Ознака: кои

mobilen

На мобилниот и на компјутерот не им е место во спалната соба

Post Views: 12 Додека некои тврдат дека ваквата опасност не постои, и дека станува збор за најобично заплашување на луѓето, други истакнуваат дека вистинските податоци се сокриваат и тешко е да се стигне до нив бидејќи повеќето истражувања за можното влијание на уредите врз здравјето ги финансираат мобилните уреди. Пет девојчиња од 9-то одделение од едно училиште во Данска изведоа навистина интересен експеримент кој не може да се смета за научна работа ниту пак доказ, меѓутоа сепак предизвика огромно внимание кај луѓето ширум светот, и го сфаќаат како сериозно предупредување. Фотографиите...

Continue reading

apteka

Подвижните аптеки ќе се достапни три пати месечно

Post Views: 7 Специјализирани возила два до три пати во месецот ќе им носат лекови на жителите во руралните средини каде живеат до 1 000 жители. Проектот е наменет за хронично болните но бенефит ќе имаат вкупно 266 илјади луѓе во 1400 населени места. Во соработка со руралниот доктор и руралните аптеки жителите ќе може да ги добиваат сите лекови по иста цена кои може да ги купат во секоја друга аптека. Министерството за здравство овој новитет ќе го спроведе за три до четири месеци до кога треба да заврши правната регулатива околу доделувањето на 24 лиценци на фармацевтски компании. Министерството...

Continue reading

trening

Езерско дерби во недела

Post Views: 8 Дуваат нови ветришта во Охридскиот фудбал. Ф.К „Охрид 2004“ од Охрид во недела игра натпревар од 6-то коло на втората фудбалска лига. На домашен терен тие ја пречекуваат екипата на струшкиот „Влазними.“Новиот тренер на клубот, Зоран Ѓоревски – Џајо кој пред неколку месеци е назначен за нов тренер на ФК Охрид 2004, изјави дека крајно време е да се врати фудбалскиот клуб во прва лига. Во врска со неделниот натпревар Ѓоревски кажа дека само со победа ќе се оправадаат пред симпатизерите на овој клуб. Тој изрази голема благодарност до локалната за досегашните услови...

Continue reading

skolo

Проблематичен старт на учебната година во Струга

Post Views: 7 Долговите за транспорт, струја и огрев го доведоа во прашање успешниот почеток на учебната година во струшките училишта. Џеми Хајредини, раководителот на секторот за образование при општина Струга, вели дека станува збор за долгови од 2009 година до денес, долгови кои се акумулирале како резултат на драстичното намалување на наменските средства кои општините ги добиваат од страна на Министерството за образование. „ Им должиме на снабдувачите со нафта големи суми на пари и тие сега преку суд ни ги земаат од сметките на училиштата. Тоа значи дека на неколку основни училишта...

Continue reading

klovn inkluzija

Од улична анимација до поголема социјална вклученост на младите

Post Views: 11 Од улична анимација до поголема социјална инклузија. Младински организации од 10 европски земји, меѓу кои и домаќинот Македонија, учеа вештини како жонглирање, цртање на лице, а правеа и кловновски точки. На овој начин тие не само што се забавуваа, туку во исто време учеа како да работат со млади, како да едуцираат и работат со локалното население. Некои од овие младински организации како Арт Мрежа од Србија се повеќе посветени кон примена на уметноста, но велат отворени се кон нови хоризонти. „Ова е можност да се добијат некои нови идеи и методи, и да се сретнат луѓе...

Continue reading

valjak Kalishta

Патниот правец Струга-Калишта конечно почувствува нов, жежок асфалт

Post Views: 20 Патниот правец Струга-Калишта конечно добива фејслифтинг. Овој пат, досега важеше за еден од патните правци во најлоша возна состојба во Струга. Од рано изутринава, екипите на Македонија пат, започнаа со асфалтирање на оваа делница за која во минатото, мештаните на Калишта често реагираа. Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко задоволен што конечно по седум години на кормилото на Струга, добил позитивен одговор од Агенцијата за патишта за асфалтирање на оваа делница. „Ние направивме една добра соработка и оваа соработка еве носи плодови, не само денеска, туку и пред...

