Ознака: Македонија

Со помош на механизацијата на „Македонија пат“ ќе се отстрануваат бесправно изградените објекти во Охридскиот регион

Post Views: 6 Владата на Република Северна Македонија на 69-та седница, го задолжи Јавното Претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта “Македонија пат”, во соработка и координација со општина Охрид да и стави на располагање соодветна механизација согласно Мерката да продолжи и да се интензивира отстранувањето на бесправно изградени објекти во Охридскиот регион, со приоритет на крајбрежјето и на објектите нотирани од страна на НП Галичица. „Упатувам јавна благодарност до Владата за поддршката на активностите за отстранување на бесправните...

Continue reading

vino

Се возобновува фестивалот на сирење и вино

Post Views: 6   Се возобновува фестивалот на сирење и вино. После петгодишна пауза оваа дегустаторско-продажна манифестација  повторно ќе се одржи и тоа во средината на август, најавуваат од Локалната. Овојпат тој ќе има регионален карактер па учество ќе земат производители на вино и сирење и од другите општини од Македонија како и од Корча , Албанија. Виното и сирењето не се карактеристични за ова поднебје но организаторот смета дека на фестивалот охридски шмек ќе му даде плашицата. –На истата оваа манифестација ќе биде промовирана и плашицата бидејќи е еден препознатлив бренд...

Continue reading

Barbara Fritoli

„Охридско лето“ по 54-ти пат

Post Views: 8 Охрид и годинава ќе ги собере уметниците од сите страни на светот, а македонската и светската публика во наредниве четириесет дена ќе ужива во нивната интерпретација на уметноста. Палењето на фестивалскиот оган на античкиот театар во Охрид и годинава го означи почетокот на уште едно, 54-то по ред „Охридско лето“. Честа да ја отворат оваа најголема музичко – сценска манифестација во земјава годинава им припадна на италијанските оперски ѕвезди, Барбара Фритоли и Лео Нучи. Пред публиката која традиционално го следи македонскиот синдром да доаѓа пред самиот почеток...

Continue reading

patiki

Прекршочни и глоби за продавачите на фалсификувана роба на охридскиот пазар

Post Views: 4 Акција за сузбивање на пиратеријата во градов. Координативното тело за заштита на интелектуална сопственост при Владата на Република Македонија во текот на вчерашниот ден ги контролираше продавачите на градскиот пазар, кабелските оператори и приватните здравствени установи. Се проверувале евентуалните повреди на интелектуална сопственост и повреди во делот на авторските права. Повеќе случаи на пиратерија биле затекнати на тезгите на градскиот пазар. „Во делот на повреди на индустриска сопственост е исконтролиран пазарот во Охрид кај што има присутност на трговски марки...

Continue reading

ivanov

Иванов – Насилството нема да се толерира

Post Views: 2 Ѓорге Иванов, претседателот на Република Македонија, по бројните забелешки за молкот околу протестите за процесот „Монструм“ денеска од Охрид се огласи со свој став. Тој истакна дека постојано бил во контакт со институциите околу сите настани во врска со протестите и ги осуди сите насилни акти кои се случуваат. Иванов нагласи дека протести се дозволени секаде, меѓутоа насилството не е дозволено и не се толерира. Според него во државата постојат надлежни институции кои функционираат и преземаат се што е потребно за да се спречат појавите на било какво насилство. „Гледаме...

Continue reading

logo

„Носталгија во црно-бели рамки“ од Зоран Вељаноски – Летра

Post Views: 10 Под наслов „Носталгија во црно-бели рамки“ на програмата на Охридско лето недела во Дирекцијата на Фестивалот  со почеток од 20 часот е изложбата на фотографии од Зоран Вељаноски – Летра. Во овој циклус фотографии од веќе препознатливиот фото-запис на Зоран Летра се исцедува носталгијата како сон отсонуван во црнобели рамки кој постојано се преобразува, се интенвизира и дејствува со лирскиот тон на виденото, почувствуваното, запаметеното. Токму таа интензивна лирика е она што возбудува во овој исклучителен црно бел мозаик кој  отсликува  една тивка меланхолија на нашите...

