Ознака: Македонија

cetkar

Слушнете ја новата песна на Владимир Василески – Четкар

Post Views: 0 Најновата песна на Владимир Василески Четкар, песната „I Remember“ ќе биде дел од неговиот нов албум „Heavenly“ кој во Македонија ќе биде промовиран во реда (19 Ноември) со концерт во Скопје во „Станица 26“. Наредниот ден Четкар патува за Њујорк каде го очекува снимање и соработка на новиот проект на музичките легенди Боб Синклар и Димитри Фром Париз. {loadposition content9}  

Continue reading

saem

Повеќе од 70 компании се претставија пред граѓаните на Охрид

Post Views: 5 Повеќе од 70 компании се претставија пред граѓаните на Охрид, на четвртиот од низата Саеми за вработување. “Денес сме во град Охрид, и морам да признаам дека одзивот на компаниите е навистина одличен. Караванот Саеми за вработување во организација на Агенција за Вработување на Република Македонија има за цел да ги доближи понудата и побарувачката на труд, со што се влијае како на информираноста на граѓаните за можностите за кариера, така и за увидот кој компаниите го прават на пазарот на труд, изјави Влатко Поповски, директор на Агенцијата за Вработување на Република...

Continue reading

logo

ХАЕ караванот утре во Охрид

Post Views: 0 Утре со почеток во 11 часот во салата на советот на општина Охрид ќе се одржи предавање за болеста ХАЕ. Целта на оваа иницијатива на здружението е поинтензивно запознавање на лекарите од примарната здравствена заштита преку нивна едукација за да може да ја препознаат ретката болест ХАЕ кај потенцијалните пациенти, како и начините на кои може да им се помогне на пациентите. Индиректно овие предавања за ХАЕ се очекува да помогнат во зголемување на јавната свест за болеста, како и идентификување на потенцијални нови пациенти, со што би се овозможило и нивно вмрежување во...

Continue reading

mapi so vodichi

Промоција на мапи со водичи за Македонија, Скопје и Охрид

Post Views: 8 Издавачката куќа „Љубовта е петтиот елемент“ од Скопје, вечерва во 20 часот, во Младинскиот културен центар организира промоција на трите мапи со водичи: Македонија, Скопје и Охрид, под наслов „Кога зборувате за Македонија раскажувајте со љубов“, како и виртуелна изложба на цртежи и фотографии застапени во овие три изданија.Овој издавачки проект е работен две години. Покрај туристичката промоција на земјава, овие изданија ја претставуваат Македонија како држава во Европа, која има свест за своето постоење и за вредностите што треба да ги подели со светот, на начин на...

Continue reading

ohrid

Охрид заедно со Пловдив ќе развива образовен туризам

Post Views: 7 Охрид заедно со Пловдив ќе развива образовен туризам. Овие два града веќе работат на создавање пакет аранжмани за учениците, студентите и професорите кои ќе можат да патуваат во Македонија и Бугарија и да се запознаат каков е образовниот систем во овие две земји. Идејата ни е сите училишта кои го носат името на Св. Климент Охридски заедно со универзитетот во Софија да можат да испратат ученици и професори во Охрид во посета на училиштата кои тука се викаат Св. Климент Охридски. На овај начин нашите ученици ќе ги видат убавините на Охрид , а вашите ученици на Пловдив...

Continue reading

govrlevo

Изложба на икони од македонски цркви во Холандија

Post Views: 6 Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска утре во музејот “Катаријнеконвент“ во Утрехт, Холандија, ќе ја отвори големата изложба “Ненадмината убавина – икони од Македонија“ на која ќе биде претставен дел од македонското културно наследство. На изложбата, која претставува најголемо презентирање на богатото македонско културно наследство надвор од Македонија, ќе бидат претставени експонати од најзначајните збирки на икони од Македонија, од Музеј на Македонија и Завод за заштита на спомениците на културата. Исто така, изложбата ќе биде збогатена со археолошки...

