Post Views: 7
Охрид заедно со Пловдив ќе развива образовен туризам. Овие два града веќе работат на создавање пакет аранжмани за учениците, студентите и професорите кои ќе можат да патуваат во Македонија и Бугарија и да се запознаат каков е образовниот систем во овие две земји. Идејата ни е сите училишта кои го носат името на Св. Климент Охридски заедно со универзитетот во Софија да можат да испратат ученици и професори во Охрид во посета на училиштата кои тука се викаат Св. Климент Охридски. На овај начин нашите ученици ќе ги видат убавините на Охрид , а вашите ученици на Пловдив...
Post Views: 0
Охриѓани дишат чист воздух без прашина. Ова го потврдуваат анализите од охридскиот Центар за јавно здравје измерени во месец октомври. Аерозагадувањето се мери на четири мерни пунктови низ градот во близина кај Општа болница, кај детската градинка „Јасна Ристеска“, кај автобуската станица и на северниот влез во градот. На последното мерно место каде што во близина има раскрница, надвозник и подвозник е забележано и највисокото загадување на воздухот. Тука биле евидентирани аероседименти во износ од 121, 85 mg/lit воздух. Оваа вредност е многу ниска во споредба...
Post Views: 10
Белвицата, крапот и плашицата од денес ќе можат да се купуваат по пониски цени. Концесионерот на Oхридското Езеро „Пастрмка 2012“ по повод претстојните православни празници и слави ја намали цената на овие видови риба кои охриѓани најчесто ги купуваат. Белвицата ќе се продава по цена од 250 денари за килограм, додека килограм крап ќе чини 200 денари, а килограм плашица 60 денари. Концесионерот на Охридското Езеро, Ристе Танасоски вели дека задоволни се од уловот и дека за овие две години од кога стопанисуваат со езерото многу е подобрена состојбата со рибниот фонд.
Ние...
Post Views: 1
Мистериозните кратери кои се појавија оваа година во Сибир ги поттикнаа бројните теории за нивното потекло. Научниците сега веруваат дека ги предизвикале подземни експлозии на гас, а ова објаснување би можело да ги објасни многубројните исчезнувања на бродови и авиони во контроверзното подрачје познато како Бермудски триаголник, пишува Daily Mail.
За трите големи сибирски дупки се тврдеше дека се дело на човек, последица од паѓање на метеори, но и од залутани ракети. Но, откако се сондираше најголемиот кратер, научниците соопштија дека дупката е последица на подземна...
Post Views: 3
Дел од најпознатите британски телевизиски ѕвезди се осмелија да се разголат за списанието “Best”, за да докажат дека без разлика на возраста, секоја жена е убава и не треба да биде дискриминирана заради нејзините години.Ѕвездите зборуваа за начинот на кој жените, без разлика на нивниот талент, може да бидат одбиени за улоги пред камера само затоа што продуцентите мислат дека тие се многу стари.
Овие ѕвезди, со својата разголена фотосесија, сакаа да докажат дека секоја жена е прекрасна, без разлика на возраста, па така, во интервјуто кое беше објавено под...
Post Views: 3
Apple вчера официјално објави дека за една недела ќе одржи конференција на која ќе претстави нови производи, и готово сигурно е дека тоа ќе бидат новите модели на iPad, а веројатно подобрени модели на iMac и Mac компјутери. За љубителите на Apple најинтересни ќе бидат информациите за новиот модел на iPad Air кој во продажба би можел да се појави до крајот на октомври.
Овој модел би требало да има помоќен хардвер (нов А8 процесор), подобра камера и touch ID сензор за препознавање на отпечатоци од прсти. Кон крајот на минатата недела на еден виетнамски блог се објавени...
Post Views: 1
Јавното претпријатие „Нискоградба“, денес започна со поставување на фекална канализација на улицата „Прва македонска ударна бригада“.
Претходно фекалиите од оваа улица се пренасочуваа кон споредните улици „Трајче Дојчиноски“ и „Александар Гушо“, па поради тоа доаѓаше до преоптоварување на канализацијата што резултираше со застои и излевање на фекалии.
По апелите од жителите кои живеат на овие улици, за решавање на проблемот, со ново предвидената фекална канализација, која е со профил ф300 и со должина од 150м и за која се предвидени шест ревизиони шахти, овај долгогодишен...
Post Views: 0
Реакција од Локалната самоуправа на изнесеното на прес конференцијата на OO на СДСМ. Реакцијата Ви ја пренесуваме во целост:
СДСМ Охрид продолжува упорно да прави репризи на своите јавни настапи и прес конференции и со нив да покажува отсутност од случувањата во градот и администрацијата, и да поставува исти прашања на кои и самата го знае одговорот бидејќи нивните советници добиваат одговори за се што ќе пројават итнерес, па така и за овие прашања.Во оваа партија добро знаат дека градбата на новата автобуска и домот за стари лица се во фаза на добивање на сите потребни...
Post Views: 4
Во тајната Х – лабораторија на Google некои од најдобрите инженери во светот работат на проекти кои во иднина би требало да нѝ ги сменат нашите животи, како автомобилот без возач, беспилотните летала за достава и проектот Ara кој би требало да го променат светот на смартфоните – наместо класичен смартфон, овие уреди се состојат од модули во кои се сместени поединечни компоненти (процесор, меморија, камера и слично). Така корисниците ако сакаат на пример подобар процесор ќе го заменат само модулот каде се наоѓа процесорот. Проектот Ara сеуште е во развоен процес и не...
Post Views: 1
Дали и вие цртате разни нешта додека разговарате на телефон? Дејвид Спенсер, американски психолог, тврди дека врз основа на тие чкртаници може да откриеме многу нешта за својот карактер.
1. Спирали, непрекинати линииОвие лица често се вртат во круг. Никаде не брзаат и не сакаат брзи почетоци и завршетоци. За пријатели бираат паметни и по малку таинствени лица склони кон филозофирање. Ова се лица кои немаат јасна визија за иднината туку и се препуштаат на случајноста.
2. Цвеќе, сонцеПолни со оптимизам, на овие луѓе сите им завидуваат. Секогаш се добро расположени, па...
Post Views: 3
Охриѓани треба особено да внимаваат на начинот на исхрана, на зголемување на нивната физичка активност и добрата едукација за здравјето на срцето. Според статистиките на Центарот за јавно здравје од Охрид, 65 проценти од смртните случаи во градов се како последица на некакво кардиоваскуларно заболување. Со овие бројки, охриѓани се наоѓаат над државниот просек.
Денес, Центарот за јавно здравје го продолжи одбележувањето на Светскиот ден на срцето.
„Како увид во однос на кардиоваскуларните заболувања најголем број, односно со најголем процент се застапени меѓу постарите,...
Post Views: 7
Извештаите за работењето и остварените резултати за првата половина од 2014 година на јавните претпријатија, за некои советници одраз на позитивен тренд во овие претпријатиа, а за некого сеуште показател на тешката состојба и проблемите со кои истите се соочуваат. Советникот од ЛДП, Дејан Блажески рече дека тие како опозиција не се задоволни бидејќи побарале да им се достави образецот за задолжувањата на јавните претпријатија како и информации околу направените трошоци во истите, но ништо не добиле од тоа.
ЈП имаат сериозни проблеми и потребен е еден радикален рез и...