центар за палијативна нега во Охрид

Post Views: 11 Охриѓани го добија првиот центар за палијативна нега. Овој оддел кој се наоѓа во склопот на геријатриското одделение при Општа болница Охрид ќе биде наменет за сместување и третирање на терминално болните лица, односно оние пациенти кои се борат со тешки и неизлечливи болисти. Министерот за здравство, Никола Тодоров рече дека овој проект го започнуваат поради евидентниот тренд на стареење на населението во земјава со што се повеќе ќе доаѓа до израз потребата од вакви центри. „Почнуваме во помали простории, со шест кревети, со тенденција во иднина да размислуваме за...

Continue reading

ohrid

Конечно ќе започне реализацијата на проектот Вотерленд

Post Views: 15   Конечно ќе започне реализацијата на проектот Вотерленд. Уште пред една година Општина Охрид заедно со Општина Воден, ФТУ од Охрид и ФТУ од Солун го изработија овој проект со кој аплициараа до ИПА фондовите од кои добија пари за истиот, но работите закочија кај документацијата. На почетокот на оваа година беше извршена ревизија на документите кои ги доставија Општина Охрид и ФТУ и од кога беа направени некои дополнувања и корекции се премина на наредната фаза, а тоа е потпишување на договорот. До крајот на месецов треба да заврши оваа процедура, а од почетокот на мај...

Continue reading

Дали е ова решението за празна батерија на телефонот?

Post Views: 2 Секој производител на паметни телефони се обидува да пронајде ултимативно решение и во новиот модел да вгради подобра, поквалитетна и поиздржлива батерија, но без оглед на тоа проблемот со празнењето на батеријата останува и понатаму. Досега се појавија приличен број, што подобри што полоши, идеи кој во иднина би можеле да ја анулираат фрустрацијата на брзо празнење на батеријата на смарт телефонот, и воглавно се работи за полначи на батеријата. Проектот кој го претстави дизајнерот Tsing Chin-Hsien би можел да го освои пазарот од повеќе причини и тоа: едноставен е за...

Continue reading

opstina

Локална:Имотот на Протуѓер е надвор од зоната на строга заштита на блатото

Post Views: 1 Како и за сите граѓани на Република Македонија така и во овој случај  нема ништо спорно во намерите на секој граѓанин да си го оствари своето неприкосновено право на сопственост, реагираат од Локалната самоуправа на изнесеното на прес конференцијата на СДСМ а во врска со Студенчишкото блато и имотот на шефот на кабинет на премиерот, Мартин Протуѓер. Ви ја пренесуваме писмената реакција од Локалната во целост: Општина Охрид во реализација на било која Урбанистичко планска документација, вклучително и предметната локација која се спомнува во пресот  на СДСМ – Охрид ,се...

Continue reading

Препознајте ги знаците кој витамин ви недостасува

Post Views: 0 Ако поради утврден недостаток на некој витамин одлучите да земете додатоци во исхраната, водете сметка да не ја преминете препорачаната доза на витамини. Би требало да се внимава и кога земате витамински препарати и разни додатоци во исхраната. Витамин Ц – Недостатокот на витамин Ц предизвикува склоност кон инфекции, изразени вени, модринки, склоност кон крварење. Ова се знаците при недостаток на овој витамин, а недостатокот може да се јави при физички и психички напори, за време на бременост и доење и при инфекции. Недоволно внесување на витамин Ц може да доведе и до...

Continue reading

ormance

Најнов „инвестиционен зафат“ на ЕВН?

Post Views: 16 Проблемот со заштитата на овој електричен објект, трае веќе неколку години иако жителите од оваа населба, информираат дека во неколку наврати реагирале до ЕВН Македонија, а исто така проблемот го актуелизирале во неколку наврати и преку медиумите.Овој објект се наоѓа на само десетина метри од детското игралиште каде се рекреираат најмладите жители од оваа населба. Треба ли да се случи некој сериозен инцидент за да од ЕВН конечно сфатат колкава е опасноста во овој случај или реакциите на јавноста конечно ќе допрат до нив? Во соопштенијата кои ги испраќа ЕВН Македонија,...