Continue reading

zenski vaterpolo

Зошто Хрватите се „навлекоа“ на женско ватерполо?!

Post Views: 8 Во Загреб на базените Младост се одржува 29-то Европско првенство во ватерполо. Додека ватерполистите ги мамат женските погледи со своите набилдани тела и интересни тетоважи, нивните колешки ватерполистки, во жарот на борбата покажаа многу повеќе. Имено тегнењето на костимите за капење во текот на натпреварот завршува со голи гради и задници. Се разбира, тоа резултира со полна сала и задоволни „љубители на овај спорт“ кои во последно време во Загреб ги има се повеќе. {loadposition content9}

Continue reading

turski turisti

Статистички, турските туристи најбројни посетители

Post Views: 1 Ретките природни убавини, одличната местоположба, бројните историски знаменитости, огромното материјално и духовно наследство на Македонија се повеќе ги привлекуваат странските туристи. Според статистичките податоци, во 2012 година Македонија ја посетиле 351.359 странски туристи, а во 2013 година оваа бројка се зголемила за над 15 проценти. Зголемен е и бројот на ноќевања на странските туристи во земјава. Според туристичката агенција „Генералтурист“, во 2013 година Македонија ја посетиле голем број туристи од Турција, а само преку нивните аранжмани во земјата престојувале...

Continue reading

Однапред знаат кој ќе добие Оскар!

Post Views: 9 Додека филмската публика, актерите, актерките и режисерите со нетрпение ја очекуваат ноќта на доделување на Оскари, Рик Росас и Брајан Кулинан се единствени кои веќе знаат кој ќе ја освои оваа престижна статуетка. Двајцата се претседатели на Академијата за филмски и научни уметности (AMPAS). Екипа од шест луѓе, вклучувајќи ги и Рик Росас и Брајан Кулинан, ги дели гласовите на два дела така што никој не го знае точниот број на гласови. Во овој момент гласовите се со сигурност споени и членовите на Академијата знаат кој ќе плаче од среќа на доделувањето. Вкупно има околу...

Continue reading

serote

Лауреатот на СВП Монгани Вали Сероте допатува во Струга

Post Views: 1 Во Струга се е подготвено утревечер да отпочне 51-то издание на Струшките вечери на поезијата. На годинашниот Фестивал ќе учествуваат околу 120 поети од земјава и од странство. Годинашниот лауреат, јужноафриканскиот поет Монгани Вали Сероте, веќе е во Струга, рече претседателот на Управниот одбор , поетот Славе Ѓорго Димоски. Зборувајќи за поезијата на  Сероте , Ѓорго Димоски истакна дека јужноафриканскиот  поет бил и политички активист. Тој за време на апартхејдот бил изложуван на репресии и бил затворан. Неговата борба се одсликува и во неговата поезија, рече Ѓорго...

Continue reading

vakcinacija

Задолжителната вакцинација пред Уставен

Post Views: 5 Група родители ќе побараат од Уставниот суд да провери дали се во согласност со Уставот законските одредби со кои на родителите им се наложува задолжителна вакцинација на децата. Иницијативата во нивно име ќе ја поднесе Стамен Филипов, познатиот оспорувач на уставноста на многу закони пред Уставниот суд, откако родителите го побарале тоа од него. Согласно македонските закони, вакцинацијата на децата е задолжителна, а родителите кои нема да ги вакцинираат децата не можат да ги запишат на училиште и го губат правото на додаток. Родителите се загрижени од негативните ефекти...

Continue reading

ezerka

Струга во борба против педофилијата

Post Views: 2   Насилството врз децата од ден на ден е се поголемо. Оваа појава ги загрижува од НВО „Езерка“, па токму затоа од денес влегуваат во агресивна кампања, Стоп за сите злоупотреби што се случуваат врз децата. Драгица Павлеска Попеска, претседателот на Езерка, ја поздравува одлуката на Владата за контрола на интернет провајдерите и изјави дека максимално ќе се вложат во борба против ова зло. „Сакаме да ги надминиме сите стереотипи, предрасуди и тредиции, со посебен осврт да апелираме кон сите родители, бабите, дедовците и сите оние кои што познаваат како се работи на интернет...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top