Ознака: Македонија

evn

ЕВН ги обучува најмладите како да ја користат електричната енергија

Post Views: 5 ЕВН Македонија четврта година по ред го спроведува проектот како разумно да се користи електричната енергија. Свеста кај граѓаните за рационално користење на електричната енергија овој пат ЕВН ќе ја подигнува преку најмладите. Со училишните квизови досега опфатени се 258 училишта во Македонија во 85 општини, вклучувајќи го и градот Скопје. „ Идејата за училишниот проект дојде од две места. Нашите колеги од Австрија спроведуваат сличен проект долги години  и посетуваат деца од школска воздраст и посетуваат работичници за разумно користење  на елекстричната енергија. ЕВН...

Continue reading

Gruevski

Груевски во посета на Охрид

Post Views: 0 Во рамки на посетата, премиерот Груевски ќе ги посети и ќе изврши кратка обиколка на локациите каде што турската компанија ТАВ, како дел од концесискиот договор, ги гради новите објекти на аеродромот „Св. Апостол Павле“. Претседателот на Владата на Република Македонија ќе присуствува и на пуштање во употреба на локален пат од село Оровник до манастирот „Света Недела” и на обиколницата во Охрид. За време на посетата, премиерот Груевски ќе присуствува и напредавање во употреба на зграда со социјални станови во м.в. Расадник, во Охрид. {loadposition content9}

Continue reading

Ohrid

Каква промоција му треба на Охрид?

Post Views: 17 Промоција во право време и место, клуч за успешен туризам. Експертите сметаат дека воопшто не е важно колку пари е се вложат, туку да се одбере целната група и вистинскиот начин понудата да стигне до нив. „Македонската влада наместо да троши големи суми на пари за промоција на вашата држава на CNN и BBC, од што нема никаков ефект, треба финансиски да ги помага хотелиерите и туристичките агенции.Тоа е единствен начин да се спаси туризмот од колапс, но Македонија мора и да ги намали и цените  на сопствените аранжмани“, вели Бранко Кривокапич претседател на хотелската...

Continue reading

na ginekolog

Недела за борба против ракот на грлото на матката

Post Views: 17 Во Македонија повеќе од 200 жени секоја година заболуваат од рак на грлото на матката, а приближно половина од нив умираат. На светско ниво годишно се регистрирани околу 500 000 нови случаи од кои дури 300 000 завршуваат трагично. Инфекцијата со високоризичните типови на Human Papiloma вирусот е главен фактор во настанувањето на ракот на грлото на матката. ХПВ инфекцијата најчесто се пренесува преку сексуален однос, но и преку неполов пат (од мајка на дете, од облека, хируршки ракавици).Еден од начините за превенција е примањето на ХПВ вакцината. Оваа вакцина не содржи...

Continue reading

piter bruk

Прогласен добитникот на светската награда за хуманизам

Post Views: 5 Веќе пет години по ред традиционално се доделува светската награда за хуманизам. Овогодинешниот добитник Питер Брук синоќа беше прогласен во куќата на Уранија. Од страна на седумчлено интернационално жири одлучено е наградата да ја добие овој светски познат англо-француски режисер. Со своето долгогодишно работење, како на европската, така и на светската сцена, овој театарски и филмски режисер е заслужен за ова престижно признание, вели Зоран Велјаноски, секретар на Охридската Академија на хуманизмот. Поради отсуството на Питер Брук, во негово име наградата ја прими францускиот...

Continue reading

Adkom

Годишно собрание на АДКОМ

Post Views: 0 Поднесен извештајот за работата на АДКОМ. И годинава традиционално, ден пред Водици, Здружението на даватели на комунални услуги на Р. Македонија го одржа годишното собрание. На  состанокот беше презентирана предлог програмата за работа на АДКОМ за 2011 год. Оформување на база за подобро делување на комуналните претпријатија во земјава е главна цел за која лобирање пред Централната власт истакна потпретседателот на АДКОМ, Музафер Мурати. Мурати признава дека постојат низа проблеми од комуналната сфера, пред кои мора цврсто да се застане за да се надминат. Тој остави...