Continue reading

влада

Составот на новата влада

Post Views: 10 Мандатарот Никола Груевски синоќа до Собранието на Република Македонија ја достави владината програма и имињата на новите министри во новиот владин кабинет. Вицепремиерските места од ВМРО-ДПМНЕ ги задржуваат Зоран Ставрески и Владимир Пешевски. Гордана Јанкулоска останува на чело на МВР, додека Министерството за култура и натаму ќе го води Елизабета Канческа-Милевска.Никола Попоски, досегашниот амбасадор во ЕУ, ќе ја раководи македонската дипломатија, Никола Тодоров ќе биде прв човек на Министерството за здравство, а нов министер за образование и наука од редовите на...

Continue reading

vodomer

Охриѓани не добија електронски водомери

Post Views: 0 Охриѓани не добија електронски водомери. Проектот за замена на стари водомери со нови за далечинско отчитување не се реализира во Охрид. Целта на проектот беше граѓаните секогаш да добиваат точни а не паушални сметки за потрошена вода, навремено детектирање на аномалии во водоводниот систем , кражби на вода и дефекти. Инкасаторите не требаше повеќе да влегуваат во домовите туку со посебен апарат состојбата на броилото да ја отчитуваат од далечина од 200 до 300 метри. Нови електронски водомери од почетокот на проектот во градов биле инсталирани само во една зграда, открива...

Continue reading

zorica naumoska

Тим студенти од факултетот „Јустинијан Први“ со огромен успех на најголемиот натпревар по меѓународно арбитражно право

Post Views: 16 Тимот од студенти по право од правниот факултет „Јустинијан Први“, предводени од нивните професори и асистенти-тренери, со огромен успех на натпреварот по меѓународно арбитражно право Вилијам Це Вис во Виена. Дел од нив и охриѓанката Зорица Наумоска, која заедно со колегите Љубен Коцев, Марија Ангеловска, Константин Битраков, Маријана Станинова, Христијан Давидовиќ и Игор Тасевски го составуваше правниот тим кој успеа на овој натпревар, со постигнатото да се вброи помеѓу 32та најдобри светски универзитети по меѓународно арбитражно право. „Целиот натпревар, целите подготовки,...

Continue reading

mesokastro fudbal

Месокастрани подготвени за Велигденското дерби во фудбал

Post Views: 0 Традиционално и годинава за Велигден месокастрани ќе одиграат дерби натпревар во фудбал. Годинава тоа е јубилејно одосно одбележуваат, 55 години натпревари во фудбал на теренот од ОУ „Св Климент Охридски“. Старите но и младите месокастрани живеат за овој ден вели Стефан Здравески, познат по прекарот Циро. Здравески на само ден пред турнирот кажа дека со нетрпение чекаат да дојде недела 11 часот кога започнува фудбалскот дерби и наброја дел од плејадата месокастрани кои годиниве наназад учествувале на турнирот. „Секако дека се чуствуваме возбудено бидејќи 55 не е мал...

Continue reading

veligdenski hepening

Велигденски хепенинг во ОУ „Христо Узунов“

Post Views: 1 Во очи на големиот христијански празник Велигден во холот на ОУ „Христо Узунов“, традиционално на денешен ден, Велики Четврток, се оджа Велигденски продажен хепенинг.  Штандовите односно училишните клупи шаренеа од убавите детски изработки, малите уметнички дела и ракотворби изработени со вредните раце на учениците. Насекаде во холот на училиштето беше разлеана детската насмевка, детскиот џагор, и сите беа горди на се она што заедно го сработиле. Организатор на настанот се учениците, вработените во училиштето, со поддршка на Советот на родителите, вели Тони Симоноски...

Continue reading

asfaltiranje Elshani

Започна реконструкцијата на патот Елшани-Елешец вредна 7.610.000 денари

Post Views: 1 Тешката машинерија на градежната компанија АД Илинден од Струга, денес ја започна реконструкцијата на локалниот пат кој води од селото Елшани до автокампот Елешец. Оваа делница е со должина од 2258 метри, а во просек ќе биде широка четири метри. Градоначалникот Никола Бакрачески вели дека овој пат ќе биде асфалтиран со висококвалитетен асфалт со дебелина од 7 сантиметри, а во рамките на овој зафат, ќе бидат реконструирани и банкините. Бакрачески потсети дека овој локален пат не бил реконструиран четириесетина години. „Последна реконструкција на овој пат е некаде во седумдесетите...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top