Ознака: нови

Георгиески ветува нови инвестиции за партерно уредување, нови инфраструктурни содржини за прошетки и рекреација

Post Views: 3 „Во текот на престојниот мандат предвидуваме низа нови инвестиции за партерно уредување и формирање на нови инфраструктурни содржини за прошетки и рекреација, кои ќе имаат големо значење и ќе придонесат за туристичкиот развој на Охрид“, истакна на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник на Охрид од коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ, Константин Георгиески. Тој најави дека е подготвено идејното решение за изградба на нова пешачка патека од дрвен материјал што ќе се протега од Градското пристаниште до населбата „Канео“, изградена...

Continue reading

protest

И струшките средношколци кажаа „не “ за лошите реформи во образованието

Post Views: 0 Струшките средношколци од сите етникуми денес се приклучија на протесниот марш против екстерно и математика како трет задолжителен предмет од државната матура. Стотина ученици од двете гимназии во Струга „Нико Нестор“ и „Ибраим Темо“ го кажаа своето „не“ за лошите реформи, и со кренати транспаренти извикувајќи „Доста беше молк“, „Не за математика“, „Ние сме иднината“, продефилираа од чаршискиот мост по двата кеја на реката Црн Дрим, и низ струшката чаршија. „Бараме да не е задолжена математика, односно бараме да се воведе стариот начин на полагање на матурата, бараме...

Continue reading

sediste UN

Избрани новите непостојани членки во Советот за безбедност на ОН

Post Views: 1 Избрани се петте нови непостојани држави членки на Советот за безбедност на Обединетите нации за периодот 2009-2010 година. За единственото место предвидено за азиска држава е избрана Јапонија, која освои 158 гласови, а конкурентот Иран 32, соопшти вечерва претседателот на Генералното собрание на ОН Мигел Декото. Во групата на Европа за непостојани членки се избрани Австрија и Турција, а Исланд беше елиминиран. Од групата на Латинска Америка и Африка, беа избрани единствените кандидати Мексико и Уганда.

Continue reading

Merriot hotel

Ќе има нови напади на исламските екстермисти

Post Views: 0 Исламистичката група која ја презеде одговорноста за нападот врз хотелот „Мариот“ во Исламабад, се закани со нови напади ако Пакистан не ја прекине соработката со САД.Во телефонска порака до новинари, групата „Федаин ал ислам“ го споменува сопственикот на „Мариот“ по име. „Сите оние, кои ги олеснуваат американските и натовските крстоносци како сопственикот (Саддрудин) Хасуани, ќе продолжуваат да добиваат удари“, се истакнува во пораката, напишана на англиски јазик. Данската служба за разузнавање и безбедноср соопшти вчера дека нејзин службеник загинал во бомбашкиот напад...

Continue reading

Реконструкција на постојните и изградба на нови регионални и локални патишта во Југозападниот плански регион

Post Views: 0 Реконструкција на постојната и изведба на нова патна мрежа, подготовка на техничка документација за локални и регионални патишта за 2019, најавуваат од Центaрот за развој на Југозападниот плански регион. 8 -те одобрени регионални проекти тежат околу 1 милион евра, а се наменети за повеќе општини од планскиот регион, од повеќе извори на финансирање, вели директорот на Центарот Мирјана Лозаноска. Извори за финансирање на одобрените проекти се Швајцарската агенција за развој и соработка, Министерството за Локална самоуправа и Бирото за регионален развој за 2019, како и...

Continue reading

Од денес нови цени на нафтените деривати

Post Views: 1 Регулаторна комисија одлучи цените на бизнините да се зголемат, а на нафтата да се намалат.Со тоа, од ноќеска на полноќ малопродажната цена на еуросупер БС-95 ќе биде повисока за еден денар и ќе изнесува 71,5 денари за литар, додека БС-98 се зголемува за 1,5 денари и ќе изнесува 73,5 денари за литар.Дизелот се намалува за половина денар и од денес ќе се продава за 56,5 денари за еден литар, а екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 45,00 ден/лит.Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,053 ден/кг, во однос на цената утврдена согласно Одлуката од...

