Ознака: кои

dragana bocevska

Култура на високи потпетици

Post Views: 16 Драгана Боцеска уште четири години ќе директорува со Националната установа Центар за култура Григор Прличев. Вака одлучила министерката за култура откако ги разгледала апликациите и на двајцата останати кандидати кои го посакувале ова престижно директорско место. Канчевска-Милеска по втор пат и дава доверба на Боцеска. Ова е првата година од нејзиниот втор мандат. Боцеска кажува дека продолжува да работи со полна пареа објаснувајќи дека на повидок е реализација на голем број проекти. Министерството за култура од својот буџет издвоило околу 4 мил денари за проекти од...

Continue reading

logo

Наскоро „Охрид ОПЕН 2012“

Post Views: 2 За прв пат во Македонија и Охрид меѓународен отворен Taekwon-Do ITF турнир „Охрид ОПЕН 2012“. Турнирот оваа година ќе го доживее своето прво издание, а се одржува по највисоки светски стандарди. Исто така овој турнир ќе биде дел од светскиот годишен календар на Интернациналната Taekwon-Do Федерација. Ова е особен успех за македонската Taekwon-Do Федерација, а целта е само една, објаснува Саша Попоски првиот човек на федерацијата. „Работиме, да дојдат квалитетни натпреварувачи, затоа што во интерес ни е теквондото во Македонија да го издигнеме на едно високо ниво“ вели...

Continue reading

vasilj

Офталмологијата во Охрид, напредува

Post Views: 11 Првата операција во Македонија на катаракта со ултра звук е изведена врз охриѓанка. Тоа го направи стружанецот Др Наум Трпеноски, офталмолог, вработен во јавното здравство во Скопје. Тој воедно е и првиот офталмолог кој успешно изведе операција на катаракта врз пациент кој има Даунов синдром.Трпеноски вели дека, „Тоа се пациенти кои често неможат да ја издржат општата анестезија а бидејќи имаат некои срцеви малформации и малформации во органите за дишење и тешко е на нив човек да се одлучи да даде анестезија. Се работеше за девојка со катаракта на двете очи наша пара...

Continue reading

galicica

Се за „Галичица“

Post Views: 2 Отворени двата информативни центри на НП „Галичица“, во Охрид и Стење. Почесни гости на отварањето беа основците од ОУ. „Григор Прличев“ и ОУ „Братство Единство“,  кои денес го одржаа првиот час по биологија, запознавање со вредностите на НП „Галичица“. Учениците задоволни и ова е новина за нив.„Искрено позитивно сум изненадена од овој музеј се беше во најдобар ред и имавме можност да се запознаеме со многу работи коишто претходно не сме се запознале посебно со убавините на Галичица, вели ученичката Марија. Нејзината другарка  Сара Зафироска вели дека центарот е добро...

Continue reading

pazar

Која е вистината

Post Views: 0 Старомодни тезги, лоши услови за работа, несоодвни хигиенски услови, најлони и ламарини наместо кров. Така изгледа охридскиот градски пазар. И покрај ветувањата од Градоначалникот дадени уште во неговиот прв мандат, Охрид нема современ пазар Само да потсетиме пазарот требаше да биде на три ката. На едниот беше предвидено да се продава зеленчук и овошје, на вториот млечни производи, а на третиот требаше да има ресторан. За тоа што досега не е реализиран овој проект единствен виновник е ВМРО ДПМНЕ, тврди Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески. Тој вели дека не...

Continue reading

kolektor

Во Охрид слабо се користи сончевата енергија

Post Views: 11 Сончевата енергија и покрај својата неспорна исплатливост, во Охрид слабо се користи. Благоја Тодоровски, приватен станоиздавач од Охрид е еден од ретките во градов, кој го почуствувал бенефитот од користењето на овој алтернативен извор на енергија. Тој објаснува дека проблемот со топла вода во секое време, сега го нема, а трошоците за енергија се намалиле дури за 80%. Инвестицијата од околу 1000 евра на Тодоровски брзо му се вратила. „Па мислам дека за 2-3 години оваа инвестиција се враќа. За нашиве потреби за овие соби кои ги имам за издавање мислам дека е сосем доволно,...

