Меморандум за соработка во социјалната сфера

Со цел да се помогне на луѓето од социјално загрозените категории во земјава, Невладините организации „Светла иднина 2009 “ и „Подобар живот“, денес потпишаа мемеорандум за соработка.

 |  Николоска Биљана  | 
demir dalip
демир далип

Денес беше потпишан Меморандумот за соработка помеѓу НВО „Светла иднина 2009 “ и „Подобар живот“. Поради исклучителен придонес кон развојот на мултиетничката демократија во Охрид како и афирмација на етничката заедница Египќани овие две НВО, како акт на добра воља го прогласија градоначалникот на Охрид д-р Никола Бакрачески за почесен член на коалицијата на организациите на египќаните од Охрид.

egipkani„Предмет на овој меморандум за соработка е меѓусебната соработка и заеднички настапи во апликација и реализација на проекти од сферата на човековите права и слободи социјалните и хуманитарните права. Секоја од НВО го задржува своето право на самостоен настап, апликација и проекти по однос на истите. Посебен акцент на оваа соработка се ранливите категории на граѓани без разлика на нивната национална верска или друга припадност нивната интеграција со посебен со осврт на припадниците на етничката заедница на египќанитеод Охрид и Македонија“– вели Далип.

Египќаните од Македонија немаат резервна татковина, а за тоа говори нашата лојалност кон земјата рече националниот координатор на египќните од Македонија Демир Демироски.
 
„Египќаните со помош и поддршка на градоначалникот Никола Бакрачески и со поддршка на премиерот и претседателот на Р. Македонија. Ќе дадеме се од себе египќаните да бидат нераскинлив дел од мултиетничка Макеоднија. Египќаните се здружуваат за никој да не ги раздели и длабоко сум убеден дека ќе ги реализираме нашите уставно загаранитирани права и слободи“ – нагласува Демироски.

egipkaniД-р Ана Тасеска како член на коалицијата истакна дека во секое време од хуманитарен аспект подготвена била да помага на социјално ранливата категорија посебно на децата од предшколска возраст. Таа очекува поддршка од градоначалникот и Лоаклната самоуправа.

„Јас како стоматолог мојата хуманитарна помош ќе, биде во превентивни прегледи на дечињата од предшколска возраст превенција на кариес и пружање на помош и се што е поврзано со оралнот здравје.  Едуцирањето е од голема важност бидејќи застапеноста на кариесот посебно кај децата од предшколска возраст за жал е во многу висок процент, затоа ова е многу неопходно“– објаснува Тасеска.

Меморандумот за соработка помеѓу двете НВО на сила стапува денес, со неговото потпишување. Инаку ова е десето здружување на невладини организации не само од Охрид туку и од земјава, со цел превентивно да се делува кај социјално ранливата категорија на граѓани.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top