Ознака: овие

fenerce

Ќе се вратат ли фенерчињата во стариот дел на градот?

Post Views: 0 Поставени пред околу триесетина години, фенерчињата во форма на стара охридска куќа ги осветлувале старите охридски сокаци. Се сметаат за заштитен знак на стариот дел на Охрид, но нив за жал се помалку ги има. Наместо ова традиционално обележје, сега локалната самоуправа поставува обични канделабри во форма на топка. Иако првичната намена им е иста, се чини шармот на старата охридска куќа е далеку посилен. „Поставени се пред сигурно повеќе од 30 години, во меѓувреме најголемиот дел од куќите во стариот дел на градот ги обновуваа фасадите или ги реновираа комплетно куќите,...

Continue reading

adora

Само делата се вистина

Post Views: 10 „Само делата се вистина“. Излезе од печат монографијата на „Адора Инженеринг“, по повод 10 годишниот јубилеј на компанијата. На 150 страници од монографијата ги забележавме сите успеси од една плодна деценија успешна работа на полето на градежништвото вели Чифлиганец. „Направивме над 1250 елитни станови, 1600 модерни паркинзи и 200 – 300 деловни простори и успеавме за овие 10 години. Успеав да направам компанија со сите брендови овие 10 години на 20 то место по успешност во Р. Македонија“. Тајната на успехот според Чифлиганец е од ништо да се создаде многу. Во неговата...

Continue reading

sednica

Експресно завриши продолжението на педесет и седмата седница на Советот на Општина Охрид

Post Views: 1 Експресно завриши продолжението на педесет и седмата седница на Советот на Општина Охрид. На седницата беа усвоени одлуките за програмите за работа на ЈП “Охридски Комуналец“ и ЈП “Градски гробишта “ за 2013 – та година. Директорот на Комуналец вели дека програмата за работа на ова претпријатие за 2013та се надоврзува на онаа од 2012та. И оваа година ќе се работи на подигање на јавната чистота па за таа цел многу скоро низ целиот град ќе бидат поставени канти за отпадоци. Сашо Алче вели дека и оваа година продолжуваат со реализација на проектот „Охрид град на цвеќето“...

Continue reading

skoda jeti

СВР се поднови…

Post Views: 2 СВР доби 11 нови возила, од кои 5 во Охрид. Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски открива дека се работи за современи возила опремени со современа техника  и технологија која им е неопходна на сите полициски службеници во извршувањето на службените обврски. „ Овие возила се опремени со тетра систем кој е најсовремен за комуникација помеѓу полициските службеници. Има и друга опрема која е неопходна за полициските службеници во делот на превземањето на своите овластувања. Од овие 11 возила, 3 ќе одат во ПС во Струга, 2 во Кичево, едно во Дебар, а 5 остануваат во Охрид....

Continue reading

deca sv.Gjorgjija

ВМРО-ДПМНЕ од Охрид денес го ширеше празничниот дух

Post Views: 1 Едно пакетче не чини многу, но една насмевка е бесценета. Денес функционерите од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го ширеа празничниот дух низ Охрид. Како поинаку освен со новогодишно пакетче. За таа цел тие денес ги посетија децата од центарот за згрижување на деца со посебни потреби во црквата Света Ѓорѓија. Децата со насмевка на лицето им посакаа добредојде, и им ги честитаа новогодишните празници. „Нема поголемо задоволство, нема поголема радост, ниту општествена сатисфакција кога на некои категории на лица кои живеат во општеството или на деца со посебни потреби...

Continue reading

svr

Пиротехничките средства, неизоставен дел од новогодишните празници

Post Views: 2   Звукот на петардите по се изгледа ќе го одбележат и овој дочек на Новата година. Деновиве насекаде по градов може да се слушне како некој се забавува пукајќи со овие опасни пиротехнички средства. Поради тоа од Секторот за внатрешни работи Охрид вршат интензивни и засилени  контроли на физички и правни лица со цел пронаоѓање на овие пиротехнички производи.Деновиве акции беа изведени во Охрид, Струга, Кичево и Дебар, при што беа пронајдени и одземени околу 28 000 парчиња најразновидни петарди и низа други  пиротехнички средства нелегално набавени и наменети за понатамошна...

