Ознака: кои

neckoski

Охридските либерали се враќаат на политичката сцена

Post Views: 6   Ќе се реактивира Општинската организација на ЛП. После речиси четиригодишна пауза охридските либерали се враќаат на политичката сцена. Поранешниот претседател Љупчо Нечковски вели дека тоа се прави на барање на некогашните членови и симпатизери кои ги има околу 300, но и на барање на централата која сега има ново раководство. Секако објаснува Нечковски ќе треба интензивна работа за да се направат сите формалности околу возобновувањето на партијата за таа да може да почне да функционира со полна пареа до локалните избори кои треба да се случат на пролет. Инаку либералната...

Continue reading

Cyprien Katsaris

Сипријан Кацарис на „Охридско лето“

Post Views: 6   Овој кипарско-француски пијанист, за прв пат на „Охридско лето“ настапил во 2007-та година. Кацарис не го криеше своето воодушевување, што настапува во простор како што е црквата Св.Софија, бидејќи на својот роден Кипар, тоа едноставно не било возможно. Тој додава дека да се настапува во ваков монументален објект, за него претставува вистинско доживување. „Акустиката е неверојатна, јас секогаш го правам ова пред да започнам со изведбата, и гледам дека постои природна акустика. А знам што зборувам кога говорам за фестивалите, бидејќи триесет години бев уметнички директор...

Continue reading

odbojka na plaza

Сите на одбојка на плажа!

Post Views: 45 После една година пауза, од утре па се до 29 јули, по шести пат, турнир во одбојка на плажа. Местото е познато, како и во изминатите години тоа е плажата Бафало каде натреварувачите се поделени во четири категории и тоа: Компании, аматери, јуниори и професионалци. Први ќе го скршат мразот екипите од  компаниите, а доколку и вие сакате да учествувате, пријавувањето и натаму трае. „Секоја година правилото е дека ќе дојде некој сабајле и ќе каже и ние сакаме да играме, така да генерално очекуваме некоја груба бројка од 200 екипи во сите категории. Значи први се компаниите,...

Continue reading

ldp pres

ЛДП Охрид со предлог: Фонд за подршка на младите таленти

Post Views: 5 Изминатава година Охрид особено се истакнува со бројот на млади талентирани деца во најразлични области кои постигнуваат големи успеси. Од научници, одлични стрелачи, кајакари, велосипедисти преку талентирани пејачи и млади уметници. Ова го забележаа од О.О на ЛДП од Охрид кои на прес конференција јавно им се заблагодарија и им изразија подршка на сите млади таленти кои се закитија со награди и кои одлично го промовираа Охрид. Но искажаа и доза на загриженост. „ЛДП сака да ја поздрави големата ангажираност на младите во невладините организации и волонтерска работа. Истовремено...

Continue reading

sobi

Борбата за летна заработка не се менува

Post Views: 8   Борбата за заработка од летната туристичката сезона не се менува  и оваа сезона.  Нема крај на добро познатите начини на заработка. Сликата е иста, само  се менуваат актерите.  Туристите кои доаѓаат со сопствен превоз на северниот влез во градот и годинава се дочекувани со натписи на кои луѓето ги рекламираат своите сместувачки капацитети. Реакција има и од  приватните станоиздавачи кои се уредно пријавени и кои плаќаат давачки кон институциите. Засегнатите легални станоиздавачи кои се некаде околу 2000 на број,  повторно им укажале на надлежните институции што ги...

Continue reading

Pitacka opera

„Питачката опера“ на Охридско лето

Post Views: 3 Станува збор за дело кое е напишано кон крајот на минатиот век и многумина повеќе ја познаваат „Питачката опера“ како култно дело на Бертолд Брехт. Директорот на Албанскиот театар од Скопје, Адем Карага вели дека тематиката на оваа тетарска претстава донесе работи кои публиката секојдневно ги доживува, а кои ги со себе ги носи транизицијата која сеуште трае. Тој заедно со босанскиот режисер Дино Мустафиќ, цела година работеле на претставата, која не било воопшто лесно да се донесе пред публиката. „За нас е исклучителна чест да донесеме еден ваков нов вид претстава, нов...

