Post Views: 2
Неодамна на социјалната мрежа „Фејсбук“ беше основана јавна група именувана како „Туризам во Македонија“. Основачите на групата велат дека целта им е да ги едуцираат и запознаат граѓаните со убавините на татковината. Групата е формирана во време кога пандемијата беше во најголем ек и кога желбата кај граѓаните да бидат туристи во сопствената земја беше се поголма.
Во самата група може да забележиме дека има доста активни членови кои секојдневно споделуваат разни локации ширум државата, а во последно време има и се поголем број на интервјуа со сопственици на интересни...
Post Views: 2
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги засили инспекциските контроли за безбедност и квалитет на увозните пратки со месо кои потекнуваат од Бразил поради аферата за наводен поткуп на официјални ветеринарни власти и издавање дозволи за извоз на небезбедно месо, пренесува Press24.
Според АХВ, засилени се и контролите во внатрешниот промет за секоја пратка со потекло од оваа земја, особено за месото кое се користи како суровина во преработувачките капацитети.
– Бидејќи истрагата во Бразил се уште е во тек, но и поради фактот што Европската унија чија политика во областа...
Post Views: 11
Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со Предизвици”, и оваа година се приклучува кон Скопскиот Маратон со група на учесници кои ќе трчаат во име на пациенти и семејства кои се соочуваат со живот со ретки болести под мотото – „ТРЧАМЕ ЗА ПОДОБАР ЖИВОТ!”.
За групата „Трчаме за подобар живот” се пријавија над 70 учесници, на трката на 5 километри, на полу – маратонот (21 километар) и на маратонот на 42 километри. Сите тие се луѓе кои сакаа да ја поддржат нашата мисија – остварување на правата за третман на пациентите со ретки...
Post Views: 4
Највисока просечна плата во регионот според последните податоци за минатата година има Словенија со 1.020,40 евра, додека најмала е во Македонија и истата изнесува 363,80 евра.
Во Македонија, како најниска во регионот, просечната плата е за 9,20 евра помала споредбено со крајот на 2015 година и на почетокот на минатата година, или 373 евра.
И покрај тоа што просечната плата во Словенија од 1.020,40 евра, според податоците за октомври лани беше најголема во регионот, сепак, е за 15,2 евра помала во однос на претходната година во кога изнесувала 1.035,60 евра.
Просечната...
Post Views: 8
Во Берово во шест часот утрово температурата се спуштила до рекордни минус 28 степени, во Крива Паланка -23, во Битола -24, во Тетово -22, Прилеп -21, во Штип -20, а Охрид -17.
Излегувањето на отворено при вакви температури не е препорачливо. Неопходно е на себе да се има топла облека и соодветни обувки.
Студеното време ќе продолжи и денеска, а се очекува највисоката температура во Охрид да биде -7 степени. Во текот на ноќта, исто така, ќе има значителен пад на температурите на територијата на целата држава и прогнозите се дека повторно ќе имаме температури од минус...
Post Views: 0
Македонија во денес го празнува Денот на св. Климент Охридски – 8 Декември, со кој се одбележува делото на првиот оригинален словенски писател и просветител, првиот словенски епископ и творец на Охридската книжевна школа.
Заедно со Наум Охридски, тој е најистакнат ученик на творците на словенската писменост, светите браќа Кирил и Методиј, и најверен продолжувач на нивното дело. Ги придружувал дваесетина години во просветителската мисија за одбрана на словенскиот јазик во Велика Моравија.
Не се знае кога и каде е точно роден Климент, нема податоци за семејството и потеклото,...
Post Views: 5
Владата на Република Северна Македонија информира дека досега не ги одземала ингеренциите за управување со отпадот на ниту една општина во земјата. Надлежноста и обврските за собирање, селектирање, транспорт и депонирање на комуналниот отпад, како и одржување на нестандардните локации за отстранување на отпадот се на единиците на локалната самоуправа, односно општините.
Законот за управување со отпадот ја дава единствено можноста Владата на Република Северна Македонија да ја преземе обврската за воспоставувањето на регионалниот систем, доколку општините не го сторат...
Post Views: 9
Според податоците на Државниот завод за статистика, на крајот на учебната 2015/2016 година, бројот на учениците во редовните основни училишта изнесува 185 119 што претставува намалување за 1.7% во однос на претходната учебна година.
Во редовните средни училишта, бројот на учениците на крајот на учебната 2015/2016 година изнесува 77 625 што претставува намалување за 5.1% во однос на претходната учебна година.
Интересно е што и покрај тоа што бројот на ученици се намалил, во 2015/16 година во редовните основни училишта се зголемил бројот на наставници. Во 2014/15 година...
Post Views: 3
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон вчера на крајот на своето обраќање на конференција во Будва, направил голем лапсус, кое учесниците на конференцијата сигурно ќе го паметат.
Клинтон предизвикал смеа кај присутните кога Црна Гора ја нарекол Македонија. Тој завршувајќи го својот говор, во кој и’ предвидувал прекрасна перспектива на Црна Гора, рекол дека му е многу мило што се наоѓа во Македонија!?
“Гледаме во иднината и се концентрираме на се’ она што ни е заедничко, иднината е светла. И иднината на Македонија, која со својата убавина го одзема здивот е...
Post Views: 4
Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска во четврток го презентираше вториот годишен извештај за податоците од Регистарот на вработени во јавниот сектор, кој е за 2016 година.
Податоците за првпат се презентирани на начин кој обезбедува транспарентен приказ за обемот и структурата на јавниот сектор во државата, со што се добива прецизна слика за состојбите и трендовите во јавната администрација.
Во јавниот сектор на Република Македонија активни се 1.291 институции, во кои работен однос имаат засновано 129.653 лица. Од нив 19.342...
Post Views: 8
Од Глас за Македонија сметаат дека силата на државата е пред се во работоспособниот народ да создава материјални добра. Акцент ставаат на економски гранки како производството на храна, туризмот и угостителството, занаетите, уметностиоте, информатичките технологии. Ќе се залагаат за специјален Секретаријат при министертвото за економија кој ќе функционира и на регионално ниво, поврзувајќи ги малите и средни бизниси меѓу себе.
„Охрид како регионален и државен центар на туризмот мора да се приспособи во нови услови во услови на голема светска пандемија. Затоа акцент треба...
Post Views: 8
На 86-годишна возраст почина доајенката на македонската народна музика, Вања Лазарова Димитрова.
„Параходот замина“, „Легнала Ѓурѓа на рамно гумно“, „Со маки сум се родила“, се само дел од многуте македонски изворни народни песни кои ги испеа Вања, а најголемиот дел од нив се снимени во продукција на МРТ. Голем придонес има во соработката со групата „Анастасија“ за музиката за филмот „Пред дождот“ кој во 1994 година освои „Златен лав“ во Венеција.
Вања има настапувано на голем број концерти на повеќе континенти, а пеела и во Алберт Хол во Лондон пред британската кралица...