Ознака: Македонија

ohrid

Охрид на прво место по бројот на иселени лица

Post Views: 5 Се поголем број млади луѓе го напуштаат градов. Овој факт загрижува и отвара многу прашања. Каде младите охриѓани  ја гледаат својата иднина, овде или во странство.  Колку тие се задоволни од можностите кои ги нуди градов за вработување и за обезбедување егзистенција. -Јас сакам да останам во градов и тука да ја градам својата иднина, вели една млада охриѓанка. -Го сакам градов но ако во странство ми се понудат подобри можности можеби би заминал, не сум размислувал за тоа, кажува еден средношколец. -Јас сум патриот и сакам да останам во земјава, а им советувам и на останатите...

Continue reading

med

Во Прилеп за првпат ќе се одржи фестивал на медот

Post Views: 1 Прилеп конечно ќе го добие својот фестивал на медот, во организација на пчеларското друштво од овој град. Манифестацијата ќе се одржи на 23-ти септември, а ќе трае три дена. Планирано е во центарот на градот да бидат поставени триесетина штандови, на кои свои производи ќе може да изложуваат, не само пчеларите од Прилеп туку и од цела Македонија.„Нашата цел е да го промовираме македонскиот мед и да го иницираме поголемото користење на медот како здрава храна и нашиот проект се вика Медот – инвестиција во вашето здравје“, изјави Сашо Зафировски, координатор на фестивалот. Пчеларите...

Continue reading

Visar Morina

Почнува снимањето на „Татко“

Post Views: 8 Во среда, 2‐ри јули 2014, во Охрид ќе почне снимањето на играниот филм „Татко“ ‐ копродукција помеѓу Германија, Косово и Македонија, инаку режисерско деби на Висар Морина, кој е и автор на сценариото. „Татко“, преку уникатниот лик на Нори, десетгодишното момче кое е приморано прерано да созрее, дава еден поинаков приказ на Косово во деведесеттите години на минатиот век. Нори претрпува големи загуби и храбро се соочува со потезите на судбината. Но, по прераната смрт на неговата мајка, тој не може да прифати да биде напуштен и од својот татко Гзим. Нориевата детска истрајност...

Continue reading

makedonska kujna

Кој е гладен, подобро да не гледа!

Post Views: 0 „Македонија, мала земја – голема храна. Македонија, вечна!“. Ова е слоганот за најновиот видео материјал кој ја промовира Македонија со преубавите национални јадења. Не можете да останете рамнодушни и „веднаш ви проработува стомакот“ веднаш штом ќе го видите видео материјалот исполнет со прекрасните специјалитети препознатливи за нашето подрачје.Во видео материјалот како понуда за јадење добивате преубави македонски сирења, македонска тава, охридската пастрмка, традиционалното гравче тавче, познатата штипска пастрмајлија, а секако тука е и преубавата македонска...

Continue reading

logo

Во Охрид ќе се организира Лидерска академија за жени

Post Views: 5 Врвни обучувачи од Германија, Турција, Португалија, Холандија, Нов Зеланд, САД, Хрватска, Данска, Литванија, Италија и Македонија ќе бидат дел од првата „Лидерска академија за жени“, која од 16-25 јули 2014 година ќе се одржува во Охрид. Оваа академија е во организација на клубот „Сороптимист“ од Струга со поддршка на Унијата на Сороптимист од Република Турција. Повикот за учество на академијата е сеуште во тек и истиот ќе биде отворен до 7-ми јули 2014 година. На овој повик ќе може да се пријават девојки и жени на возраст од 18 до 30 години -Академијата ќе опфати 32...

Continue reading

mnistri kultura

Министрите за култура од земјите од ЈИЕ ја јакнат културата во функција на развојот

Post Views: 1 Министрите за култура земјите од Југоисточна Европа  ќе градат заеднички платформи за јакнење на културата во функција на развојот. На првиот состанок на Советот на министри за култура од овие земји на кој домаќин е токму нашиот град, тие ја добија и поддршката на УНЕСКО. Генералниот директор на оваа институција, Ирина Бокова, истакна дека учеството и значењето на Република Македонија во зајакнување и одржување на меѓународната соработка во областа на културата е навистина значајна. „Имаме солидна основа на соработка, само да споменам дека Македонија е членка на извршниот...

