Пронајдени лицата кои напишаа навредливи графити

Секторот за внатрешни работи Охрид, ги пронајде лицата кои, на 24-ти минатиот месец, на повеќе објекти во градот, извршија оштетувања и испишување на  графити и пароли со погрдни и навредливи зборови.

 |   | 
графити
графити

Секторот за внатрешни работи Охрид, ги пронајде лицата кои, на 24-ти минатиот месец, на повеќе објекти во градот, извршија оштетувања и испишување на  графити и пароли со погрдни и навредливи зборови.

По преземените оперативни мерки, СВР Охрид, како сторители на вандалските чинови, ja посочи три члената група помлади малолетници Х.Т.(16) А.П.(16) и В.Д.(17) сите од Охрид. Согласно законот за малолетничка правда, СВР Охрид, до Основното јавно обвинителство и до меѓуопштинскиот центар за социјални работи Охрид, испрати известување,  според кое, А.П.(16) и В.Д.(17, се директни извршители на испишувањето на паролите со националистичка содржина и графити со кукасти крстови како и со други  навредливи зборови.

Со судска наредба, СВР Охрид, изврши претрес во домовите на тројцата помлади малолетници, при што, во нивните персонални компјутери,  пронајдени се материјали со навредливи содржини, а пронајдена е  облеката, која ја носеле критичниот ден на сторување на кривично-правниот настан.

Тројцата помлади малолетници, повикани се на разговор во СВР Охрид, кој, се одвиваше во присуство на нивните родители, бранител за малолетници како и работник од центарот за социјални работи. Притоа, констатирано е дека, на 24-ти Март оваа година, по претходен договор, малолетниците купиле спреј со црна боја, по што ги лоцирале објектите за испишување на графитите. Делото го направиле во времето од 00 до 02 часот.

Тројцата помлади малолетници, со оваа идеологија, се запознале на Фејсбук и на други веб страници на Интернет мрежата.    

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top