Ќе влезе ли месото од Бразил во Македонија?

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги засили инспекциските контроли за безбедност и квалитет на увозните пратки со месо кои потекнуваат од Бразил поради аферата за наводен поткуп на официјални ветеринарни власти и издавање дозволи за извоз на небезбедно месо, пренесува Press24.

 |   | 

Според АХВ, засилени се и контролите во внатрешниот промет за секоја пратка со потекло од оваа земја, особено за месото кое се користи како суровина во преработувачките капацитети.

– Бидејќи истрагата во Бразил се уште е во тек, но и поради фактот што Европската унија чија политика во областа на безбедноста на храна ја следи и Република Македонија официјално нема донесено забрана за увоз на месо со потекло од оваа земја, засега нема основа за воведување забрана за увоз на месо од Бразил, наведува АХВ.

ЕУ, додава Агенцијата, наскоро ќе испрати свои експерти во Бразил кои ќе извршат контрола и ќе ја оценат состојбата во месниот сектор, а потоа, по нивната проценка ќе постапи и Македонија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top