Continue reading

сала

ЈП „Билјанини Извори“ времено го реши проблемот со струјата

Post Views: 2 Проблемот со електричното напојување во ЈП „Билјанини Извори“, времено решен. Откако на 16 јуни ЕВН ја исклучи струјата во објектите на Билјанини Извори поради неплатен долг, од ЈП излегоа само со информација за колкава сума станува збор и дека истата била наследена. Директорот на претпријатието Ристе Мише неколку дена додека наводно се одржувале состаноци со претставници на ЕВН не даваше никакви коментари. Денес обелодена како дошло до временото решение. „Од понеделникот ЈП „Билјанини извори“ повторно е приклучено со напојување со електрична енергија, благодарение на...

Continue reading

Tiesto

Грците му се налутија на Тиесто затоа што го сака македонското знаме

Post Views: 5 Македонските и грчките обожаватели на светски познатиот диџеј Тиесто се судрија на Фејсбук, откако ѕвездата на својот профил на мрежата напиша дека го сака македонското знаме и до текстот објави слика од нашето знаме, кое самиот го фотографирал со својот мобилен телефон. Ваквиот потег што холандскиот диџеј го направи по последниот настап во Скопје пред десетина дена, ги налути неговите обожаватели од Грција, кои неговиот профил на Фејсбук го преплавија со коментари дека името на нашата држава не е Македонија, туку ФИРОМ и дека не треба да ја поистоветува нашата држава...

Continue reading

BG tablicki

Утре протести против пререгистрацијата на возилата со бугарски таблички

Post Views: 5 Поттикнати од успехот во Србија, Бугарската ВМРО на Каракачанов за утре најавува протести на бугарско – македонската граница како револт против македонските власти, за како што велат проблемите што им ги создавале на граѓаните кои поседуваат бугарски возила. Како што пренесува бугарската агенција Фокус, во партиското соопштение се вели дека протестот е против македонската влада затоа што ги терала сопствениците на вакви возила да ги променат бугарските со македонски регистарски таблички.Паралелен протест утре ќе се одржува на пладне и во Скопје, прво пред Владата...

Continue reading

kolonija

Јубилејна ликовна колонија „Дебрца“

Post Views: 1   Денес отпочна интернационалната ликовна  колонија Дебрца, која годинава е во знакот на 30 тото јубилејно издание.  Селото Белчишта преку уметничките дела од колонијата претставува бисер на општина Дебрца нагласи Игор Трајкоски, првиот човек на општината. „Ова творештво во изминативе години претставува особено богатство каде мотивот е земен од самата општина без разлика на какви техники на творење се земени битно е претставено тоа што се наоѓа во нашава општина Дебрца“ – рече Трајкоски. Манифестацијата уште од самиот почеток имаше цел, на пошироко ниво да го развива...

Continue reading

francuski festival

Бледнее сјајот на Фестивалот на француски филм во Охрид

Post Views: 1 Годинава Охрид наместо домаќин на Фестивалот на француски филм мораше да се задоволи само со една проекција. Синоќа во Центарот за Култура “’Григор Прличев“ по седми пат беше послан црвениот тепих но за разлика од претходните години по него поминаа само мал број љубители на седмата уметност. Пред проекцијата на  филмот посветен на познатиот француски моден креатор Ив Сен Лоран на присутните им се обрати Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески кој говореше за македонско – француските културни врски и за отворањето на Охрид кон светот, а посебно кон филмот како уметност. –...

Continue reading

logo

„Инвестирај во Македонија“

Post Views: 0 „Инвестирај во Македонија“-под ова мото се привлекуваат инвеститори во Македонија. Бизнисмени веќе се заинтересиани да вложат во нашава земја, посебно за охридско-струшкиот регион. Со овој слоган беше ансловена бизнис презентацијата која се одржа во Мелбурн, Австралија. Ова ќе биде мост помеѓу овие две земји, а една од главните причини е да се приближат странските инвеститори во Македонија. На презентацијата на програматана на  која присуствуваа повеќе од 120 светски познати австралиски компании, бизнисмените пројавиле голем интерес за инвестирање во Македонија, посебно...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top