Continue reading

куд Дримкол

Азербеџанците се запознаа со Македонија преку песна и оро

Post Views: 8 Азербеџанците  се запознаа со Македонија преку песна и оро. Од 9 до 11 ноември во главниот град на Азербеџан,  Баку и во градот  културната ризница  Агсу, се одржуваа „Деновите на Mакедонското културно наследство“. Централно место на манифестацијата е настапот на Културно Уметничкото Друштво „Дримкол“ од Вевчани. Играорците со целовечерна програма презентираа традиционални песни и ора, носии и обичаи на Р.Македонија. Во рамките на оваа манифестација проф. д-р Рубин Земон, претседател на научниот совет на Институтот за социо-културна антропологија на Македонија одржа...

Continue reading

osloboduvanje

70 години слободен Охрид

Post Views: 0 Охрид го празнува Денот на ослободувањето, 7- ми ноември. Седум децении градот живее во мир со стремеж кон просперитет и благосостојба, секогаш сеќавајќи се со должна почит кон оние кои ги положија своите животи за слободата. Свежо цвеќе беше положено пред спомен бистите на борците Мите Богоески, Петре Пирузе-Мајски, Андон Дуков, Спас Банџов, Јасна Ристеска  и Споменикот на паднатите борци на градските гробишта Охрид.  За минатото на вечно револуционерниот Охрид, во Спомен паркот на револуцијата  историски час одржа професорот Григор Ангеличин. Тој ги потсети присутните...

Continue reading

Super Radio Rodenden

Супер радио 22 години се слуша и се сака

Post Views: 4 Под слоганот „Супер радио не се слуша, Супер радио се сака“, охридското Супер радио денес прославува 22 години од постоењето. Радио Супер важи за една од најпопуларните во Република Македонија и официјално најслушаната локална станица, според анкетата на СРД. Програмата ја емитува на 97.00 во регионот на Охрид и Струга, но и во живо на интернет каде имаат огромен број слушатели од целиот свет. Роденденот го дочекуваат со екипа од дваесетина водители, техничари, Дџ-и и новинари кои произведуваат квалитетна радио програма, која изобилува со одбрана музика, но и информации...

Continue reading

vasileski i nikoloski

Интензивни активности на охридските пратеници

Post Views: 1 Согласно практиката на отвореност и интензивна комуникација со граѓаните пратениците Александар Николоски и Сашо Василевски во тим со директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славе Трпевски, а придружувани од преставните на централните и локланите инситуции во изминатиот период од 40 дена посетија 19 населени места во Охридско и Ресенско. Беа посетени сите поголеми села во Охридско и значаен дел во Ресенско. Во Охридско беа посетени населените места Љубаништа, Трпејца, Пештани, Коњско, Елшани, Рача, Вапила, Ливоишта, Подмоље, Горно Лакочереј, Долно Лакочереј,...

Continue reading

Toshe Proeski

Орден за заслуги за Македонија постхумно за Тоше Проески

Post Views: 3 Македонија и целиот Балкан утре ќе го слават 30тиот роденден на единствениот Тоше Проески. Претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов , постхумно го одликува Тоше со „Орден за заслуги за Македонија“. Утревечер, во арената „Борис Трајкоски“ ќе се одржи и концерт во негова чест, на кој ќе биде промовирано уште едно ЦД насловено „ Со љубов од Тоше“ на кое се наоѓаат неговите омилени песни. Иако веќе не е меѓу нас, неговите песни, неговата музика и харизмата кои го красеа, се погрижија тој вечно да живее во нашите срца. Охриѓани, традиционално, како и секоја година, со организиран...

Continue reading

бисер

Изложени екпонатите на 9 -те кралици закитени со бисерни гердани

Post Views: 0 Уметникот Михајло Филев ги презентира бисерните гердани на 9 светски кралици. 6 од експонатите се реплики на охридски бисерни гердани изработени од неговите претци, надалеку прочуени изработувачи на охридски бисери.    Три од примероците се реплики на  ѓердани кои припаѓале на ќерката на Самуил, Косара, мајката на Александар |||, Олимпија и  Клеопатра, кажува Филев. Експонатите  се изложени во неговиот дуќан и имаат за цел да ја  презентираат богатата македонска културна традиција, подвлекува Филев. „ Како млад уметник и горливиот проблем на РМ во докажување на култруните...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top