Утре протести против пререгистрацијата на возилата со бугарски таблички

Поттикнати од успехот во Србија, Бугарската ВМРО на Каракачанов за утре најавува протести на бугарско – македонската граница како револт против македонските власти, за како што велат проблемите што им ги создавале на граѓаните кои поседуваат бугарски возила.

 |  Маја Савиќ  | 
BG tablicki
BG таблички

BG tablickiПоттикнати од успехот во Србија, Бугарската ВМРО на Каракачанов за утре најавува протести на бугарско – македонската граница како револт против македонските власти, за како што велат проблемите што им ги создавале на граѓаните кои поседуваат бугарски возила. Како што пренесува бугарската агенција Фокус, во партиското соопштение се вели дека протестот е против македонската влада затоа што ги терала сопствениците на вакви возила да ги променат бугарските со македонски регистарски таблички.
Паралелен протест утре ќе се одржува на пладне и во Скопје, прво пред Владата а потоа пред Собранието. Кој е организатор, не се знае. Протестот е пријавен во МВР од страна на извесно Координативно тело на здружение на граѓани со бугарски автомобили.
Но Владата не се отажува од законските прописи, премиерот Груевски вели нема да има нов рок.

Незадоволството е поради владините најави за казни за сите сопственици на бугарски автомобили што до крајот на овој месец нема да ги легализираат во Македонија. Ако и по казните тоа не го сторат, возилата ќе им бидат одземени. Токму истите сопственици велат дека давачките кон државата за легализација се уште се високи. Проценките се дека во Македонија, возила со бугарски таблици има околу 50 илјади. Легализација требаше да се случи уште пред шест месеци, но Владата им даде нов рок до крајот на овој месец.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top