Дали е решена мистеријата на Бермудскиот триаголник?

Се чини дека кратерите во Сибир и Бермудскиот триаголник се “далечни роднини”

 |  инфодеск  | 

Мистериозните кратери кои се појавија оваа година во Сибир ги поттикнаа бројните теории за нивното потекло. Научниците сега веруваат дека ги предизвикале подземни експлозии на гас, а ова објаснување би можело да ги објасни многубројните исчезнувања на бродови и авиони во контроверзното подрачје познато како Бермудски триаголник, пишува Daily Mail.

За трите големи сибирски дупки се тврдеше дека се дело на човек, последица од паѓање на метеори, но и од залутани ракети. Но, откако се сондираше најголемиот кратер, научниците соопштија дека дупката е последица на подземна експлозија на гас.

“Загревањето на површината поради необично топлите климатски услови доаѓа до геолошки линии на раздвојување, а тоа пак доведува до огромни испуштања на гасовити хидрати. Тоа се облици на вода слични на мраз кои содржат молекули со гас, главно метан”, објасниле научниците.

Ослободувањето на хидратите со гас биле главен елемент за создавање на кратерите, сметаат научниците. Тие хидрати освен во регионот на Сибир, во некои делови од светот постојат и на дното од окенаите.

Бермудскиот триаголник се наоѓа помеѓу Бермудите, Флорида и Порторико во Атлантскиот океан, а несреќите кои се слчувале таму би можеле да бидат последица на реакцијата на овие хидрати со гас, тврди рускиот научник Игор Јелцов. Хидратите во еден момент почнуваат активно да се распаѓаат, а со тоа метанскиот мраз се претвора во гас. Тоа наликува на нуклеарна реакција и произведува огромни количини на гас. Последица е загревање на океаните, а бродовите почнуваат да тонат под влијание на тоа ослободување на гас. И воздухот во тоа подрачје станува презаситено со метан поради што атмосферата станува изузетно турболентна што доведува до паѓање на авионите.

Во извештаите за овие тврдења, сибирските кратери се нарекуваат далечни роднини на Бермудскиот триаголник.

Имено, Државната канцеларија за океани и атмосфера на американската влада, за несреќите на подрачјето на Бермудскиот триаголник ги обвинува времето и навигацијата. Тврдат дека бројот на исчезнати бродови и авиони на тоа подрачје, не се разликува од остатокот од светот. Теоријата за мистериозна натприродна сила која влијае на несреќите, ја нарекуваат мит.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top