Post Views: 5
Некои од струшките и охридски автопатишта ќе бидат дел од таканаречената Западна концесија. За неа се заинтересирани 7 врвни светски компании кои работат во оваа област. Од нив две веќе се квалификувале за понатамошната постапка. Според првичните проценки, во изградба на патните правци од двата пакета идниот инвеститор треба да вложи околу милијарда евра.И струшките и охридските автопатишта ќе бидат предмет на концесија. Патиштата ќе бидат под концесија 35 години, а концесионерите ќе имаат осум години за нивна изградба. Станува збор за давање под концесија на патните...
Post Views: 1
Туристичката агенција „Глобус травел“ е дел од проектот за самовработување поддржан од владата и UNDP. Сопственичка на агенцијата е Елена Лотеска Наумоска која започнува сопствен бизнис во туристичката сфера.„4 години работам во туризмот, имам контакти и сум во таа бранша вели Лотеска Наумоска. Сметам колку и да има туристички агенции нивниот број е мал бидејќи имаме добри атрибути за да го развиеме туризмот на максимално ниво, да не е само во лето туку преку цела година,“ објаснува таа. На гостите кои ќе доаѓаат во Македонија преку Глобус травел ќе им бидат презентирани...
Post Views: 2
На денешната кводарителска акција, реализирана на иницијатива на О.У. „Св.Климент Охридски“ а со помош на О.О. на „Црвениот Крст“ од Охрид, најмладите од ова основно училиште се „заразија“ со вирусот на хуманоста. На акцијата беа собрани 38 единици на крв кои ќе бидат искористени за потребите на пациентите во Општата болница .Директорката на училиштето Славица Илиќ кажа дека оваа година во чест на патрониот празник, одлучиле програмата да биде малку поразлична.
„Освен што традиционално имаме свечени приредби, одлучивме годинава да ја покажеме нашата хуманост со организирање...
Post Views: 3
Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ најостро реагира против сензационалистичкото и стигматизирачко пренесување на информациите поврзани со последните податоци за состојбата со ХИВ/СИДА во Македонија објавени во дел од медиумски простор. Сензационалистичкиот пристап во пренесувањето на информациите беше евидентен во фактот што голем дел од медиумите ширењето на ХИВ вирусот и СИДА го доведоа во непосредна врска со хомосексуалноста, односно лицата со поинаква сексуална ориентација и идентитет вели Славчо Димитров од Коалицијата за...
Post Views: 2
Уставниот суд започна процедура за преиспитување на Законот за просторно планирање, со кој локални комисии на барање на инвеститори, многу лесно добиваа маркици за зголемување на катноста на веќе постоечки објекти.
Советничката Верица Хајба на седница на Совет во месец септември предвиде или пак само им искоби на инвеститорите – се замрзнаа членските одредби врз основа на кои инвеститорите добиваа дозвола за градба по локална планска документација.
Токму тоа, постапките за локалните плански докумнетации Уставниот суд вчера времено ги стопира и такви ќе останат најверојатно...
Post Views: 1
Неофицијално, ТВМ дознава дека добитник на највисоката општинска награда Св. Климент Охридски годинава оди во рацетe на Здруженито за целосна афирмација на македонската православна црква „Богојавление“. Ова здружение заслужно за возобнување на манифестацијата „Водици“, иако постои само 7 години, за Комисијата ги исполнува сите критериуми за да биде добитик на највисокото општинско признание.
Кои се годинешните добитници на Св Климентовата награда и дали ќе биде една или и годинава ќе се дели, но и кои се добитници на Св Климентовите повелби, ќе биде соопштено на денешната...
Post Views: 7
1 декември, Светски ден за борба против СИДА. Благодарение на ОО на Црвениот крст и во Охрид се спроведоа низа активности за подигање на свеста кај населението за ова вирусно заболување. Активностите во црвениот крст започнаа во раните утрински часови. За средношколците од Општинското средно училиште Св Климент Охридски се одржаа три работилници. Претседателот на ОО на Црвениот крст Сашо Точков вели дека Едукацијата од волонтери на Црвениот крст, на нивни врсници ќе продолжи и во сленава недела.
Невладината акција „Опција Охрид“ подолг период спроведуваат теренско...
Post Views: 1
Суперкомпјутер за секој студент. Изманативе 4 месеци на Универзитетот за информатички науки и технологии се создаваше првиот македонски суперкомпјутер. Овој компјутер е дизајниран од младите докторанти Драги Кимовски и Атанас Христов, со помош на студентите од Универзитетот. „Овој компјутер е создаден за паралелно процесирање“, вели асистентот по информатички науки Драги Кимовски и додава „Се обидовме да создадеме систем со многу малку средства, кој во иднина ќе се користи да развиеме кадри и да фатиме чекор со трендовите во светот“.
Кимовски појаснува дека компјутерот...
Post Views: 3
Предлог одлуките за утврдување на нацрт дуповите кои се однесуваат за опфатите „Табана“ и „Кеј“ познат како Ривиера, не стигнаа пред советниците. Иако, спред зборовите на началникот на Секторот за урбанизам и просторно планирање, Бранко Арнаудов, предложените Нацрт ДУП-ови се со помал процент на изграденост во споредба со веќе постоечките ДУП-ови за овие опфати, и дека се добри за урбаниот имиџ на градот, градоначалникот Петрески пред усвојување на дневниот ред истите ги повлече. Наследниците на ова земјиште одлуката на градоначалникот ја проследија со разочарување....
Post Views: 8
Предлог одлуката за усвојување на првиот извештај за работа од формирањето на ЈП „Нискоградба Охрид“, на дваесет и седмата седница помина со повеќе забелешки. Советничката од ВМРО – ДПМНЕ, Јованка Дамоска рече дека се потврдиле нивните укажувања дека новото ЈП е уште една црна точка, исто како Јавните претпријатија кои веќе дејствуваат на подрачјето на општина Охрид. Таа нагласи дека извештајот, каде 90% за првото тромесечје отпаѓа на трошоци за вработени, е само уште еден доказ зошто е отворено ова претпријатие – за партиски вработувања.
Ахмет Патељ, рече дека...
Post Views: 3
Нацрт-деталните урбанистички планови за дел од строгиот центар на Охрид ќе се најдат пред советниците на утрешната седница. Локалната ќе се обиде да протурка 5 точки за нацрт-детални урбанистички планови, кои веќе на хартија се дел од Дневниот ред за утрешната седница. Ова за ТВМ го најави претседателот на Советот Јаковчевски, а го потврди градоначалникот Петрески
Посебно внимание од овие нацрт детални урбанистички планови привлекуваат два, посветени на атрактивни локации во централното градско подрачје.
Првиот предлог план се однесува на комплексите Табана и Летница,...
Post Views: 3
Во 21-от век, а секојдневно кал или прашина пред нашите домови. Со овие зборови жителите кои живеат на улицата „Анастасија Узунова“ лоцирана во централното градско јадро, се обратија за помош до нашата телевизија. Тие велат дека веќе неколку пати се обратиле и до Локалната за помош, но оттаму само со ветувања за скоро решение на проблемот. Инаку, пред извесен период на оваа улица беа изврешени зафати на канализационата мрежа, па сега состојбата е во целост неподнослива, додаваат жителите. Се обративме до Одделението за комунален развој и сообраќај, од каде не информираа...