Continue reading

saem za turizam

Отворен 4-тиот маеѓународен саем за рецептивен туризам

Post Views: 13 Свеченото отварање на единствената саемска манифестација од областа на туризмот во земјава не го удостои со свое присуство ниту еден владин преставник. Организацијата на саемот како што дознаваме е пропратена со бројни финансиски проблеми, но и слабости како што се недостаток на информации за неговото одржување. Организаторите секоја година со истиот оптимизам изјавуваат дека престојната сезона  ќе биде подобра ама реалноста ни е сосема поинаква. Гости на езерската ривиера имаме се помалку.Директорот на Агенцијата з аразвој и поддршка на туризмот иовојпат оптимист,...

Continue reading

Најдобри од најдобрите

Post Views: 7 Настапи во земјата и странство како и промоција на македонското едрење во странство. Тоа се само дел од успесите на охридските и струшките едриличари во годината која е зад нас. Едриличарската Федерација на Македонија на свечената седница ги прогласи  најуспешните едриличари во 2010 година. Покрај Димитар Поп-Стефанија, како најуспешен едриличар и Ердал Љушо , кој доби  посебно признание за настапот на Светското младинско првенство во класата Ласер Радијал и девојките со забележителни резултати. Така младата Ирена Грунче ја понесе титулата најуспешна едриличарка. Нејзина...

Continue reading

Atina Bojadzi

ОК ВМРО ДПМНЕ: „Една улица да се вика Атина Бојаџи“

Post Views: 1 Советничката група на ВМРО ДПМНЕ на првата седница на совет годинава ќе поднее иницијатива една улица во Охрид да го носи името на Атина Бојаџи. „Оваа наша иницијатива е во знак на почит на големото име, легендата на македонското пливање Атина Бојаџи. Со оваа иницијатива сакаме да искажеме почит кон жената која го претставуваше Охрид и Македонија во целиот свет“, вели претседателот на Ок на ВМРО ДПМНЕ Атанско Михаилов. {loadposition content9}

Continue reading

saem

Македонските убавини ќе бидат претстaвени во Утрехт – Холандија

Post Views: 3 На самиот почеток од 2011-та, најдоброто од туристичката понуда од Македонија, ќе биде претставено на еден од најголемите саеми за туризам во Утрехт. Веќе извесен период, на агендата на Агенцијата е промоцијата на туристичката понуда на земјава на холандскиот туристички пазар. Така во јануари следната година, агенцијата ќе настапи како директен учесник на овој саем и, од 11 до 16 Јануари  пред присутните туроператори и новинари ќе ги презентира македонските туристички потенцијали, вели директорот на Агенцијата за промоција и подршка на туризмот, Зоран Стрезоски. „Од...

Continue reading

Mile Janakieski

Легализацијата прескапа

Post Views: 2 Граѓаните имаат сериозни забалешки на предлог законот за легализирање на дивоградбите. Дел од нив категорични во своите изјави дека буџетот на обичниот македонски граѓанин не дозволува дополнителни трошоци. Додаваат не се точни тврдењата на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски дека давачките за легализација ќе биле минимални. „Овој закон ваков каков што  просто е неизводлив.Социјалниот елемент воопшто не е земен во предвид.Има цели населби овде во Охрид каде ретко кои има платено комуналии.Еве јас земам 7500 денари инвалидска пензија, а треба да платам околу...

Continue reading

seksulani rabotnicki

Одбележан Меѓународен ден за борба против насилството врз сексуалните работници

Post Views: 6 За првпат годинава во Охрид и Македонија одбележан меѓународниот ден за борба против насилството врз сексуалните работници. Годинава невладината организација за прв пат го одбележа „Меѓународен ден за борба против насилството врз сексуалните работници“. Од ХОПС спроведоа низа активности со цел луѓето да се запознаат со неправдите кои ги пратат сексуалните работници.„НВО ХОПС не располага со податок колку вкупно сексуални работници има во Охрид, затоа што како што велат тие не ги регистрираат, туку овие работници само ги бележат со симбол“, вели Јулијана Настоска – социјален...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top