Continue reading

Пронајдени нови сознанија за поврзаноста на Михајло Пупин и Охрид

Post Views: 0 Историските архиви кријат многу податоци за поврзаноста на Михајло Пупин и Охрид, вели историчарот Проф. д-р Павле Митерски кој го истражувал животот и делото на Михајло Пупин и е автор на неколку книги за светски познатиот научник. Професорот дошол до нови историски факти за повразностана научникот и некогашен Охрид. Едно од сознанијата е што охриѓани го прогласиле Михајло Пупин за почесен граѓанин на Охрид. Повелбата ја испратил тогашниот градоначалник, охриѓанецот Темко Поповиќ, дипломат и книжевник од крајот на 19 и почетокот на 20 век. „ Одлуката на советот на град...

Continue reading

НОВИ ЛОКАЦИИ СО БЕСПЛАТЕН ИНТЕРНЕТ ВО ОХРИД

Post Views: 1 Во согласност со Годишната програма на Секторот за Туризам и Локален Економски Развој на Општина Охрид, поставена е опрема и пуштен е во употреба Hot Spot бесплатен интернет на уште две нови локации пред црквата „Света Софија“ и на кеј „Македонија“ во Охрид. Минатата година Hot Spot бесплатен интернет беше поставен на плоштад „Св. Климент Охридски“, на плоштад „Крушевска Република“ и на локалитетот „Плаошник“. На овој начин посетителите, туристите, ќе имаат можност бесплатно да користат WiFi интернет со цел добивање на информации за туристичка понуда, календар на настани,...

Continue reading

Зградата на ОУ Св. Климент Охридски ќе добие нови врати и прозори

Post Views: 0 ОУ Св. Климент Охридски ќе биде реновирано до почетокот на новата учебна година. Старата дотраена дограма ќе биде заменета со нови врати и прозорци со што зградата ќе добие енергетска ефикасност. Овој проект е еден од 8 -те одобрени преку Центарот за Југозападен плански регион во вредност од 62 милинони денари или 1 милион евра за 7 општини, информира Мирјана Лозаноска директор на Центарот за Југозападен плански регион. Некои проекти се почнати со реализација, за други се во тек тендерски постапки, за некои постапките се завршени, а за други се при крај, укажува Лозаноска. „Улицата...

Continue reading

ulici Struga

Струшкиот градоначалник го раскина договорот со старите и ангажира нови фирми да го чистат снегот од струшките улици

Post Views: 7 Струшкиот градоначалник, Зијадин Села бара спас од проблемите со снегот, со ангажирање на нови фирми за чистење на снегот од улиците. Неговата одлука во најголемите снегови да го раскине договорот со двете фирми кои претходно беа ангажирани да го расчистуваат снегот од струшките улици, предизвика големи контроверзии во јавноста. Ваквата одлука, тој ја правда тврдејќи дека фирмите не ги испочитувале условите во договорот кој го склучиле со општината. Во него, меѓу другото, стоел и условот, овие фирми да започнат со чистење на снегот кога истиот ќе достигне висина од 5...

Continue reading

КОСТАЛ најави нови вработувања во Охрид

Post Views: 2 Се проширува Костал во Охрид. Германската инвестиција  ги прошири  своите погони, градејќи нови хали и канцеларии  во Косел кај поранешен ЕМО. Заврши првиот циклус на инвестиции, а веќе е потпишан  договорот за втората фаза од инвестицијата,  која ќе изнесува над 40 милиони евра. „Ние како држава ќе продолжиме и понатаму да ги привлекуваме странските инвеститори тие да соработуваат со домашните компании. Но такви странски инвеститори кои што ќе вработуваат луѓе со високо образование ќе отвораат високо платени работни места. Денеска слушнавме дека 42% од вработените во...

Continue reading

Нови зони и цени за паркирање ќе стартуваат со новиот летен режим на сообраќај

Post Views: 1 Зонското паркирање и висината на цените за користење на јавниот паркинг простор беа дел од денешните точки на Дневен ред на градскиот совет. Со новиот летен режим на сообраќај се предвидуваат измени во зоните на паркирање. Тие треба да стават ред во сообраќајниот метеж кој се јавува во екот на туристичката сезона. Од ова лето ќе има зона А која ќе остане само на улицата Македонски Просветители, а се проширува зона Б со поевтина цена на паркинг од досегашната. Се воведува и премиум зона на паркирање на потегот од пошта до кружниот тек во центарот на градот по цена од...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top