Continue reading

logo

Пријателство преку музика

Post Views: 7 Членовите на Пријателство преку музика – Македонија и Норвешка утревечер ќе одржат Музички отворен настан – Концерт на дувачки состави од Македонија и Норвешка  на плоштадот кај хотелот „Александрија“. На концертот кој ќе се одржи во 20 часот ќе настапат ученици од Државното средно музичко училиште од струга , Христијан Донески на саксофон и Даниел Танески на кларинет и двајцата од Охрид. FTM или Пријателство преку музика дејствува за да изгради интеркултурно пријателство и разбирање преку музика. Преку заедничка почит и пријателство, FTM поддржува и стимулира музички...

Continue reading

studenti

Бесплатно студирање во Словенија за македонските студенти

Post Views: 0 Од следната студентска година, 2011/2012 сите студенти од Западен Балкан плус Албанија ќе можат да студираат бесплатно на сите државни универзитети во Словенија, изјави за Макфакс, Алан Бергант, Амбасадорот на Словенија во Македонија. „Сега сме во фаза на потпишување на спогодби помеѓу двете министерства, со вашиот министер Тодоров, и се залагаме за мобилност како на студентите така и на професорите,“ рече Бергант и додаде дека се надева дека ваквите олеснителни околности ќе овозможат подобра и подлабока соработка меѓу факултетите во двете земји. „Се надевам дека ќе...

Continue reading

logo

Македонија ремизираше со Моладвија

Post Views: 1 Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија со реми ги започна настапите во 2009 година. Имено, на неутрален терен во Анталија избраниците на Сречко Катанец ремизираа 1:1 против Молдавија. “Црвено жолтите” го отворија резултатот во 56-та минута преку Горан Пандев, додека конечниот резултат го постави Андронич четири минути подоцна.       {loadposition content9}

Continue reading

Balkanski

53-от Балкански фестивал на реновираната сцена на Долни Сарај

Post Views: 1 Најстарата фолклорна манифестација на Балканот, Балканскиот фестивал на народни песни и игри вчеравечер го започна своето 53то издание. Оваа значајна фолклорна манифестација годинава за прв пат се одржува на реконструираната сцена на Долни Сарај. Фестивалот за отворен го прогласи претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Велјаноски. Тој рече дека оваа значајна културна манифестација од година во година станува се поголема и позначајна. „На отпочнувањето на 53то издание на оваа значајна културна манифестација, дозволете ми да изразам благодарност до...

Continue reading

demir dalip

Меморандум за соработка во социјалната сфера

Post Views: 6 Денес беше потпишан Меморандумот за соработка помеѓу НВО „Светла иднина 2009 “ и „Подобар живот“. Поради исклучителен придонес кон развојот на мултиетничката демократија во Охрид како и афирмација на етничката заедница Египќани овие две НВО, како акт на добра воља го прогласија градоначалникот на Охрид д-р Никола Бакрачески за почесен член на коалицијата на организациите на египќаните од Охрид. „Предмет на овој меморандум за соработка е меѓусебната соработка и заеднички настапи во апликација и реализација на проекти од сферата на човековите права и слободи социјалните...

Continue reading

Srecko Katanec

Македонија-Молдавија

Post Views: 0 Македонската фудбалска репрезентација денес во Анталија ќе ги одмери силите со селекцијата на Молдавија. Селекторот Среќко Катанец најавува подобрување на лошата ефикасност кај неговите избраници, а во исто време има осум класични дефанзивни играчи и уште тројца разбивачи во средниот ред. За Македонија овој  натпревар е единствената контрола пред квалификацискиот дуел во јуни со Холандија за пласман на Светското првенство. Натпреварот против Молдавија се игра во комплексот Мардан. Судиите се од Казахстан, предводени од Павел Салиј.     {loadposition content9}

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top