Зградата на ОУ Св. Климент Охридски ќе добие нови врати и прозори

По завршување на туристичката сезона ќе стартува  уредувањето на просторот кај Табана и реконструкција на дел од улицата Коста Абраш. Наскоро се очекува да се започне изградбата на пешачката патека од Саат Кулата  кон Горна Порта. Проектите се дел од 8 -те одобрени преку Центарот за Југозападен плански регион . 

 |  Валентина Неловска  | 

ОУ Св. Климент Охридски ќе биде реновирано до почетокот на новата учебна година. Старата дотраена дограма ќе биде заменета со нови врати и прозорци со што зградата ќе добие енергетска ефикасност. Овој проект е еден од 8 -те одобрени преку Центарот за Југозападен плански регион во вредност од 62 милинони денари или 1 милион евра за 7 општини, информира Мирјана Лозаноска директор на Центарот за Југозападен плански регион. Некои проекти се почнати со реализација, за други се во тек тендерски постапки, за некои постапките се завршени, а за други се при крај, укажува Лозаноска.

„Улицата Коста Абраш и плоштадот Табана ќе почнат од септември. Заради туристичката сезона не може да се изведуваат градежни зафати на места кои се фрекфентни. Тендерската постапка е завршена, но работите ќе почнат по завршување на сезоната“, напоменува Лозаноска за старт на дел од одобрените проекти за општина Охрид.

Според одобрен проект за малиот плоштад, Табана ќе биде поплочен простор, со амбиентално осветлување и урбана опрема. Уредена ќе биде и атрактивната локација на потегот од Саат Кулата до Горна Порта. За овој проект обезбедени се средства од швајцарската агенција за развој и соработка заедно со Министерството за Локална самоуправа.

„ Таа патека ќе се работи. Денес заврши електронската аукција и се очекува на почетокот од август да се воведе во работа оператороти д а почне да се гради. Таа е патека со камени плочи , иста како онаа што ја градевме минатата година од Саат Кулат до Св Сава, старата училишна зграда.Ова е заокружување од другата страна од Саат кулат до Горна Порта. На патеката со должина од 410 метри ќе се постави улично осветлување со 20 канделабри со фенерчиња во охридски стил“, кажува Лозаноска.

Извори за финансирање на одобрените проекти на Центарот за Југозападен плански регион покрај Швајцарската агенција за развој и соработка, се Министерството за Локална самоуправа и Бирото за регионален развој за 2019, како и Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top