Во Охрид слабо се користи сончевата енергија

Оние пак кои го користат овој извор на енергија, велат дека наизглед големата инвестиција многу брзо се враќа.

 |  Голабовски Крсте  | 
kolektor
колектор

Сончевата енергија и покрај својата неспорна исплатливост, во Охрид слабо се користи. Благоја Тодоровски, приватен станоиздавач од Охрид е еден од ретките во градов, кој го почуствувал бенефитот од користењето на овој алтернативен извор на
енергија. Тој објаснува дека проблемот со топла вода во секое време, сега го нема, а трошоците за енергија се намалиле дури за 80%. Инвестицијата од околу 1000 евра на Тодоровски брзо му се вратила.

kolektor„Па мислам дека за 2-3 години оваа инвестиција се враќа. За нашиве потреби за овие соби кои ги имам за издавање мислам дека е сосем доволно, системот функционира одлично. И во зимскиот период имаме топла вода над 40’c“, објаснува Тодоровски.

Тодоровски не е единствениот пример за стопанственик кој го користи овој вид енергија. Срамежливо од година во година, интересот за користење на сончевата енергија и во Охрид се зголемува. Покрај вртоглавиот раст на цените на енергенсите и владата веќе прави се поголеми напори за популаризација на користењето на овој вид енергија. Министерството за економија информира дека ќе надоместува по 300 евра од трошоците на секое семејство, за вграден сончев колектор, а ДДВ-то за нив го намали дури на 5%. Благоја Ефтимов, стопанственик кој има долгогодишно искуство во поставување на сончеви колекторски системи, вели дека добра солуција за амортизација на големата инвестиција кај оние кои би се одлучиле за овој вид енергија, би била воведување на кредитни линии од страна на банките.

Blagoja Eftimov„Кредитна линија би било, кога тоа банките би го подржавале со релативно ниски камати, затоа што ако се отплаќа со краткорочен кредит од 3-4 години, се покрива кредитот со заштедата на енергијата“ вели Ефтимов.

Овие колекторски ситеми, имаат трајност до 20 години, а инвестицијата за нив се враќа само за 3-4 години, објаснува Ефтимов. Семејствата кои ги користат велат дека топла вода имаат за време на целата година, а голем број од нив истата ја користат и за греење на своите домови. Речиси 2.500 семејства во Македонија имаат инсталирано сончеви колектори, каде само еден сончев панел, годишно им заштедува и по 10.000 денари.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top