Continue reading

графити

Пронајдени лицата кои напишаа навредливи графити

Post Views: 1 Секторот за внатрешни работи Охрид, ги пронајде лицата кои, на 24-ти минатиот месец, на повеќе објекти во градот, извршија оштетувања и испишување на  графити и пароли со погрдни и навредливи зборови. По преземените оперативни мерки, СВР Охрид, како сторители на вандалските чинови, ja посочи три члената група помлади малолетници Х.Т.(16) А.П.(16) и В.Д.(17) сите од Охрид. Согласно законот за малолетничка правда, СВР Охрид, до Основното јавно обвинителство и до меѓуопштинскиот центар за социјални работи Охрид, испрати известување,  според кое, А.П.(16) и В.Д.(17, се директни...

Continue reading

сонце

Упевче автор на мозаикот „Сонце“

Post Views: 6 Мозаикот како симбол на животот и вечноста, топлина и светлина ќе ги грее срцата на децата со инвалидитет без родители во Белград. Оваа порака ја носи новиот мозаик изработен од вредните раце на академски сликар, конзерватор и реставратор. Со посветеност и упорност Никола Упевче рачно обработил над 10.000 минијатурни камчиња, црн гранит и златен оникс, а за тоа му биле потребни три месеци ефективна работа. „Станува збор за класична техника на редење на камчиња каде што е употребен каменот оникс кој е многу мек, ронлив и нежен, и гранит во црна боја, многу цврст и груб,...

Continue reading

Biljanini izvori

Закон за Билјанини извори и Студенчишко блато

Post Views: 8 Билјанини извори со закон ќе бидат прогласени за споменик на природата. Со друг закон пак, ќе се овозможи целосна заштита на Студенчишкото блато во постојните граници. Барем навидум конструктивна средба се одржа помеѓу претставниците на риболовното друштво Свети Апостол Петар, Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското езеро и пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. „Тоа е законска рамка која што ќе ни овозоможи и да го заштитиме Охридското езеро и неговите вредности, и да го одбраниме од нападите и секако да го туристички валоризираме во...

Continue reading

Boris Lusev

Охридските основци – добри математичари

Post Views: 2 На регионалниот натпревар по математика кој се одржа викендов во универзитетот за информатички технологии, основците  од деветте  училишта од регионов покажаа фантастични резултати. Дел од натпреварувачите проговорија за тоа како и колку се подготвувале за натпреварот. „Имав 100 бодови. Се спремавме заедно со наставничката и со уште неколку другарки околу еден месец.  Вежбавме цело време и можам да кажам дека иако задачите беа тешки ние успеавме да ги решиме затоа што имавме слични решавано и успеавме да се снајдеме“, вели ученичката од ООУ Григор Прличев, Анастасија...

Continue reading

sertifikat turizam

Заврши обуката, време е за резултатите!

Post Views: 1 Поминаа десетте дена обука за развој на руралниот туризам. Резултат-37 тренери добија сертификати како сведоштво на искуствата стекнати во текот на обуката. Проектот „Развој на руралниот туризам“ им овозможи на учесниците од Охрид, Струга, Битола како и гостите од Албанија да се стекнат со подлабоки познавања на сите аспекти на овој специфичен вид на туризам. „Со нашите патувања на терен во неколку села од Охридско-струшкиот регион, како и вчера го посетивме Вевчани, навистина на терен можевме да слушнеме и од претприемачите кои веќе работат со кои проблеми се соочуваат.“„Се...

Continue reading

aerodrom Ohrid

Нови чартер линии кон Охрид

Post Views: 5 Дали конечно од листата проблеми поради кои трпи туризмот ќе го прешкртаме недостатокот од директни чартер летови. Се зголемува раздвиженоста на охридскиот аеродром Св. Апостол Павле. Воведени неколку нови чартер линии преку кои туристите побрзо и поевтино ќе стигнат на одмор во Охрид. Српската авиокомпанија „ЈАТ ервејз“воведе летен возен ред, во чии рамки ќе биде воспоставена и линијата Белград – Охрид – Белград. Од овој месец од скопскиот и од охридскиот аеродром ќе летаат нови нискобуџетни авиокомпании кон Брисел и кон Амстердам. Летово благодарение на...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top