• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Локална: ВМРО- ДПМНЕ и натаму го дефокусира вниманието на јавноста со дебата за паркизите

Локална: ВМРО- ДПМНЕ и натаму го дефокусира вниманието на јавноста со дебата за паркизите

Од локалната самоуправа со реакција на денешната прес конференција на ОК на ВМРО-ДПМНЕ. Во дел од неа се вели:Зборуваат за цените на паркинзите во централното градско подрачје, а не за секојдневните поскапувања , кои се во надлежност на нивната централна власт.

 |   | 
lokalna
lokalna

Од локалната самоуправа со реакција на денешната прес конференција на ОК на ВМРО-ДПМНЕ.

opstinaОпштинскиот комитет на ВМРО- ДПМНЕ и натаму го дефокусира вниманието на јавноста со дебата за паркизите , а ни збор да изустат за растечката сиромаштија на македонските граѓани. Зборуваат за цените на паркинзите во централното градско подрачје, а не за секојдневните поскапувања , кои се во надлежност на нивната централна власт.

Постојано му  објаснуваме на ВМРО- ДПМНЕ  дека во централното градско подрачје под концесија се издадени 300 паркинг места за кои се наплаќа , а на градскиот полигон, кој е на стотина метри од кејот, има над 700 бесплатни паркинг места. Овие факти се доволни  за да се заклучи , дека со секојдневните напади на ОК на ВМРО- ДПМНЕ , врз градоначалникот Петрески и Локалната самоуправа , се лажење и манипулирање со јавноста за ситно политички цели.

Јавноста од ВМРО- ДПМНЕ очекува одговори на многу отворени прашања за нивното катастрофално владеење и штетата што ја трпат охриѓани , која е далеку поголема од онаа со паркинзите. Граѓаните постојано прашуваат зошто не се градат автопатите од Гостивар до Охрид и од Косел до Свети Наум, зошто три години Охрид е без општа болница , зошто ги затворија фабриките и  зошто централната власт на чело со ВМРО- ДПМНЕ со измислени дебати за паркинзи и навредливи реклами , платени со народни пари , сака да го уништи охридскиот туризам од кој живеат илјадници семејства.

Граѓаните постојано прашуваат но не добиваат одговори од ВМРО- ДПМНЕ. Секојдневно, наместо одговори добиваат исконструирани лаги и празни ветувања дека утре подобро ќе се живее. Ветуваат дека откако ќе ја изпразнат државната каса  за градење скапи споменици , ќе се посветат на економијата и ќе ни ја подобрат живеачката.  За жал тоа му го прават на сопствениот народ , убедени дека ќе го добијат нивниот глас.

Народот, кој сеуште молчи под стегите на вашата диктатура , памети и знае да казнува. Ние нема да се симнуваме на ниското ниво на политичка комуникација барајќи кој е Минхаузен , но за секој случај ви препорачуваме  таквите да ги побарате во редовите на централната власт предводена од вашата партија ВМРО- ДПМНЕ. За скоро, бидете убедени , дека граѓаните , кои секојдневно ги лажете , ќе одлучи кој ќе биде испратен во најцрната страница од историјата на Охрид. – стои во реакцијата од Кабинетот на градоначалникот Александар Петрески  .

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top