Иванов – Насилството нема да се толерира

Граѓаните ни ја дале довербата и ние сме одговорни пред нив да ги преземеме сите активности за да не дозволиме да се случуваат насилни акти во државата.  Не смееме да дозволиме страв кај населението и недоверба во институциите“, рече Ѓорге Иванов во врска со протестите за изречените пресуди во случајот Монструм.  Претседателот  денеска  беше во работна посета на Центарот за обука на вода во Охрид.

 |  Николоска Биљана  | 
ivanov
иванов

ivanovЃорге Иванов, претседателот на Република Македонија, по бројните забелешки за молкот околу протестите за процесот „Монструм“ денеска од Охрид се огласи со свој став. Тој истакна дека постојано бил во контакт со институциите околу сите настани во врска со протестите и ги осуди сите насилни акти кои се случуваат. Иванов нагласи дека протести се дозволени секаде, меѓутоа насилството не е дозволено и не се толерира. Според него во државата постојат надлежни институции кои функционираат и преземаат се што е потребно за да се спречат појавите на било какво насилство.

„Гледаме деновиве едни исти лица кои сакаат да ловат во матно сакаат дневно политички поени да освојуваат и да ја користат вознемиреноста кај населението. Им порачувам дека во оваа држава има институции кои што делуваат и се справуваат со сите предизвици кои постојат. Деновиве јас бев често меѓу граѓаните особено во западниот дел на Македонија, сакав да имам личен контакт и ја почуствував нивната вознемиреност и реагирав директно преку разговори и упатувања на сето она што се случува. Имало и ќе има такви настани, меѓутоа не смееме да создаваме кај населението страв и недоверба во институциите“– изјави Иванов.

ivanovВо врска со палењето на македонското знаме на Косово, Иванов рече дека нашиот соседе не смее да заборави што се Македонија има направено за Косово за да ја остварат својата државност.  Додаде дека секој нивни таков насилен акт ќе влијае на претставата која светот ја има за Косово. Денеска претседателот Иванов го посети Центарот за обука на вода на Охридското Езеро, каде се спроведуваат последните подготовки за воено-показната вежба што на 16 јули ќе се спроведува на Охридското Езеро.

„Ги видовме сите услови кои ги нуди кампот за сите обуки кои им се потребни на нашите воени сили на армијата и кои ги задоволува сите НАТО стандарди и сите услови за да можат да се обучуваат нашите припадници особено специјалните сили за изведување на сите нивни активности во вакви услови“ – рече Иванов.

Воено показната вежба на 16 овој месец ќе се изведува во близина на струшкото село Радожда.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top