Continue reading

ezero

“Соларни бродови и чамци по Македонските Езера”

Post Views: 2 Брод кој ќе плови на солана енергија. Ова засега е само идеја ставена на хартија, но многу брзо може да стане реалност. Горан Ангелковиќ кој долги годни се занимава со иноваторство и проектирање, а е голем вљубеник во бродовте дошол на идеа да создаде брод кој ќе работи на соларен електричен погон. Тој изработил проект во кој е објаснето како бродот би требало да изгледа . Бродот е многу едноставен, а сигурен и траен и многу евтин за одржување.  Со ваквите бродови и чамци бенфитот ќе е повеќекратен. Од една страна ќе имаме еколошка заштита на езерата во Македонија, а...

Continue reading

zajdisonce

„На Зајдисонце “ќе ја промовира Трпејца

Post Views: 4 Со музички случувања, изложби, промоции на книги и спортски активности ќе се промовира  неповторливата  туристичка населба Трпејца. Здружението на граѓани „Со љубов за Трпејца“  се зафати со организација на бројни културни активности за да  ја направи  населбата попривлечна за луѓето кои потекнуваат од тука, но и за сите нејзини вљубеници.  Преку манифестацијата  „На Зајдисонце“  ќе се даде поголема живост на неповторливо, убавото езерско место, вели Милчо Јованоски, портпарол на здружението. Идејата се роди спонтано од луѓе кои потекнуваат од Трпејца, нагласува Јованоски.„Ние...

Continue reading

lokalna

Локална: ВМРО- ДПМНЕ и натаму го дефокусира вниманието на јавноста со дебата за паркизите

Post Views: 2 Од локалната самоуправа со реакција на денешната прес конференција на ОК на ВМРО-ДПМНЕ. Општинскиот комитет на ВМРО- ДПМНЕ и натаму го дефокусира вниманието на јавноста со дебата за паркизите , а ни збор да изустат за растечката сиромаштија на македонските граѓани. Зборуваат за цените на паркинзите во централното градско подрачје, а не за секојдневните поскапувања , кои се во надлежност на нивната централна власт. Постојано му  објаснуваме на ВМРО- ДПМНЕ  дека во централното градско подрачје под концесија се издадени 300 паркинг места за кои се наплаќа , а на градскиот...

Continue reading

star del

Архитектите се размрдаа

Post Views: 3 Архитектите се размрдаа па преку стручни дискусии ќе дадат свои  видувања за актуелните состојби во архитектурата. Со стручни дебати ќе го дефинираат сегашниот културно- креативен идентитет преку освртот на обичната и стручната јавност,  но и на  студентите. Заедно ќе извлечат  заклучоци колку  субјектите  се пронаѓаат  во архитектонските феномени за кои се зборува денес, колку знаат за едукацијата, заштитата и приемната на креативните индустрии. Само преку едукацијата на младите архитекти може да делуваме врз општествениот амбиент, тврди Проф д-р Кокан Грчев, од факултет...

Continue reading

plaosnik

Што ако ве фати зорт на Плаошник?

Post Views: 13 На локалитетот Плаошник нема чешма ниту јавен тоалет. Гостите кои во голем број секојдневно го посетуваат ова место за голтка вода треба да молат во околните куќи или во блиското кафуле, а недај боже ако имаат некаква друга физиолошка потреба ќе мора да се стрпат или да одат зад грмушки. Посетителите велат дека вакво нешто е незамисливо. Овој археолошки локалитет без исклучок е најпосетуваниот во Охрид. Ако се претпостави дека само во лето градов го посетуваат околу 25 000 туристи на Плаошник одат околу 20 000 од нив. Да не зборуваме за тоа пак дека овај локалитет е...

Continue reading

маратон

Охридскиот пливачки маратон сепак ќе се одржи

Post Views: 4 Добива разрешница дилемата дали  ќе се одржи  Охридскиот пливачки маратон. Директорот на агенцијата за млади и спорт, Лазар  Попоски  најави  дека сепак нема да се прекине 58 годишната традиција на најголемиот меѓунроден спортски настан. Попоски признава дека има финсиски проблеми и средствата за  одржување на маратонот се големи и не е лесно да се обезбедат, но се прават напори ситуацијата да се надмине.„Се знае со поголеми средства ќе се направи  повеќе.  Многу често финансиската поддршка зависи што е останато од претходно. Ако се работело домаќински и транспарентно...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top