ЈП „Билјанини Извори“ времено го реши проблемот со струјата

Авторитетот на градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, клуч за времено решение на проблемот кој го има ЈП „Билјанини Извори“, околу големиот долгот кон ЕВН. Формирани се два тима од општина Охрид  кои треба да изнајдат начин проблемот трајно да биде надминат.

 |  Николоска Биљана  | 
сала
sala

miseПроблемот со електричното напојување во ЈП „Билјанини Извори“, времено решен. Откако на 16 јуни ЕВН ја исклучи струјата во објектите на Билјанини Извори поради неплатен долг, од ЈП излегоа само со информација за колкава сума станува збор и дека истата била наследена. Директорот на претпријатието Ристе Мише неколку дена додека наводно се одржувале состаноци со претставници на ЕВН не даваше никакви коментари. Денес обелодена како дошло до временото решение.

„Од понеделникот ЈП „Билјанини извори“ повторно е приклучено со напојување со електрична енергија, благодарение на личниот ангажман и авторитетот кој го поседува градоначалникот Бакрачески. За во иднина формирани се два тима еден од Локалната самоуправа еден од Билјанини извори и заедно со стручните служби на ЕВН ќе преговараат за надминување на овој долгогодишен проблем“ – вели Мише.

salaСите активности кои ги имаат зацртано за време на летната сезона ќе се одражат. Сезонава не очекуваат голем број големи но и помали настани како и изненадвања за најмладите, вели Мише. Додава дека со работа ќе отпочне пливачкиот базен, кој покрај тоа што ќе се користи за пливачки школи и обуки ќе биде отворен и за комерцијални цели односно ќе можат да го користат и охриѓани.

„Во текот на наредната недела започнува со работа отворениот пливачки базен како и досега пливачките школи од Охрид ќе вршат свои активности. Од 10 јули ќе се одржи „Трофеј на Македонија“, турнирот во кошарка на кој што ќе учествуваат Македонија Австрија, Белорусја, Грузија, кое ќе трае до 18 јули и од 19 јули започнува светското кадетско првенство во женска конкуренција до 3 ти август“ – изјави Мише.

Како што е познато ЈП „Билјанини Извори“ во моментов на ЕВН Македонија и должи 8 милиони и 200 илјади денари, долг кој е наталожен во периодот од 2008 година до март 2013 година, а заради кој долг ЈП неколку дена остана без струја.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top