Continue reading

sednica

Ривиера и Табана повторно ги разгореа политичките страсти

Post Views: 1 Советниците, денес  ги изгласаа и предлог одлуките за опфатот на нацрт уранистички планови за Ривиера и Табана. Овие нацрт  урбанистичките планови по втор пат ги разгореа политичките страсти. Додека за опозиционерите нацрт урбанистичките  планови немаат  законски согласности од институциите, за позицијата  се е легално. Од секторот за  урбанизам, просторно планирање и животна средина,  велат дека при изработката на нацрт плановите се испочитувани сите Законски процедури. „ При изработката на урбанистичките  планови мора да се земат предвид, од Завод и Музеј и Управата...

Continue reading

bakteriji

Во градинките зголемен број случаи со стрптококни ангини

Post Views: 12 Зимата е период кога вообичаено има зголемен бројот на пациенти со горно распираторни инфекции. Како причина за овие компликации се и климатските промени кои значително се изразени деновиве. Еден од факторите е и маглата која посебно им  прави проблеми на децата кои имаат  хронични опструктивни промени во вид на напади  на тешко дишење, свирење во градите , нарушување на општата состојба која мора долго да се лекува. Ваквите случаи не можат да поминат со  амбулантно лекување, туку  се препраќаат на детското одделение.  Но еве што посебно ги загрижува педијатрите. „Но...

Continue reading

sosedi

Секнаа средствата од ЕУ за партнерство со соседна Албанија

Post Views: 0 За невладините организации, јавните претпријатија, факултетите и  општините секнаа парите за партнерство со соседна Албанија. Одлуката да се пренаменат средствата од ИПА програмата за прекугранична соработка на Македонија и Албанија ќе има сериозен финансиски удар врз институциите за кои беа наменети. Неискористените средства од програмата за 2012 и 2013 година  ќе бидат пренаменети  за уредување на граничните премини во Дебар и Табановце, информира Гоце Симоноски, раководител на Тлер и  член на Мониторинг Комитетот. „ Реагиравме по однос на ова прашње до заедничкиот...

Continue reading

brza pomos

Нови возила, кров и простории за охридскиот здрвствен дом

Post Views: 13 Специјалните санитетски возила марка Рено за итна медицинска помош кои ги набави владата стигнаа и во Охрид. Директорот на здравствен дом Митко Дабески вели дека овие возила беа повеќе од неопходни за оваа здравствена институција, затоа што досега располагаа со возен парк стар 10 години, за кој месечно издвојувале многу средства за одржување.  Новите возила ја  имаат сета неопходна апаратура за интервенирање како  дефибрилатор, преносен аспиратор, вентилатор, ѕиден апарат за мерење на крвен притисок, балон за вентилација, сет за фрактури, реанимациона торба, автоматско...

Continue reading

arch. MIhail

Младите уметници ја возобновуваат старата уметност, иконографијата

Post Views: 1 Охридските зографи се прочуени по нивната умешност, по убавината на нацртаните фрески и икони кои ги красат нашите цркви. Оваа, по малку заборавена уметност ги пронајде своите возобновувачи. Млади, талентирани уметници, со стручна наобразба во уметничките центри во Белград, Софија, Букурешт, со својата мирна рака ги сликаат делата достојни на нивните надалеку познати претходници. Дел од нивните дела се изложени во Куќата на Робевци. „Во разговори со младите уметници, дојдовме до заклучок дека е паметно да се направи една таква изложба, и оваа изложба е трета по ред....

Continue reading

sv. kliment

Дваесетина деца од земјите на поранешна Југославија доаѓаат на гости во Охрид

Post Views: 7 За прв пат во градов се организира повеќедневен камп на деца од неколку градови од поранешните ЈУ простори. Основното училиште Св. Климент Охридски интензивно работи на подготовките на овј камп кој треба да се одржи од 4 до 8 декември, во неделата кога се одбележува и патрониот празник на ова училиште, но и на градот. Кампот го носи името  Боите на светлината, а на него ќе учествуваат деца од четири градови и тоа Пиран од Р. Словенија, Котор Р. Црна Гора и Кикинда и Белград, Р. Србија. Се очекува да пристигнат околу 20 деца заедно со своите ментори. Учениците ќе бидат...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top